You are on page 1of 5

Балканскиот национализам како причина за почеток

на Првата Светска Војна


Балканскиот национализам како причина за почеток на
Првата Светска Војна

Национализмот бил очевидно грамадна сила во раниот дваесети век и причина за


избувнувањето на Првата Светска Војна. Национализмот се сфаќа како ојачана
форма на патриотизам со силни чувства на лојалност кон сопствената држава.
Националистите ги интензивираат важноста и вредностите на нивната сопствена
држава и следствено ја ставаат пред останатите нации.

За време на почетоците на дваесетиот век, многу Европејци, вклучително и


граѓаните на големите Европски сили –Франција, Велика Британија, се понеле од
мислата дека нивната културна, економска и воена основа доминира во светски
рамки. Многу историчари ова движење го дефинираат како агресивен поредок,
различен од дотогашните кој во својата лепеза на елементи вклучувал повеќе
емоции – канализирање на лојалност кон својата држава и култура, а агресија и
алчност кон околината. Всушност, односите помеѓу нациите биле изедначени со
оние односи кои доликуваат на заедници како семејството или племињата.
Растечкиот национализам имал удел во самодовербата на самата нација и
нејзината економија, влада и воена моќ. Кога би зборувале за надворешните
односи, националистите биле водени од слепа верба дека нивната земја е чесна,
правична и безгрешна. Често тој пристап ги оставал националистите слепи без
увид во работите кои требало навистина да се променат и искоренат со цел да се
подобри нивната држава. Критиките кои националистичките влади ги упатувале
кон околните држави слободно можат да се изедначат со демонизација, карикату-
ризација – моќни перцептивни алатки кои изродувале краен продукт – агресивна,
подмукла и нецивилизирана деструкција на целта. Националистите со помош на
медиумите успеале да убедат многу читатели дека интересите на нивната земја
се загрозени со претставување на нивните „ривали“ како чиста опасност за нив со
целно губење на рационалното расудување на читателот и негово претворање во
една марионета.
Прашање на кое најтешко даваат одговор историчарите е веројатно она кое
директно не запрашува за потеклото и изворот, т.е причината за појава на
национализам кај жителите на Европа. Веројатно национализмот е директен плод
на комплицираната историја на Европа. Подемот на популарната сувереност –
вклучувањето на самиот народ во водењето на државата, создавањето на големи
империи и периодите на економски подем и општествена преобразба се веројатно
дел од клучните причинители на бурната појава и опстој на национализмот. Некои
историчари пак предложиле дека национализмот бил поттикнат и зајакнат од
страна на Европските елитисти со цел да поттикнат лојалност и потчинетост.
Некои други пак веруваат дека национализмот е колатерален продукт на
економската и империска експанзија. Растот и просперитетот биле восприемани
како судбински елементи и следствено на таа перцепција се јавувале услови за
зајакнување на националистичките чувства кај општата популација. Сепак.,
огромен удел во развојот и опстанокот на национализмот имале политичарите со
нивните говори и реторики. Неоспорно е влијанието и на монарсите во рамките на
монархиите низ Европа – различен е односот и чувствата на народот кон
кралските семејства и променливите „парламентарци“. Чист пример за влијанието
на монархијата е Велика Британија. Весниците биле преплавени со приказни со
провокативна конотација кои директно ги оцрнувале земјите и нациите кои биле
сфатени како конкуренти.

Светските подеми се одразиле директно врз збиднувањата во Балканот.


Балканскиот национализам секогаш се поврзува директно со избувнувањето на
Првата Светска Војна. Ниедно националистичко движење не допринело до
избувнувањето на Првата Светска Војна како Балканското. Во светски рамки, ова
движење се нарекува „пансловенизам“ – верување дека словенските народи
заслужуваат сопствена држава и нација. Овој национализам бил најмногу изразен
во Србија. Национализмот во Србија директно контрирал на начелата на Австро-
Унгарската Империја и нејзината контрола и влијание врз регионот. Следствено на
анексијата на Босна и Херцеговина од страна на Австро-Унгарската Империја,
многу срби се придружиле во радикални националистички групи. Една од
најпознатите е организацијата Црна Рака. Овие групи целеле кон протерување
на Австро-Унгарија од територијата на Балканот и воспоставување на српска
држава која ќе биде заедничка за сите словени на Балканскиот полуостров.
Најголем настан кој на некој начин ги крунисува овие движења е атентатот на
Франц Фердинанд во Сараево, јуни 1914 година. Овој настан претходел на
официјалниот почеток на Првата Светска Војна. Паралелно со национализмот
насекаде течела непрестана експанзија на воената индустрија и желбата за војна.
Многу Европски држави верувале дека нивната војска и воена опрема е
непобедлива и супериорна во однос на останатите држави. Историчарите го
користат поимот милитаризам. Релативната воена моќ била претворана во
апсолутна во идеолгиите на тогашните лидери. Дебатите низ историските кругови
во врска со причината за почетокот на Првата Светска Војна се јавиле веднаш
после нејзиниот завршеток. Меѓутоа, централно место во причинското талкање
зазема убиството на Франц Фердинанд и неговата сопруга Софија. Атентаторот
Гаврило Принцип и организацијата Млада Босна се директно причински поврзани
со почетокот на војната. Следствено на атентатот, Австро-Унгарија ѝ објавува
војна на Србија и така почнува Првата Светска Војна, која уште и е нарекувана
„Големата Војна“ – крвав, долготраен конфликт кој одзел многу животи и ја зашил
историјата на многу различен начин. Непобитна е значењето на Балканскиот
национализам и неговата улога во предизвикувањето на почетокот на Првата
Светска Војна би била заклучната реченица од сето што е напишано,
дефинитивно.

Национализмот опстојува на Балканот како инфантилна,ретка болест,


национализмот е најголемата сипаница на човештвото. Со формирањето на
СФРЈ, многу од националистичката огорченост беше заменета со период на убаво
живеење, економски и воен раст и сегашни носталгични чувства кон тој период кај
многу од југословените. Сепак, национализмот постои и прави огромен разор
помеѓу нациите на Балканот. Наше е да се надеваме дека некогаш ќе го снема.
Опстојува и е важен дел од секојдневието, цел век после крајот на Првата Светска
Војна.

You might also like