You are on page 1of 8

САМО ЗА ОА И ОБ подрачје

БАЛКАНСКИТЕ ДРЖАВИ ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА и

РАЗВОЈ И КРИЗА НА СОЦИЈАЛИЗМОТ ВО БАЛКАНСКИТЕ ДРЖАВИ

1945-1990 Социјализмот во Југославија, Бугарија, Албанија и Романија и Капитализмот Во Грција

1980 смртта на Тито

1992-1995 војната во Југославија

Личности

Георги Димитров претседател на Бугарија

Јосип Броз Тито претседател на Југославија

Енвер Хоџа претседател на Албанија

Николае Чаушеску последен социјалистички претседател на Романија

Кемал Ататурк – претседател на Турција

Објаснување:

За балканските држави од 1945 до 1990 е специфично тоа дека, како и во минатата историја, на Балканот, иако мала
територија, но истовремено носејќи го епитетот на ,,буре барут” бил еден од најзначајните геостратешки региони во
Светот спојувајќи ги Азија и Европа и од југ Африка, силно се пресликал конфликтот помеѓу САД и СССР во текот на
Студената војна. Генерално земено доказ за тоа е дека единствените две војни по Втората светска војна во Европа се
воделе на Балканот

1. Граѓанската војна во Грција во која десницата со помош на САД ја победила левицата комунистите кои не добиле
доволна подршка од САД, а во оваа војна повеќе од гриците настрадале македонците во обидот на добијат
права и да создадат обединета македонија.
2. Војната при распадот на Југославија, која била од страна на целиот Свет квалификувана како братоубиствена
религиска војна бидејќи се водела помеѓу Срби, Хрвати и Босанци народи со безмалку исти јазици но различни
религии. Тоа бил еден од доказите дека религиското чусвтво било многу посилно од зедничката култура и
сличноста на јазикот.

Значи дел биле социјалистички, а дел капиталистички, но какви биле зависело од која држава биле ослободени – од САД
односно Британија или од СССР. За Балканот како регион – феномен во однос на меѓусебните конфликти може да се
види и https://www.youtube.com/watch?v=lz5U3NkNXxQ.

Компарација на уредувањата правевме и во текот на наставата слична споредба имате во табела

Карактеристики Социјализам - комунизам Капитализам


значење Општество - заедништво Вредност што може да создаде нова вредност
Вредности на Човечност, луѓето праведно е да бидат Пари, материјални вредности, моќ... луѓето природно
општеството еднакви и сите треба да опстанат не се еднакви и треба да се борат луѓето да бидат
поспособни и така да опстанат
Симболи Срп и чекан, петокрака, црвена боја Ѕвезда, црвеноплава боја, кока кола, монети Чичко Сем
Создавање Според Марксистичка теорија спроведено во Природно се создава од феудализмот со техничките
пракса откритија и машинското производство
Принципи Се припаѓа на сите (државна сопственост) Секоја си има своја сопственост (приватна сопственост)
сите работат за сите (државно производство Секој работи за себе (приватно производство)
– фабрики) Секој добива онолку колку заработува.
Секој работи според можности, а добива
според потреби
Однос човек – Општеството е поважно од индивидуата Индивидуата е поважна од општеството
општество
Однос човек- Еднаквост - сите ако работиме подеднакво Нееднаквост – ако има конкуренција и натпревар меѓу
човек повеќе ќе произведеме луѓето тие повеќе ќе произведуваат.
Вредности на Скромност хуманост биди ист со останатите Индивидуалност и оригиналност биди различен од
човекот останатите
Животна Животот е предвидлив во хумано општество Животот не е предвилив – мора да се бориш во
извесност или општеството
неизвесност

Ќе ви објаснам во табела за сите балкански народи наши соседи и за Романија и Турција, а потоа најмногу за
Југославија имајќи во предвид дека ние од Вардарскиот дел на Македонија сме биле цели 45 години во
Југославенската федерација.

Карактерист Југославија Бугарија Албанија Романија Грција Турција


ики
Страна во Антихитлеров Фашистичка Дел Фашистичка Дел фашистичка неутрална
Втора св. ска коалиција Поразен, Фашистичка Поразен, дел
Војна победник потоа со (балисти) и потоа со СССР антихилеровска
СССР дел
антихителров
ска
Пораз и
победа
Последици – Најмногу Малку малку многу многу Нема жртви
жртви повеќе од
милион
Ослободена СССР со Победена од СССР и Победена од Британија неутрална
од британски СССР Британија СССР
мисии
Општествено Социјализам Социјализам Социјализам Социјализам Капитализам Капитализа
уредување м
Државно Еднопартиско Еднопартиск Еднопартиско Еднопартиско Повеќе партиско Повеќе
уредување Комунистичка о Комунистичка Комунистичка партиско
партија Комунистичк партија партија
а партија
Во сојуз После 1948 Варшавски Варшавски Варшавски НАТО НАТО
неутрална - пакт под пакт под СССР пакт под СССР
неврзани СССР
Водач Тито Јосип Георги Енвер Хоџа Николае Политика водена Кемал
најдолг Броз Димитров Чаушеску од фамилии со Ататурк
период потоа Тодор генерации
Живков Папандреу и
Мицотакис
Војни Распадот нема нема нема Граѓанска војна Нема
1992-95 1946-49
Специфично Била држава Бугарија Албанија Романија Грција како Многу и се
сти со најголем имала мирен била имала приморска земја зголемило
отпор против социјалистич уникатен скриена била и после населението
фашизмот на ки период во пример во непослушност Граѓанската војна (немало
Балканот, со кај однос на кон СССР, останала, под жртви во
прво бугарскиот изолацијата бидејќи влијание на САД Втора св.) и
отгргнување народ се (нешто Романците не и влегла во НАТО економски
од СССР но и направил слично на биле Словени пактот. Во текот развој
крвав распад. култ кон Северна и немале на граѓанската Единствен
Во текстот рускиот Кореа денес) културолошк војна настрадал воен
повеќе под народ и Прво била во и врски со македонскиот проблем
табелата Сталин. добри односи Русите. Она народ за што било
Околу со Југославија што е сведочи романот прашањето
правата на до 1948, карактеристи и филмот Црно на Курдите и
Македонцит потоа чно е семе. окупирањет
е во Бугарија добивала диктатурата https://www.yout о на
- тие биле помош од на Чаушеску ube.com/ Северен
признаени СССР се до кој се верува watch? Кипар 1974
како посебен смртта на дека имал v=jUiwfT5qv4c година и
народ со Сталин 1953 камера во и филмот за неговото
свои права, кога Енвер секој децата бегалци отцепување
училишта но Хоџа истапил телевизор и https://www.yout со
тоа било се против можел да ги ube.com одобрување
до 1948 до Хрушчов, следи сите /watch? од САД.Од
Информбиро потоа со Кина Романци по v=j30oc2DCdd8. сите
то- потоа до средина дома. Син му После личности во
Бугарија на шеесетите бил посебно економската овој период
останува со од кога насилен ..на криза и воениот единствено
СССР а Албанија пример со удар и доаѓањето опстанал
Македонцит сметала дека најпознатата на власт на култот кон
е повторно Кина Романка и војската во Грција Кемал
ги негира. застранува од најдобра Турција Ататурк иако
Бугарите во марксизмот и гимнастичарк искористила и Турција не
однос на самата а Надја окупирала дел од била
Македонцит целосно се Коменечи Кипар, иако и социјалисти
е во изолира од Правел многу двете држави чка држава.
Југославија целиот Свет злосторства биле во НАТО. Но Турција има
живееле се до 1990 но бил за САД била аспирации
многу година. Ова единствен многу поважна за
поскромно било редок што бил Турција така што економска и
во овој случај на егзекутиран таа останала во културолош
период, но мала при Северен Кипар, а ко влијание
од друга сиромашна превратот на Грција како на Балканот
страна во земја која 1990 година. компензација и – за што
Југославија самата се Постои било доказ се
се живеело изолирала, снимка од овозможено да сериите кои
полагодно но после 1990 судењето и влезе во се
поради Албанија егзекуцијата Европската Унија емитуваат
кредитите од вопоставила и да добива повеќе од
Западот односи со финансиска десет
Западот помош години

Во Југославија како и во останатите држави со социјалистичко уредување имало процес на концентрација на власта во
една партија на чело со водач. После војната следел период на обнова и модернизација пред се преку

- градење на железничка и патна мрежа,


- електрификација и водовод,
- аграрна реформа со одземање на имотот на богатите и делење на народот,
- колективизација или колективен труд на селаните кои сите заедно од едно село работеле во задруга,
- индустријализација - основање на државни фабрики на тешка металургија (согласно рудата), хемиска, текстилна
индустрија
- описменување на населението и образование за сите
- продуцирање на кадри за повеќе професии

Во Југославија негативни каратеристики на општествениот живот биле тоа што имало култ на личноста на Тито кој се
сметал за бог на земјата, сите морале генерално да размислуваат исто како и водачите на комунистичката партија,
требало да имаат интуиција и да претпоставуваат што би требало да се каже во одреден момент, имало многу
полтронство и поткажувања.
Сите оние што различно размисувале биле ликвидирани или затворани на Голи оток. Култот се градел преку негови
портрети од големи на приредби, преку сите државни простории се до слики во учебниците. Тој бил супер човек идеал
за сите луѓе. Искрената верност и љубов кон лидерот била секоја година искажувана преку манифестацијата штафета на
младоста што може да се види https://www.youtube.com/watch?v=p9KvA9v7Tlk

Од друга страна немало слобода на говор на размислување имало многу поткажувања – кодошења за вистинити или
измислени кривични дела кај властите кои по брза судска постапка ги затворале луѓето.

Во Македонија биле затворани со обвинение за национализам – оние што сакале поголема самостојност и обединета
Македонија, како што биле претседателот Методија Андонов Ченто, министрите Павел Шатев, Петре Пирузе Мајски,
деецот Панко Брашнаров и многу други. За тажната судбина на Павел Шатев кој како гемиџија бил ослободен од турски
затовор, потоа од ослободен од бугарски, но иако целиот свој живот се борел за македонска држава од македонскиот
затовор не можел да се спаси- може да се види документарниот филм https://www.youtube.com/watch?v=RJM2xRUf5ss
Всушност татковците на македонскиот народ биле ликвидирани со тоа македонскиот народ бил симболично кажано
обезглавен, без водство и генерациски контакт со авторитетите од илинденскиот период.

Други биле затворани за сталинизам – оние што имале симпатии кон СССР – ќе објаснам понатаму. Позитивни
карактеристики биле тоа што за народ како македонскиот или босанскиот што долг период немал своја држава,
социјализмот давал огромни погодности како работни места (пред кризата од 1980 години) безплатно образование и
здравство и генерално земено безбеден живот.За разлика од поделенио Споредбено со останатите социјалистички
држави во Југославија забавата и одморот како важен сегмент во животот биле на многу високо ниво – се одело на
одмор, имало многу социјален живот кој го имитирал западниот модел, бунт на младите против возрасните и
наметнатите животни обврски, сексуална револуција (не како на Запад но многу повеќе изразена во однос на Источна
Европа), начин на однесување, сленгови, стрип култура, графити, стилови на облекување (бит , панк ) поголема можност
за следење на уметноста преку концерти изложби , поголема слобода во уметноста пред се во филмот, послободен
живот на младите во однос на социјализацијата итн
Она што било различно во Југославија во однос на останатите социјалистички држави е тоа што Југославија била
социјалистичка, но не била под контрола на СССР и на Сталин. Имено иако без СССР немало ниедна држава да биде
ослободена, но од друга страна СССР наметнувал контрола. Но во Југославија Тито во 1948 година не ја потпишал
декларацијата на Информбирото која била огранизиација на сите комунистички партии во Светот и била под контрола
на Сталин. Значи Тито му откажал послушност на Сталин (во историјата се вели му кажал Не! на Сталин) и Југославија
станала социјалистичка, но надвор од Информбирото и контролата од Сталин. Некои научници сметаат дека Југославија
била премногу мала за да се отргне од СССР, затоа сигурно САД му дале подршка на Тито.Потоа Тито започнал сите луѓе
кои имале симпатии кон Сталин и СССР да ги затвора пред се на островите на јадранско море како Голи оток – имало
затворени од сите народи во Југославија, но најмногу Црногорци. Понатаму она што ја правело Југославија единствена
во Европа била нејзината неутралност, значи не била ниту сојузник на САД ниту на СССР, туку била дел од Движењето на
неврзаните во кое членувале држави од Африка и Азија. Друго што било специфично е што Југославија била повеќе
отворена кон Западната култура за разлика од Источна Европа. Значи се купувале производи од Италија пред се од Трст,
како фармерки, лименки со кока кола, се слушала рок и панк музика генерално младите ја прифаќале и имитирале
западната односно поточно британската модерна култура која сеуште владее во Светот.

Југословенската федерација (ФНРЈ потоа СФРЈ) била во долгогодишна криза, по што следувал процесот на распаѓање кој
бил проследен со како што наведов крвата братоубиствена религиска војна. Причините за тоа биле следните=

1. Од сите социјалистички држави што се распаднале и преминале кон капитализам само Југославија, СССР и
Чехословачка биле составени од повеќе народи. Чесите и Словаците мирно се поделиле, во СССР немало војна бидејќи
ниедна од републиките не би војувала со Русија која била многу помоќна, а воедно и Русија не го спречувала нивното
осамостојување бидејќи не и требале туѓи територии - имала огромна територија. Единствено Југославија се распаднала
во крвава братоубиствена војна која била единствената војна во Европа по 1945 година. Тоа што било најкомплицирано
во Југославија е што во неа живееле 7 народи и три религии со различни историски искуства.

2. Националистичките и шовинистичи спротиставености пред се помеѓу србите, хрватите и босанците - муслимани


не биле исчезнати и после смртта на Тито излегле на површина. Уште повеќе се усложнувал проблемот што овие три
народи меѓусебно си го негирале иднетитетот Хрватите сметале дека Србите се хрвати неверници, Србите сметале дека
се босанците срби кои ја продале верата за исламот...итн... Воедно свои барања истакнувал албанскиот народ, кој
сметал дека е обесправен во една пред се словенска федерација

3. Смртта на Тито 1980 г. ја оставила Југославија без претседател со авторитет – се договориле за ротирачко
претседателство од секоја од 6 републики.

4. Југославија била во огромна економска криза повеќе увезувала производи од капиталистичкиот Запад отколку
што извезувала пред се во неврзаните земји во Африка и дел од Азија. Во текот на осумдесетите години Југославија била
многу задолжена со кредити кон Западна Европа. Наоѓајќи се во криза младите повеќе сакале да се вработат во
државните органи и во администрацијата отколку да работат во државните фабрики. Дополнителен проблем било тоа
што во социјализмот работниците имале големи права, така што некои работници почнале тие права да ги
злоупотребуваат и помалку да работат, а знаеле дека и да работат повеќе би земале иста плата со што се намалила
општата продукција на општеството

5. Самиот социјализам бил помалку продуктивен од капитализмот, му станал негов должник и ја примал многу по
доминантната западна модерна култура и вредности.

Војната во Југославија трала околу 4 години од 1992 – 1995 година. Кратка видео презентација
https://www.youtube.com/watch?v=N1WfY0RTstY
На почетокот се осамостоила Словенија со кратка војна помеѓу југословенската народна армија ЈНА и словенечката
народна одбрана, потоа имало војна во Хрватска и најголемата војна во Босна и Херцеговина. Во рамките на распадот на
Југославија се смета и воената интервенција на НАТО пактот со бомбардирање на Југославија (тогаш Србија и Црна Гора)
и војната во Косово 1999 година. Генерално земено Србија со ЈНА сакале да ја зачуваат Југославија и да ги заштитат
Србите во Хрватска и Босна, кои биле загрозени при осамостојувањето на овие републики и од друга страна биле
Словенија, Хрватска, Босна и потоа Косово кои сметале дека не можеле со сила да бидат држени во заедничка држава и
сакале да си се осамостојат – и тоа го оствариле.

Македонија единствена од сите републики се осамостоила без војна бидејќи ЈНА не можела да војува на два фронта и
во Босна и во Македонија, немала аргумент бидејќи имало Срби во Босна а имало малку во Македонија и дополнително
доколку започнала воена интервенција на ЈНА во Македонија ќе се вмешала и Бугарија и Албанија и Грција и ќе дошло
до балканска војна.

После осамостојувањето во сите републики на Југославија, слично како и во Источна Европа настапил периодот на
транзиција – промена која ја имате во табела во повеќе сегменти

пштествено уредување Социјализам еднаквост Капитализам - нееднаквост


ржавно уредување Федерација на републики Самостојна република
олитички систем Еднопартиски-комунистичка партија Повеќе партиски демократски
За се одлучува народот формално систем народот гласа и одредува
гласа. ТРАНЗИЦИЈА кој ќе формира влада и власт
оделба на власт Нема поделба на власт се Има де јуре поделба на власта на
контролира државата, односно ЦК законодавна (собрание со
централниот комитет на пратеници) извршна (влада со
комунистичката партија, односно министри) и судска (судии
водачот Тито обвинители)
оминантна Дражавна – најмногу поседува Приватна сопственост – приватни
опственост државата и државни фабрики фабрики приватни лица
производство продаваат производи и услуги
кономија Договорена – државата одредува Пазарот одредува според
колку, како и кој ќе произведува, со понудата и побарувачката која ќе
кој квалитет, каде ќе се продава, по биде цената, кој најмногу ќе има
која цена, и како ќе се распредели профит,
приходот

You might also like