You are on page 1of 6

фашизам

Јаков Насковски
Фашизам — радикална политичка идеологија и државно уредување
на крајната десница што комбинира елементи на корпоративизам,
авторитаризам, национализам, милитаризам, антианархизам,
антикапитализам, антикомунизам и антилиберализам.
Зборот „фашизам“ доаѓа од италијанскиот збор „фашио“ (fascio), што
означува „сноп“ (во политичка или воена група или во нација), но исто
така од фасциите (прачки заврзани во сноп околу секира), римски
симбол на авторитетот на магистратите. Најпрецизно, терминот
произлегува од „фашо“ (множ. фаши) - збор кој бил многу популарен
во Италија по 90-тите години на 19 век, а означувал најразлични
(најчесто левичарски) селански револуционерни групи и движења кои
полулегално дејствувале во италијанското општество.
Првичното фашистичко движење се појавило во Италија во 1919 година
(Fasci di combattimento - Боречки фаши) и владеело со земјата од 1922 до
1943 година, под водството на Бенито Мусолини. Ова е всушност потесното
значење на зборот фашизам, кое главно го користат историчарите.
Со текот на времето, генеричкиот термин фашизам почнал да
означува цела класа на авторитарни политички идеологии, партии
и политички системи. Најпознатите вакви партии, создадени по
Првата светска војна се: во Германија -
Националсоцијалистичката германска работничка партија
(Нацисти) под водството на Адолф Хитлер, Унгарија -
Партија на Стрелестиот Крст, Романија - Железна Гарда, Шпанија -
Фалангисти, како и француските политички движења предводени
од поранешните социјалисти - Марсел Деа, Жак Дорио и други.
Карактеристично за сите нив е силното потпирање на државната
моќ, економијата заснована на големите корпорации,
авторитарното укинување на граѓанските права и слободи,
воведувањето на полициска држава, ксенофобијата,
истакнувањето на националистичкиот дух и општо,
реакционерната внатрешна и експанзионистичката надворешна
политика
Фашизмот, наспроти либералистичкиот
индивидуализам и социјалистичкиот
интернационализам, заговара воспоставување на
заедница како услов и облик на совладувањето на
кризата. Заедницата е единствена, органски
расчленета држава (италијански фашизам) или
единство гарантирано со крв и земја (германски
фашизам). Единството на нациите се воспоставува
со крвната чистота на истата. Сите разлики
(културни, верски, политички и сл.) треба да се
укинат затоа што тие го доведуваат во прашањето
темелот на заедништвото. Теророт е легитимно
средство за постигнување на "заедништво".

You might also like