You are on page 1of 1

СВЕТОТ И ЕВРОПА МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ

Првата светска војна била голема катастрофа за човештвото и укажување каде се може
да доведе сеопштиот развиток ако човечкото општество не ги совлада стихиските сили кои
работеле за сопствените егоистички интереси, а со тоа да предизвикаат најголема светска
катастрофа.

- Во првата светска војна водечките сили во развиеното индустриско општество,


буржуазијата и работничкото движење, доживеале голема криза во однос на
сопствените идеали,но сепак во текот на војната создале концепти (планови) врз
кои требало да се изгради светот по завршувањето на војната. По војната двете
страни настојувале да ги реализираат своите планови. Работничкото движење
настојувало да го оствари револуционерниот концепт во средна Европа, но не бил
за жал единствен. Водечката сила на европското работничко движење,
социјалдемократијата, не била заинтересирана за револуцијата од советскиот тип,
а со тоа не можел да се реализира концептот. Буржуаскиот концепт го изнел уште
за време на војната американскиот претседател Вудроу Вилсон во неговите
познати 14 точки кои по војната станале идејна основа на боржуаскиот концепт за
уредување на светот.
- По војната, кругот на земјите кои извршиле влијание на светските настани се
проширил ( Кина, Јапонија, Индија и др.). Тогаш настаните во сите делови на светот
станале меѓусебно тесно поврзани, а со тоа и историјата во права смисла станал
светска. Развитокот на поедини земји бил специфичен, па затоа е многу тешко за
меѓувоениот период да се изврши периодизација

а.) Граѓанско парламентарно демократски тип. Меѓу двете светски војни граѓанскиот
концепт постоел како политичка форма во најстарите и најголемите капиталистички
држави во светот (САД, Франција, В.Британија и др.). Во поглед на политичкиот систем
во парламентарно-граѓанската демократија треба да разликуваме претседателски
држави во кои власта е поделена меѓу претседателот и парламентот, и парламентарни
држави во кои сета власт произлегува од парламентот.

б.) Социјалистички советски тип. Во меѓувоениот период се развива општествен


систем кој во општествено-политичкиот развиток значи нешто ново, а тоа е
социјалистичкиот советски систем кој израснал со победата на Октомвриската
револуција во Русија. Победата на револуцијата во практиката придонела во светското
марксистичко работничко движење да се појават две основн струи; комунистичката
која настојувала во светот да се исполни лениновата идеја; и социјалдемократската
коа го отфрлила лениновиот концепт и се залага за парламентарно- реформистички пат
во градењето на социјализмот

в.) Фашистички тип. Во периодот меѓу двете војни во некои земји во светот се јавиле
тоталитарните политички системи кои се познати под заедничко име фашистички. Овој
систем се јавил во оние капиталистички држави во кои парламентарната демократија
сеуште не била зацврстена во политичкиот живот, пред се во Италија, Јапонија,
Германија и др.

You might also like