You are on page 1of 12

Винстон Черчил

Вовед

 На 10 мај 1940 година, истиот ден кога германските војници ја нападнале


Холандија,Винстон Черчил станал премиер на Велика Британија.
 Одлучноста, љубовта кон борбата и истрајноста биле негови главни
карактеристики.
 Многу луѓе биле инспирирани од неговиот глас и говори.
 Луѓето сеуште го сметаат за победник на слободата, бранител на слободниот
Запад, најголемиот лидер што Велика Британија некогаш го имала.
ДЕТСТВО
 Винстон Леонард Спенсер Черчил е роден на 30 ноември 1874 година во
палатата Бленхеим во Оксфордшир, каде што го поминал своето детство.
 Таткото на Винстон, лордот Рендолф Черчил, бил министер за финансии, а
неговата мајка, Џени Џером, била ќерка на американски милионер.
Образование и воени мисии
 Черчил завршил воена академија, а за време на неговото образование се
интересирал за англиски јазик и историја.
 По воената академија служел војска и отишол во мисии на Куба и Египет, за
време на кои бил дописник за британски весници.
 Во Египет учествувал во еден од последните напади на Британската Коњаница.
 Тој ја напуштил војската во 1899 година, за да се кандидира за во парламентот
но не бил избран, по што работел како новинар.
 По избувнувањето на британско-боерската војна во Јужна Африка тој
известувал од местото на настанот, каде бил заробен, но подоцна успеал да
избега.
За време на Првата светска војна
 Во Првата светска војна Черчил зел активно учество не само како Прв Лорд
на Морнарицата, туку исто така помагал во развивањето на тенкот, кој во тоа
време се сметал за погрешно трошење на владини средства, и помагал во
развивањето на Кралската Авијација.
 Черчил ја иницирал кампањата за отворање на Дарданелскиот проток во
денешна Турција, биејќи сметал: „ќе им се помогне на Русите, ќе се отвори
јужен фронт и ќе се исфрли Отоманското Царство од војната.“
 Овој поход бил неуспешен и на Черчил му донел лоша репутација.
За време на Првата светска војна
 Како резултат на тоа бил преместен на помала функција во владата, која
подоцна ја откажал и се вклучил во армијата како командант на Британски
пешадиски батаљон во Франција.
 По реконструкцијата на владата во 1917, Черчил бил повикан во неа како
Министер за муниција, а по 1918 и во Канцеларијата за одбрана и во
Канцеларијата за Колонии.
За време на Втората светска војна

 Непосредно пред Втората светска војна, Черчил бил повторно повикан во


Владата како Прв Лорд на Морнарицата, а по избувнувањето на војната бил
повикан да го заземе местото Премиер во коалиционата влада од сите
партии во Британија.
 Тој тогаш го изјавил познатиот говор „не можам да понудам ништо друго
освен крв, умор, солзи и пот”.
 За време на војната Черчил го одбил барањето на Франција за воена помош,
при навлегувањето на Нацистите, заради тоа што сметал дека на Британија и
се потребни сите воени сили заради нејзина одбрана.
За време на Втората светска војна
 Черчил, иако противник на комунизмот, со радост го примил влегувањето
на Советскиот Сојуз во војната како моќен сојузник против нацистите.
По војната
 По Германската капитулација, во 1945 се одржиле избори во Британија, на
кои Черчил, кандидиран како конзервативец, и покрај неговата огромна
улога во светот воопшто, не ја добил довербата од гласачите и во наредните
години ја предводел опозицијата, а изборите ги добиле лабуристите.
 Во 1951 година, конзервативците повторно се вратиле на власт, со политики
на антикомунизам, а Черчил повторно станал премиер.
 Во 1953 година Черчил станал витез и ја добил Нобеловата награда за
литература. 
По војната
 Во 1955 година, се повлекол од функцијата премиер.
 Во 1963 година Џон Кенеди го прогласил Черчил за првиот почесен
граѓанин на САД.
 Черчил починал на 90 годишна возраст, на 24-ти јануари 1965 година и бил
закопан близу до местото каде што е роден.
Творештво
 Черчил е творец на многу статии и книги.
 Тој ја напишал биографијата на неговиот татко „Животот на Лорд Рудолф
Черчил” и биографијата на неговиот предок „Неговиот живот и време” и
неколку дела кои воглавно се негови автобиографии, со кои се промовирал
во раните години.
 Неговите најдобри дела се историските книги:
 „ Првата светска војна”,
 „ Втората светска војна”, за која добил Нобелова награда, и
 „ Историјата на народите кои зборуваат англиски”.
Ви благодарам на вниманието!!!

You might also like