You are on page 1of 2

Шпанска Граѓанска Војна

(17 јули 1936 – 1 април 1939)

Костадин Трајков
 Војна помеѓу шпанската републиканска влада и нејзините левичарски
поддржувачи, од една страна, и бунтовниците, војската и десно-
ориентираните формациии, на чело со Франциско Франко од друга.
Во војната се вмешуваат и странски сили. Иако во принцип е усвоена
политика на немешање, СССР ја поддржува владата (иако помошта
на СССР е во голема мера двосмислена), а Франко е поддржан
од Италија на Мусолини и од Хитлерова Германија. На страната на
владата се борeле и доброволци од многу земји, кои главно биле дел
од Интернационалните бригади. Меѓу попознатите личности кои се
бореле на страната на Републиката биле: Џорџ Орвел, Ернест
Хемингвеј, Андре Малро и други.
По тригодишна војна во која загинале од 500.000 до 1.000.000, победа
извојувале бунтовниците на Франко, воспоставувајќи
десничарска диктатура и монархија.
Истовремено со одбраната на Републиката од Франко и десницата,
одредени левичарски струи, особено анархистите, се стремат да
извршат социјална револуција. Нивните стремежи се сузбиени, во прв
ред поради дволичната улога што во текот на Шпанската граѓанска
војна ја играат комунистите.

Македонци во Шпанската граѓанска војна


На страната на Републиката се бореле и 137 Македонци, [4][5] од трите
делови на Македонија и од дијаспората. Тие во Шпанија доаѓале од
Македонија, но и од Франција, Канада, САД, Советскиот
Сојуз, Аргентина, Белгија, Албанија, Панама и други земји. Помеѓу
попознатите се:[6] Алексо Демниевски - Бауман, Цветко
Узуновски, Ганчо Хаџипанзов, Елисие Поповски и Кирил Ќамилов.
Останати македонски шпански борци се: Спас Банџов, Трајко
Мишковски, Иван Дојчинов, Боро Поцков, Урфи Аголи, Трифун
Бузев, Тане Наумов, Димитар Тодоров, Борис Атков, Владимир
Арсовски, Ангел Димов, Петар Калев, Илија Јотов, Панајот Јотов,
Андреј Колешинов, Григор Атанасовски и други. Македонци - шпански
борци имало и од иселеништвото. Помеѓу македонските иселеници
кои се бореле на страната на Шпанската Република биле и: Вангел
Темелковски, Панајот Хаџиев, Димитар Тотев, Ламбро Марковски,
Џорџ Пол, Димитар Бузев, Мајк Белов, Џан Томсон и други.
Македонските доброволци учествувале речиси на сите главни
фронтови и герилата во Валенсија, Арагон, Мадрид, Каталонија,
Харама, Кордоба, Брунете, и на други места. На воените боишта
животите ги положиле 65 Македонци, околу половина од вкупниот број
борци.[

You might also like