You are on page 1of 9

Југославија во плуралистичките и

демократските процеси
Југословенската заедница почнала да се распаѓа
во 1980 г по смрта на Ј.Б.Т. Се следела
политиката на СКЈ. Иако ја следеле таа политика
претставниците на сите републики и покраени на
СФРЈ имало несогласување. СФРЈ во 1981 г
почнува со иницијатива за економска
стабилизација. Иако СКЈ најавува 3 реформи тие
немале успех и со тоа бројот на невработеноста
се зголемила, и незаводолството на народот, а
системот е во криза. На барањата за повеке
партиски систем против биле и СКЈ иако се
знаело дека без конкуренција ке нема нови
идеи. Бидејки барањата биле оправдани тие
биле и прифатени. Со формирање на новите
политички партии во сите републики во
Југославија повеке партиските избори за прв пат
биле одржани 1990 г кога и почнува
плурализмот. Тука Југославија престанува да
постои бидејки републиките не успеале да се
договорат за нејзината иднина.
Меѓународните односи по втората светска војна
Париската мировна конференција се одржала од
29 јули до 15 октомври 1946 г во Парис. Таму
учествувале земјите на антифашистичката
коалиција и земјите сојузнички на Германија
Италија Бугарија Романија... Големите сили САД
СССР Франција и ВБ тука била и Југославија. Цел
на конференцијата било склучување на мир.
Имало спор за границите на Југославија со
Италија, а Бугарија ги признала правата на
Македонците. Иако Грција имала интерес во
однос на границите со Македонија, не и било
дозволено да одлучува за решенијата. Кинеската
револуција се водела од 1946 до 1949 г одкако
избила граѓанска војна меѓу сиромашното
население и богатата буржоазија.
По завршувањето на ВСВ помеѓу големите сили
се јавила конфронтација на интереси, окулу
границите, државното уредување, влијанијето на
помалите земји. Од промените и незадоволство
западните земји настојувале да се спречи
ширењето на социјализмот во Европските земји.
За соработка и договарање партиите на земјите
од Источна Европа основале Информационо
биро. По ВСВ светот влегол во војна со закани и
притисоци-студена војна.
За создавање на воени сојузи допринеле
нерешените прешања меѓу големите сили.
СеверноАтланскиот пакт-НАТО е создаден Април
1949 г и предводен од САД. Овој пакт ги штити
земјите од агресија на други земји. Варшавкиот
пакт бил склучен 1955 г предводен од СССР
земјите меѓу себе морале да се подржуваат. Со
самостојно развивање и демократизација на
државите се создале самостојни држави а потоа
престанал да постои Варшавскиот пакт.
Подем и криза на социјализмот
Многу големи политичко-општествени и
економски промени се случиле по Втората
светска војна. Голем дел од државите го
задржале капиталистичкото уредување, а
замјите од источна европа и балканот се
приклониле кон комунизмот. Државите Бугарија,
Албанија, Југославија и Романија го прифатиле
комунизмот, а Грција и Турција го задржале
капиталистичкото уредување. Кај
комунистичките земји целата власт преминала
на партииите кои вовеле систем на диктатура на
пролетеријатот- еднопартиски систем. Настанале
големи политички и економски реформи. Се
укинала приватизацијата, се и припаднало на
државата. Се вовела општествена сопственост и
планска економија.
Југославија по судирот со СССР од 1948 ја
отстапила социјалистичката економска политика
на државниот социјализам и се прифатила
сопствената политика за економски развој.
Како последица од ова, многу земји потпаднале
под економска и политичка криза. Стопанскиот
развој почнал да опаѓа, немало интерес за
производство. Недостигале основните
производи како млеко и прашак. Пред
продавниците се правеле големи колони од луѓе
кои чекале да дојдат производите и да ги
набават. Полека почнала депократизацијата во
Југославија. Се вовела пазарната економија. Во
овој период се случиле неколку политички
настани: на 10 ноеври 1989 Тодор Живков е
отстранет од властана Буарија, во декември
истата година Николае Чаушеску морал да
замине од Романија, во Албанија пак, по смртта
на Енвер Хоџа почнала демократизацијата.
Тогаш почнала да се развива приватизацијата, па
така почнало да се демократизира општеството.
Тој период е познат како период на транзиција.
Поради несогласувањата меѓу Србија и
останатите републики во Југославија дошло до
распад. На почетокот во 1991 година со кратка
војна Словенија станала независна, потоа
Хрватска со борба помеѓу ЈНА и територијалната
одбрана на Хрватска успеала да прогласи
независност. во 1992 година Босна и
Херцеговина со референдум станала независна,
а по граѓанската војна и Дејтонската спогодба од
1995 била призната од останатите држави.
Македонија се оттргнала од Југославија и ја
прогласила својата независност по успешен
референдум на 8 септември 1991 година. Делот
од Југославија што останал (Србија и Црна Гора)
ја формирал Трета Југославија, а од 2003 година
името било променето во Заедница на Србија и
Црна Гора.
Денес балканските држави се ориентираат кон
Европската Унија и НАТО. Македонија од
претходната година е членка на НАТО, и е земја
кандидат за членство која чека да ги почне
преговорите за влез во Европската Унија.
Општествено-политички и економски прилики
во Македонија
Сиот општествено-политички развирок во
Македонија бил одграничен по војната. Како што
налагало комунистичкото уредување се морало
да биде во сопственост на државата, а да нема
ништо приватно. Сите имоти на богатите
фамилии кои што соаботувале со окупаторот
односно сите материјални и парични средства
им биле одземени. Според политиката на
експропријација бил одземен сиот приватен
имот на богатите во интерес на народот. Така се
станало државно.
Со законот за национализација од 1946, во
Македонија сите фабрики и претпријатија
станале државни односно биле опфатени околу
80% од бројот на индустриски капацитети. Исто
така во 1946 година била спроведена аграрна
реформа и колонизација. Со тоа им се одзела
земјата на големите земјопоседници и им се
дала на земјоделците за обработка.
Во 1949 година во се спровела колективизација
со која во Македонија се создале селски
колективи и задруги. Тие имале за цел да го
обработат колективниот имот, а со тоа ќе ги
заздрават социјалистичките односи. Сето тоа
било добро осмислено, но почнале да се
воведуваат присилни мерки. Многу селски
работни задруги се создале каде што немало
услови се со цел да има поголема масивност.
Иако имало големи очекувања, тие не се
исполниле, па затоа по 3 години повеќето
работни задруги се распаднале, а со тоа и
земјопоседниците повторно си ја добиле
одземената земја. Имало некои што успеале да
опстојат и тие работеле како државни
земјоделски задруги.
Во тој период, по војната во Македонија
постоеле околу 140 индустриски објекти. Сите
тие индустриски објекти биле организирани во
мали погони и занаетчиски работилници. Во
периодот од 1945-1946 почнало интензивно да
се градат нови индустириски објекти.
Најуспешни биле метало-преработувачката и
текстилната индустрија. Најзначајни
претпријатија биле: Тетекс и Македонка за
текстил, а од метало-преработувачките биле: 11
Октомври, Металски завод Тито од Скопје

You might also like