You are on page 1of 10

ФАШИЗАМ И

НАЦИОНАЛСОЦИЈАЛИЗАМ

Историја за I година средно стручно образование


124 страна

М-р Крсте Стамаџиев


Професор по историја
ПОЈАВА НА ФАШИЗМОТ
 По завршувањето на Првата Светска војна, некои земји се
со цел да ги зачуваат своите економски и политички
интереси, ја напуштиле демократијата и
парламентаризмот и го прифатиле фашизмот, како
најгруб вид на тоталитаризам.
 Фашистичката идеологија ширела национална омраза и
расизам и се служела со празни ветувања дека ќе ги
реши проблемите во општеството.
 Фашизмот најпрво се појавил во Италија а потоа и во
Австрија, Шпанија, Португалија, Романија, Унгарија, а
најголем израз имал во Германија и Јапонија.
ПОЈАВА НА ФАШИЗМОТ ВО ИТАЛИЈА
 Италија, незадоволна од Париските мировни договори, го
вовела фашизмот на чело со Бенито Мусолини.
Мусолини го извел т.н. Марш на Рим и ја презел власта.
Кралот Емануел III ја предал власта на Мусолини, и така
тој станал дуче ( водач) на народот.
 Мусолини создал фашистички одреди (црни кошули),
тајна полиција, а ги забранил и работничките партии и
здруженија.
 Идејата на Мусолини била да ја претвори Италија во
империја и да го претвори Средоземното море во
Италијанско море.
Бенито Мусолини Емануел III
НАЦИЗМОТ ВО ГЕРМАНИЈА
 По првата Светска војна, Германија влегла во тешка
политичка и економска криза. Во такви услови во
1919 година во Минхен се создала Национал-
социјалистичката партија (нацистичката) на чело
со Адолф Хитлер.
 Оваа партија на парламентарните избори во 1932
година, добила најмногу пратенички места во
Рајстагот ( парламентот).
 Во 1933 година Хитлер го распуштил парламентот и
ги укинал сите политички партии, освен
нацистичката, и се прогласил за фирер (водач) на
германскиот народ. Адолф Хитлер
 Главни карактериски на нацизмот биле: национализам, расизам,
антисемитизам, антикомунизам и експанзионизам.
 По доаѓањето на власт, главна политика на фашистите бил антисемитизмот, па
затоа ги донеле и т.н. Нирнбершки закони со кои евреите биле прогласени за
непријатели на народот.
 Според расистичката теорија германската раса била супериорна и таа
требала да владее со светот, а наводно инфериорните раси како што се
евреите, словените, ромите, да бидат ликвидирани или претворени во
робови.
 Со антикомунистичката политика во Германија се настојувало да се забрани
секаква комунистичка активност, која била најголема опасност за нацистите.
 Значајна карактеристика е и експанзионизмот и од таа причина Хитлер откако
ја зел власта, веднаш почнал да води активна политика за ревизија на
Париските мировни договори.
ПРВИТЕ АГРЕСИИ НА ФАШИСТИЧКИТЕ ДРЖАВИ

 Првата држава што тргнала во агресивна надворешна политика била


Италија. Таа во 1923 година го анектирала југословенскиот град
Риека и грчкиот остов Крф. Африканската држава Етиопија ја
претворила во своја колонија а подоцна Италија ја окупирала и
Албанија.
 Поагресивна политика водела Германија која ја присоединила
Сарската област а подоцна и Рајнската област кои по Првата Светска
војна биле присоединети на Франција. Во 1938 со т.н аншлус насилно
ја присоедини Австрија кон Германија. Со Минхеската спогодба
помеѓу Хитлер, Мусолини, Чемберлен и Даладие на Германија и
било овозможено да и се врати Судетската област населена со
германци, а подоцна започнала и со окупацијата на Чехословачка.
 Во 1936 година, Германија, Италија и Јапонија ја формирале
оската Рим-Берлин-Токио, се со цел полесно да ги реализират
нивните освојувачки намери и наметнување на новиот поредок во
светот.

 Демократските земји давале отпор против фашизмот, па на тој


начин значајна улога имал Народниот фронт, создаден по
иницијатива на Коминтерната на чело со Георги Димитров. Силен
отпор против фашистите имало и во Шпанија, каде се водела
Граѓанската војна. Во оваа војна фашистите помогнати од
Германија и Италија успеале да ги поразат републиканските
бранители во чии редови имало 35.000 доброволци од 69 земји од
целиот свет.
ДОМАШНА РАБОТА
Изработете хронолошка табела и испратете ја на
мојот facebook профил

https://www.fb.com/krste.stamadziev
ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА
ВНИМАНИЕТО
И СОРАБОТКАТА

You might also like