You are on page 1of 4

Холокауст

Зборот Холокауст претставува тежок период во времето на


втората светска војна со убивање над шест милиони
европски Евреи предводен од Адолф Хитлер. Но, во тој
период не се убивале само Евреите туку и Ромите,
Словените. Се започнало со бојкот на евреиските
продавници а завршило со гасни комори во Аушвиц. Во
јануари 1933 година по десет годишната политичка војна
Адолф Хитлер дошол на власт во Германија. Тој за време на
неговото владеење ги обвинувал евреите за последиците на
Германија после првата светска војна и големите економски
тешкотии што ги доживеала по првата светска војна.
Гермаците сметале дека Евреите биле раса која не го сакале
и почитувале германскиот народ и сакале да го уништат и да
владеат со се што има на светот. Во тој период евреите биле
многу мал народ во споредба со германскиот. Имало и Евреи
кои долг период од нивниот живот го поминале во Германија
и биле Германски Евреи кои биле германци по националност,
а евреи по религија. Се сметале за паметни и интелегентни
луѓе со успеси во многубројни професии. Меѓутоа,
германската држава водена од нацистичкиот режим со
законот од Нирнберг во 1935 година најпрвин го забрани
бракот меѓу не-Евреи и Евреи и со што Евреите беа
отстранети од училиштата како професори, им беше
забрането да обавуваат јавни професии, да служат во
војската, па дури и да седат на иста клупа во парк со не-
Евреи. Во исто време добро организираните активности на
Министерството за пропаганда на министерот Јозеф Гебелс
ги претставувало Евреите како непријатели на Германија и
германскиот народ. Секој ден по весниците се објавувале
натписи против Евреите, а ѕидовите се облепувале со
антисемитски постери. Во март 1938 година Хитлер ги
проширил границите на Германија, прогласувајќи
припојување на Австрија. И таму Евреите ги изгубиле своите
основни човекови права. Како и во Германија биле
приморувани на јавна работа со потсмев од будното
германската нацистичка младина. Повод за почеток на
холокаустот е Кристалната ноќ. Ноќта на деветти спрема
десетти ноември кога седумнаесет годишниот Хершел
Гринцпан го убил германскиот амбасадор во Париз Ернст Фон
Рат се смета за официјален почеток на холокаустот.
Користејќи ги аргументите на ова убиство нацистите го
оправдувале првиот прогон против Евреите. Истата ноќ
деведесетина Евреи биле убиени над 500 синагоги биле
запалени, а скоро сите излози по продавниците на Евреите
биле искршени. Веднаш потоа, се случи првото масовно
апсење на поголема група Евреи, околу дваесет и пет илјади
кои биле однесени во концентрациони логори. Следните
неколку недели огромни бранови на бегалци ја напуштале
Германија во обид да се спасат но наидувале на
незаинтересираност од западните земји и Америка. Таков е
примерот со бродот Св. Луис со околу илјада Евреи кои
откако биле одбиени да се укотват во Куба и САД биле
приморани да се вратат назад во Германија. Хитлер ја
започнал својата војна на први септември 1939 година со
напад на Германија врз Полска- земја која била дом на околу
три милиони Евреи. Била забранета секаква комуникација на
Евреите од гетата со останатиот дел од светот. Илјадници
умреле бавно од глад и болести. Наскоро гетата потпаднале
под администрација на Хајнрих Химлер водачот на
нацистичките СС сили, Хитлеровата најлојална организација,
составена млади Германци од чиста раса. Пролетта 1940
година, Химлер наредил градење на концентрационен логор
близу полскиот град Освик преименуван од нацистите во
Аушвиц со намера да се изолираат полските затвореници и
да се обезбеди бесплатна принудна работа. Во меѓувреме,
Хитлер ја продолжил својата инвазија врз Европа,
поразувајќи ги Белгија, Холандија, Луксембург и Франција,
ставајќи огромен број на Евреи под контрола. Наредната
1941 година, претставувала критична точка во Втората
светска војна. Во јуни, Хитлер, и покрај договорот со Сталин,
го напаѓа Советскиот Сојуз. Во Советскиот Сојуз во тој
период, живееле околу 3 милиони Евреи мнозинството по
изолирани еврејски села наречени Штетли. Биле пуштени
четири едници на СС силите кои помогнати од локални
етнички Германци и антисемитисти систематски ги убивале
жителите и ги палеле селата. Летото 1941 СС водачот
Хајнрих Химлер го повикал новоназначениот командант на
Аушвиц Рудолф Хес, информирајќи го дека: „Фирерот понуди
финално решение за Еврејското прашање. Ние, СС, мораме
да се погрижиме за тоа... Поради тоа, јас го одбрав Аушвиц
за таа цел.“ Во Аушвиц голем дел од логорите веќе биле во
изградба именувани под името Аушвиц 2. Овој дел ќе станел
средиште на четири огромни гасни комори, употребувани за
масовно истребување. Идејата за масовно убивање
потекнувала од програмата Убиство од милосрдие, која ја
применувале докторите за евтаназирање на болните и
немоќи цивили од окупираните Австриски и Полски
територии. Во меѓувреме, за само два дена, во месноста
Баби Јар во Украина, биле стрелани 33.000 Евреи. Нередната
1942 година, вториот по ранг командант на СС-силите,
Рајнхард Хејдрих, на конференцијата во Ванси, Берлин, ги
изнел плановите за Финалното решение. Според него,
Евреите од Европа треба да се депортираат во Полска, каде
што со полна пареа се граделе нови погони за истребување,
како Белзец, Собибор, Треблинка и Аушвиц-Биркенау.
Изработила – Леа Андонова

You might also like