You are on page 1of 1

Поајавата на фашизмот во Европа

Нерешените национални прашања,територијалните поделби,борбите


за превласт меѓу победничките и победените држави,решенијата на
Версајскиот договор,од кои не биле задоволни сите држави,
економската и политичката ситуација и многу други прашања довеле
до голема нестабилност и појава на фашизам како и нова војна.
Италија после Првата светска војна влегла во еден период на
сериозна политичка и економска нестабилност.Во 1919 година во
Италија се појавило фашистичкото движење на чело со Бенито
Мусолини,а во 1921 година се формирала Национал фашистичка
партија.Мусолини во 1922 година го извел т.н. Марш на Рим и
кралот му ја предал власта со што Мусолини постепено вовел
диктатура во државата.На надворешен план Италија водела
експанзионистичка политика во однос на Балканот(кон
Албанија,Грција и Југославија).Во 1935 година Италија ја нападнала
Етиопија и се спремала заедно со Германија да воведат
нов(фашистички) поредок во светот.
Во јануари 1933 година Адолф Хитлер бил наименуван за канцелар
на Германија.Хитлер вовел фашистичка диктатура и почнал политика
на државен екстремен терор против комунистите ,социјал-
демократите и Евреите.Фашизмот главно се караткеризирал со
антисемитизам,антикомунизам и експанзионизам.

You might also like