You are on page 1of 4

Фашизмот е радикална политичка идеологија и државно уредување на

екстремната десница што комбинира елементи на корпоратизам,


авторитаријаниза, национализам, милитаризам, антикомунизам и антилиберизам.
Зборот фашизам доаѓа од италијанскиот збор фашио што означува сноп, но исто
така од зборот фашите што значи цилиндар околу секира и е антички римски
симбол за авторитет на магистратите.Зборот фашио во 90-тите години на 19 век
означувал левичарски селански ревулуционерни групи и движења кои
полулегално дејствувале во италијанското општество.Во италија се појавува
фашистичко движење во 1919 година и трае се до 1943 година. Наспроти
фашизмот во Германија се појавува Нацизам или Национал социјализам кое пред
се е тоталитаристичка идеологија, на чело на оваа партија бил Адолф Хитлер и
траело од 1933 до 1945 година попознат период во германската историја како
Нацистичка Германија или Третиот Рајх.
Фашизмот се заснова на семоќна држава што вели дека го отелотворува
духот на град. Затоа населението не треба да бара нешто надвор од држава.
Фашистичката држава го практикува својот авторитет преку насилство,репресија и
пропаганда.Во овој поглед треба да се потенцира дека нацизмот во 1935 година ги
ги пропагирал добро познатите Нирнбергски закони со кои не само што Евреите
биле лишени од своите права како граѓани, туку и биле принудени да носат
идентификација како таква и да ги избегнуваат и понижуваат така наречените
Ариевци односно прави Германци што самите си се сметале дека се од
ариевската раса.Тоа било само почетната точка на недискриминирачко и сурово
гонење против оние германски државјани кои подоцна постанаа жртви на тортура
и убивани од страна на нацистичката пшолиција и војска.
Сите ги знаеме последиците од оваа војна и крајот како завршил, како
Европа била уништена од војната, како милиони луѓе ги изгубиле своите домови,
како милиони загинале во војна и уште толку заробени и убиени во
концентрациони кампови. Но што ако оваа историја не постанала баш како што е
сега , што ако Хитлер победил и останал да владее на чело на Третиот рајх.
Адолф Хитлер како лидер на тогашна Германија го користи фашизмот за да
добие пред се подршка од својот народ но и за оцрнување на евреите и другите
народи кои тогаш живееле во Германија. Неговото размислување го прифатиле
поголемиот дел од етничките германци и започналча тортурата и прогонството на
другите народи.

Томас Ман сметал дека фашизмот е сеприсутна безвременска болест а


често послушните Германци биле во тежок стадиум на болеста. Фашоистите
сметале дека нацијата треба да се исчисти од болни и предавници, односно од
оние кои не се сложувале со системот. Нацистите пак имале програма за
создавање на здрава нација. Тие ги откриле нивните непријатели
интелектуалците кои не се сложувале со нив, масоните, евреите, циганите,
словените, хомосексуалците и комунистите. Непријателите единствено ја
зајакнувале нацијата при што најверојатно фашизмот се врзувал со нацијата, а не
за класа или религија, бидејќи само нацијата можела да овозможи доволна маса.

Според мене пресудно за Адолф Хитлер е тоа што ја потценил пред се


моќта на поробените народи, моќта на луѓето што веќе намаат што да изгубат и
најважно моќта на најголемата држава во светот Русија. Доколку Хитлер не ја
откажеше опсадата на Москва и победеше во таа битка портите за да ја окупира
цела Русија ќе му беа отворени и за неколку месеци ке ја окупираше цела Русија
се до самиот исток каде што ке се споеше со неговите сојузници Јапонците кои
веќе би ја окупирале цела Кина и Индија. Самата желба за огромна власт и моќ тој
ја направил и втората пресудна грешка што 1941 Хитлер и објави војна на
Соединетите Американски Држави што мислам дека доколку не ја напшравил таа
грешка Америка ќе останеше неутрална и подалеку од сите случувања во Европа.
Но како и да е доколку победеше низ сите овие битки Адолф Хитлер ке стане
новиот император на поранешната територија што во минатото ја контролирала
Римската држава. Тешко ќе биде да се задржи под власт целата таа територија и
целиот тој народ да го направи послушен, што лично не верувам дека би останала
една држава како таа што ја спомнав со такво пространство и големина но
верувам дека би опстанала држава слична по големина на денешната Европска
унија каде би граничела со Советскиот сојуз на исток . Би се зборувал еден јазик и
би се отпочнал процес на германизација на целото население. Евреите би добиле
шанса да си ја сменат религијата и да станат послушни и верни граѓани на рајхот
или би биле испратени во логори. Кога сме кај Евреите со сигурност можам да
тврдам дека доколку евреите од Европа би останале да си живеаат каде што
живееле многу години наназад, современата Еврејска држава Израел никогаш не
би се формирал или пак никогаш не би била моќна како што е сега. Од друга
страна фашизмот колку и да оставил црни траги низ светската историја има и
многу позитивни работи пред се науката, германската култура начинот на живот и
слично би се прошириле насекаде низ Европа.

Уште 1943 година германците развивале тајно оружје на планината Сова


кое дотогаш не било познато на ниедна држава во светот,нацистичкиот анатомски
атлас и до ден денес се користи во медицината како книга која изобилува со рачно
цртани делови од човечкото тело и книга која помогнала за многу операции , исто
така 1943 Волфрам Сиверс започнал експеримент за супер војник односно зомби
војник кој мртвите сакал да ги направи живи војници и отпорни на страв , чуство за
вина со други зборови безмилосрдни. Зградите кои биле градени, амфитеатрите
изобилуваат со својата убавина и до ден денес, разните научни експерименти на
научната елита која Хитлер ја собрал би помогнале во денешно време да има лек
за ракот, сидата и слично. Атомската и Нуклеарната енергија би се развиле многу
порано од што подоцна се развила, интернетот би се појавил во шеесетите или
пак во седумдесетите години.
Колку и да звучи чудно Европа која денес ја знаеме не би била иста,
државите кои денес постојат не би постајале и таква една голема држава или ке
остане да опстојува како таква или пак ке се раздели на мали државички со некоја
крвава војна. Како и да е за наша голема среќа Хитлер ја изгубил војната ги
направил тие кобни грешки кои му значеле губиток на моќта и на самиот крај и
смрт за него. Фашизмот замрел во Европа со влегување на Советите и
Американците во Берлин а со тоа и ерата на Хитлер завршила. Насционализмот
во целата Европа и до ден денес опстојува во секоја држава но не во тој размер
како во нацистичка Германија. Самото владеење на Хитлер остави црна дамка врз
историјата во Европа, и остави многу жртви позади себе.

You might also like