You are on page 1of 4

Грција и Бугарија во XIX век до почетокот на Првата светска војна

Грција

1.Фанариоти

Грците спаѓале помеѓу најпривилигираните поданици на Османлиското Царство,им било


дозволено да имаат своја црква и свој патријарх,четири места во високата државна
служба и речиси монопол во средоземноморската трговија со помош на нивната голема
трговска флота.Во Цариград Грците управувале со Фанар [трговски и стопански центар] и
ги снабдувале бројните управници на султанот. Фанариотите  биле членови на истакнати
грчки семејства кои живееле во населбата Фанар во Истанбул, каде се наоѓа
денешната Цариградска патријаршија. Тие се појавиле како класа на богати грчки трговци
кон крајот на XVI век и во следниот период имале големо влијание во администрацијата
на Османлиското Царство. Од 1669 до 1821 година, голем дел од фанариотите биле
мнозинство од драгоманите (преведувачи) на османлиската власт, работејќи во
странските амбасади. Тие имале значително повисок степен на образование во споредба
со општата османлиска популација. Во времето на Грчката војна за независност,
Фанариотите одиграле клучна улога. По 1700-те години, голем дел од нив биле
именувани како Господари на дунавските кнежевства Молдавија и Влашка.И токму
таквата слобода,која им овозможувала поголем стопански развој,ги поттикнала да бараат
и политичка независност односно формирање на своја држава.

2.Националноослободителното движење на грчкиот народ

Идејата за ослободување на Грците од османлиска власт прв ја истакнал Ригас


Фереос.Фереос бил секретар на Александрос Ипсилантис, кнезот на Влашка. Ги прифатил
идеите на Француската револуција и во своите дела пишувал за рамноправност на
балканските народи но, притоа, сепак, предност им давал на Грците. Подготвил карта на
Грција која, всушност, била карта на Балканскиот Полуосторов.
Националноослободителното движење кај грчкиот народ зело поорганизиран тек во
почетокот на XIX век.Во 1814 година во Одеса,била формирана организацијата “Филики
Етерија” [Друштво на пријателите].Ова друштво имало за цел организирање на востание и
ослободување на Грција од османлиска власт.Во 1821 година,за водач на движењето бил
поставен генералот Александар Ипсилантис,кој бил во руска служба.Ипсилантис ги
повикал Грците на востание во март 1821 година,а архиепископот од Патра упатил апел за
независност.Востаничкото знаме најпрво било подигнато во Молдавија и Влашко.На
грчките востаници им се придружиле и Романците.По интервенцијата на османлиските
трупи во Влашко,востаниците биле поразени,но востанието продолжило во
Грција,особено на островите и на Пелопонез.
3.Добивање на независност и формирање на грчката држава

Огорчени од востанието,османлиските власти на христијанскиот празник Велигден, на 22


април 1821 година,го обесиле цариградскиот патријарх Григориос V и уште неколку грчки
владици.Во март 1822 година,османлиските сили го зазеле островот Хиос и извршиле
страшна одмазда над невиното население-биле убиени околу 23 000 луѓе,а околу 47 000
биле одведени во ропство.Овој злочин посебно ја вознемирил Европа.Се собирале пари и
доброволци. Интервенирале и големите сили.
[Во борбите на грчкиот народ за слобода голем придонес дал и англискиот поет Џорџ
Гордон Бајрон.Тој,во летото 1823 година зел учество во грчкото востание.На свој трошок
опремил 500 востаници.Починал во 1824 година,во Мисолунги.По неговата смрт се
зголемил интересот на европските земји за судбината на грчките востаници.].
Со договорот во Лондон,во 1827 година,Англија,Франција и Русија се согласиле заед-
нички да интервенираат против Османлиската Империја.Решавачката битка се одиграла
во 1827 година,кај заливот Наварин [Пелопонез],кога здружената англиско-француско-
руска флота ја поразила турско-египетската флота.По Руско-турската војна од 1828-1829
година,руските војски во 1829 година влегле во Одрин [Едрене],со што султанот бил
принуден да моли за мир.Во 1830 година,била одржана конференција во Лондон која
прифатила целосна независност на Грција.Таа била прва од балканските територии на
Османлиското Царство која добила независност.Во тоа време Грција имала површина од
30.000 км и 700.000 жители.Конференцијата во Лондон за крал на Грција го избрала
баварскиот принц Отон I [1832].Подоцна за крал бил избран данскиот принц Георги I.
Новата грчка држава се стремела да ги обедини сите грчки
територии[Епир,Тесалија,Крит,Кикладите итн] но и да се прошири на негрчки
територии.Со настојувањето да се обединат сите грчки територии,во Грција се поприсутна
била идејата за формирање на “Голема Грција”,во чии рамки се планирало освојување
на туѓи територии [Македонија,Тракија,Јужна Албанија]. Ваквата идеја била
спроведувана со помош на грчките вооружени банди и патријаршијата Меѓу најупорните
застапници на оваа идеја бил Елефтерос Венизелос. Во 1912 година Грција влегла во
Балканскиот сојуз.По Првата балканска војна од 1912 година окупирала голем дел од
Македонија,а островот Крит се обединил со Грција.По Втората балканска војна и
Букурешкиот мировен договор од 1913 година,Грција анектирала 34.000 км-2 или 51% од
македонската етничко-историска територија.

Бугарија

1.Националноослободителното движење на бугарскиот народ

Во рамките на националното будење и еманципација посебно место имала борбата за


бугарска црква.Во 1860 година бугарската црква прогласила отцепување од
Цариградската патријаршија,а во 1870 година Портата ја признала самостојноста на
Бугарската црква.Оваа црква се нарекува Егзархија,а нејзиниот поглавар егзарх.Паралелно
со борбата за самостојна црква,се развивало и националноослободителното движење за
создавање бугарска национална држава.На чело на ова движење се наоѓале Георги
Раковски,Васил Левски,Љубен Каравелов и поетот- револуционер Христо Ботев.Во април
1876 година во Бугарија избувнало востание против османлиската власт,познато како
Априлско востание. И покрај храброста на востаниците кои се бореле против посилната и
побројна османлиска војска,востанието било задушено,а повеќе од 30.000 мажи,жени и
деца биле убиени.

2.Создавање на бугарската држава

Процесот на националноослободителната борба продолжил и понатаму.Со новата Руско-турска


војна од 1877 година,руските војски помогнати од романски и бугарски доброволци,напредувале
кон југот на Бугарија.Османлиската Империја била принудена да го потпише мировниот договор
во Сан Стефано,во близина на Цариград,на 3 март 1878 година.Со овој мировен договор,Русија си
обезбедила доминација на Балканот преку одредбата за формирање на бугарска автономна
држава која ја опфаќала северна и јужна Бугарија и речиси цела Македонија ,без Солун и
Халкидик.[Поконкретно,Санстефанска Бугарија би се простирала од Дунав до Егејско Море и од
Црно Море до Охридско Езеро].Сан-стефанскиот мировен договор не можел да заживее поради
противењето на Австро-Унгарија и Англија,кои побарале негова ревизија.Истата година [јуни-јули]

,бил склучен Берлинскиот мировен договор.Сo Берлинскиот договор (јули 1878), во тогаш
признаените бугарски етнички граници, на просторот меѓу Дунав и Стара Планина било
формирано автономното Кнежевство Буарија.

Денешна Јужна Бугарија, со центар Пловдив, остана како автономна област во Турција
позната како Источна Румелија.Во 1879 година,по усвојувањето на уставот,германскиот
принц Александар Батенберг бил избран за кнез на Бугарија,а Софија била прогласена за
главен град на Бугарија.Во 1885 година во Источна Румелија избувнало востание и Јужна
Бугарија се обединила со Бугарското Кнежевство.Српскиот крал Милан се обидел да го
спречи обединувањето и ја нападнал Бугарија,но во битката кај Сливница српската војска
била поразена и принудена да се повлече. По обединувањето на Бугарија во политичкиот
живот се воделе борби помеѓу симпатизерите и противниците на Русија.Дошло и до
промена на престолот,при што бил симнат кнезот Александар,а на негово место за кнез
на Бугарија бил поставен германскиот принц,Фердинанд Сакскобурготски.Во 1908
година,користејќи ги внатрешните превирања во Турција,Младотурската револуција и
анексијата на Босна и Херцеговина,Бугарија се прогласила за независна држава,откако
бугарскиот кнез Фердинанд Сакскобурготски се самопрокламира за цар,а Бугарија за
царство.По поразот на Османлиската држава во Турско-италијанската војна од 1911
година,Бугарија,Србија, Црна Гора и Грција го создале т.н.Балкански сојуз за борба
против Османлиската држава.Бугарија со секакви средства се стремела да завладее со
Македонија и Источна и Западна Тракија.За таа цел,Бугарија учествува во Балканските
војни,а по поразот во Втората балканска војна загубила голем дел од териториите што
претходно ги освоила.Со Букурешкиот мировен договор,10 август 1913
година,Македонија беше поделена меѓу Грција,Србија и Бугарија.Бугарија добила 6.700
км или 10% од македонската територија,и била принудена да и ја отстапи Јужна Добруџа
на Романија.Бугарија била незадоволна од оваа поделба на територии и затоа водела
политика за ревизија на Букурешкиот мировен договор. Поради тоа се ориентирала кон
централните сили [Германија и Австро-Унгарија] и на нивна страна се борела во Првата
светска војна.

You might also like