You are on page 1of 4

Симболиката во приказната „Силјан Штркот“

Приказната за „Силјан Штркот“ може да се вброи меѓу најдобрите дела


во светската литература.
„Силјан Штркот“ не е волшебна приказна и бајка, туку прецизна
парабола за човековата судбина. Штрковите оддамна патуваат од север да се
вратат и живеат на туѓо, за да живеат на свое. А овде остануваат оние по нив
што тагуваат:

Тишина, молк и страв


Ја притиска мојата соба
Надвор е ден, а чуство на ноќ,
За мене ко глува доба.

По полици слики редам


Од моите блиски, мили
Секогаш да си ги гледам
До средбата да зберам сили.

Размислувам и само молчам


Или пак со слики зборам
Самотијата е најтешка
Па почнувам песна да творам.

За издигнатите високи ѕидови


Од куќата ми голема празна
И врата што никој не отвара
Та песната ко мене е тажна.

Во куќата се испилија пилци


Ги раснев, со лепче ги хранев
Пораснаа, одлетаа тие
Секој на своја страна.

Во туѓите куќи радост,


И детски плач и смеа
Кој ли ме проколна мене
Одлетаа моите од родната стреа.

Нови гнезда во туѓина


Децата мои си свиле
На лето доаѓаат овде
И пак назад ко преселник пиле.

Додека се тие тука


Оживува и мојата куќа
Есента штом мирис праќа
Назад чеда ми се враќат.
И одново ми куќа празна
И пак ми е песна тажна
Остарувам, немам сили
Тешко е без деца мили.

Не е значи само Силјан, ги има многу такви, тоа е клетвата и судбината


на Македонците. Силјан е само симбол и предвесник на она што го очекува
народот. Тој е страдалник што ќе ја напушти татковината, бунтовник против
традиционалните вредности.
Силјан е готов за да стане птица, да ги прелета далечините за да стигне
дома меѓу најблиските и пак да стане човек, зошто само меѓу најблиските се
чуствува вистински човек, или да умре за да се роди.
Силјан и штрковите се казнети од боговите, бидејќи сакаат да се
поинакви од колективот, тие се бунтовници во тогашното уредување, тие се,
што ќе покажат дека не се седи само мирно, затворено само во местото каде си
роден, туку дека просторот е поширок, па човек може да се најде и на друго
место. Но желбата за враќање назад по некое време почнува да гори во душата,
а враќањето е скапо извојувана победа.
Силјан сепак не е директно проколнат, тој трпи мака зошто не поверувал
во приказната за Сиве и Чуле. И тој бил ист, не послушал татко, па така ќе
стигне до далеку, ќе го стигне најстрашната клетва, неверувајќи во приказната
за Сиве и Чуле каде се зборува за трагичната поделеност на нашите браќа и
сестри, кои се по полето (всушност по светот) се бараат и којзнае дали се
среќаваат.
Силјан е проколнат, бидејќи не сакал да послуша да си живее мирно во
селото Мало Коњари – Прилепско од каде и потекнува.
Тој го сака лесниот живот и само во потрага по тој лесен живот ќе стигне
дотаму да се најде надалеку на остров, кај што пред него се нашле други
проколнати бунтовници, кои метаморфозираат во штркови за да дојдат назад да
направат гнезда на оџаците на куќите, да ги видат своите и пак назад на
островот во новоформираните домови.

Силјан е син на Божин од Мало Коњари. Оженет е уште мал, на 16


години, а кога имал 17 му се родил и син Велко, од невестата Неда.
На секое одење на пазар во Прилеп, Силјан одел во меана, си купувал
бел леб и таан алва, зошто не сакал црн, р`жав леб. Е таквиот лесен живот го
залажува да ги напушти најблиските и да оди надалеку. Татко му го карал, но
Силјан не ги слушал родителите. Еден ден татко му го предупредил Силјан со
зборовите: „Синко бре, чедо бре, Силјане бре, остај се од тие лоши другари, што
не се домаќинска челад, тие се пијаници тие те лажат да арџиш парите, да
осиромашиш. Слушај што те учиме со мајка ти, оти ќе те фати казна.“ Па му ја
кажувал и приказната за Сиве и Чуле. Тие две пилиња и ти самиот ги имаш
видено и чуено в поле, како стојат во шипјето и си пеат; едното си пее „сиве-
сиве“, а другото „чуле-чуле“. Ете тие две пилиња некогаш си биле брат и сестра.
Многу биле здрднати и разгалени, не ги слушале татка си и мајка си, па кога ќе
се разлутеле родителите им, многу ги колнеле. Така еднаш мајка им вака ги
проколната: „Синко Сиве, и ти ќерко Чуле! Пилци да се сторите и од куќава
наша да летнете, в поле да појдете, по трње да стоите, и еден со друг да се
барате, та никогаш да не можете да се најдете. Така да се спасиме од вас и од
маќите што ни ги правите!“ И навистина синко Силјане, тие пилци се сториле и
си отишле в поле да живеат по трњето, еден со друг да се бараат и да не можат
да се најдат и да се видат.
И навистина и денес многу браќа и сестри, одлетани низ различни страни
низ светот сигурно се разминуваат на враќање во родниот крај, зависи во кој
период се враќаат.
Но Силјан не послушал ни татко ни мајка, не поверувал во приказната,
не слушал и пак си терал по свое. Домашните му стануваат досадни и тој го
напушта домот.
Во Прилеп ќе сретне свештеник кој собира пари да оди на божји гроб.
Силјан помага во собирањето пари и посакува да оди и тој со свештеникот. Така
и се случува. Патот е пред него. Стигнуваат во Солун и се качуваат на гемија, да
го продолжат патот. Но фатила по патот бура, гемијата се превртела, потонала,
останал жив само Силјан, но некако со помош на ветрот стигнал на остров
незнаејќи каде се наоѓа.
Средбата со божјиот човек, кој собира прилози за црквата е убаво
пронајден елемент со кој расказот се збогатува со уште еден мотив:
христијанско-патријархалниот морал подразбира почитување на родителскиот
авторитет, па средбата со духовникот ја поттикнува и таа асоцијација, а
основната функција на духовникот во приказната е да го придвижи од родната
средина, тој е средство со чија помош Силјан ќе го напушти домот.
На островот кај што пристига Силјан, среќава луѓе кои го познаваат и
знаат се за него. Е тоа е островот на бунтовниците, на проколнатите. Островот
на штрковите. Во тој момент островјаните не се штркови туку луѓе, само малку
чудни, со долги нозе и големи носеви. Тие му објаснуваат да не се плаши кога
веќе е далеку од својата жена, дете, мајка и татко, кога се кае што не послушал
татко и мајка. Му објаснуваат за двата извори од кои од едниот се станува штрк,
а од другиот пак човек, значи постои надеж за враќање назад но само кога ќе
дојде време.
Силјан е спремен на се. Значи се случува метаморфоза, Силјан се сторува
штрк и носи вода во шише, со која ќе сака да се претвори пак во човек, но не ќе
успее, зошто на враќање овде на самиот крај кога стигнува кај Плетвар, кај
манастирот Трескавец, лошо стапнува на карпата, шишето се крши и водата
истекува, а Силјан си останува штрк.
Времето што ќе го помине на татковата куќа, не е доволна желба и
каење, да е до нив, а да не е со нив, да ги гледа, а да не ги допира. Ги наблудува
сите, и жена и дете. Заборава дека е штрк, па се пушта по телето, каде за малку
ќе го удавел син му Велко, па го спасува Неда, жена му, сожалувајќи се на него,
иако не го познава. Ја гледа и свадбата на сестра му, ја гледа и мајка му. Ги
следи и синот Велко, и татко му Божин на нивата кога се на орање, кога и ќе му
остане белегот на ногата кога ќе биде удрен од татко му, за да подоцна кога ќе
се преобрази во човек го покажува белегот за да му веруваат. Во родниот крај ќе
биде принуден да се храни и како штрк. Нема сомун и таан алва, туку змии,
скачки, жаби.
Назад на островот се враќа пак со Аџи Кљак-Кљак. На островот се
навикнал дури и да работи се. Овој случај ме потсеќа на многу наши луѓе кои
овде се по полесниот живот, кога веќе ќе се најдат на туѓа територија се
принудуваат да работат се и така работата почнува да им станува навика. На
наредното враќање назад, води сметка црпката со вода да не се скрши и успева
да се преобрази во човек – вистински човек. Но никој не му верува дека бил
штрк, и дека ги гледал се што прават по дворот. Ги потсеќа за украдените
работи што им ги снемувало по дворот, и им кажува кој каде да си ги најде, а им
го покажува и белегот на ногата од татко му.

Во приказната „Силјан Штркот“, доминира мотивот за непослушноста,


кој може човекот до каде ли не да го одведе. Тој мотив доминира три пати.
Првпат е на почетокот кога Силјан не сака да работи, вторпат е во вметнатата
приказна за Сиве и Чуле. А третиот пат во приказната на Аџи Кљак Кљак за
непочитувањето на постарите. Приказната била дека „многу одамна имало некој
старец, што бил како светец во оваа земја. Во тоа време децата од дедо-прадедо
биле многу лоши, не ги слушале татковците и мајките си, тие чинеле триста
лошотии. Само тој старец ги учел и децата и мајките и татковците да не прават
така, за да не ги снајде големо зло. Еднаш старецот беше скарал неколку деца,
што биле собрани, онде на крај село, под едно дрво јаворово. Бидејќи децата
биле многу лоши, го удриле старецот од земи и в часот нему му пукнала
жолчката. Тогаш, старецот го проколнал целиот народ што се наоѓал на нашава
земја: „Оф деца, Господ да ви плати„ им рекол „што ме отепавте на правдина!
Да даде Господ сипаница лоша да дојде и сите вас да ве собере, па после довека
никој овде да не пркне. Татковците ви и мајките да препливаат Бело и Црно
Море, за да одгледаат челадта таму. А откако ќе ја одгледаат челадта, Господ
нека им суди, а јас, еве, си умирам.“

Клетвата останала до ден-денес, дали по патот на преселниците, или


спротивно на птиците преселници, патувале наши предци, ќе патуваат сигурно
и нашите деца.
Само кога ќе остареат, како старите изнемоштени штрковите си ги
бараат местото пак овде, само младоста ја оставиле надалеку.

Силвана Мелева
Педагошки факултет – Струмица
Број на индекс: 14632

You might also like