You are on page 1of 2

Данте Алигиери

(1265-1321)

1. Живот:
- роден во Фиренца, потекло од аристократски род во опаѓање

- имал сиромашно образование, па сам го изучувал францускиот јазик и ги проучувал


античките поети (негов пример – Вергилиј, римски поет)

- на 18 г. се вљубил во Беатриче, која се омажила за друг и умрела инспирација

- почнал да проучува теологија, астрономија и филозофија

- многу млад почнал да се занимава со политика


( Бил „гвелф“ и се борел против „гибелините“. „Гвелфите“ се поделиле на „бели“ и „црни“,
а Данте бил со„белите“.Тие победиле, но се замешал папата Бонифициј VIII и власта ја
презеле „црните“. Тие почнале да ги прогонуваат „белите“.)

- бил прогонет од Фиренца и живеел во прогонство до крајот на животот

- умрел во Равена, каде штто ги поминал последните години и каде е погребан

2. Творештво:

„Нов живот“ – стихозбирка од 38 песни за љубовта кон Беатриче

„Пир“ („Гозба“) – филозофска расправа, 14 алегорични песни за Бог, задгроб.живот...

„Божествена комедија“ – поема од 100 песни, во 3 дела

„За народниот говор“ – расправа за јазикот

„За монархијата“ – политички трактат

„ Божествена комедија“

 филозофско-религиозна поема
 пишувана од 1307-1321 г.
 на народен јазик

1. Основна инспирација – Беатриче, но и приликите во Италија

2. Првобитен наслов -„Комедија“ (дело до среќен крај-спас за душите)


- потоа е додаден епитетот „божествена“ (совршенство)
3. Композиција во 3 дела: „Пекол“, „Чистилиште“ и „Рај“
- секој дел има по 33 песни + воведната песна = 100 (совршенство)
- строфата е терцина (по 3 стиха)

4. Броевите 3 и 9 – христијански симболи (Св.Тројца)


(9 круга во пеколот, 9 степени во чистилиштето и 9 неба во рајот)

5. „Божествената комедија“ е алегорично дело, во кое прeку христијанската визија за


задгробниот живот Данте го прикажал секојдневниот живот на земјата и политичкиот
живот во Италија

6. Тема: Судбината на човечките души по смртта, при што полагаат сметки за земниот
живот

7. Идеја: Човекот треба да изврши сопствена преродба, а потоа во општеството.


Осуда на човечките слабости и недостатоци.

8. Данте раскажува во I лице, присутен е во делото и видел с† со свои очи (видение)

9. Има многу личности: важни личности од политиката и културата, историски,


уметници, научници, но и митолошки суштества и божества

10. Изразни средства: симбол, алегорија, компарација, контраст, метафора, хипербола


* атмосфера за сите сетила (вид, мирис, звук, допир на кожа-грешниците се голи)

You might also like