You are on page 1of 24

Римска литература

• Римската литература во својот развој опфаќа повеќе од дванаесет


века. Таа започнува со првите споменици на латински јазик, а
завршува со пропаѓањето на римското општество и на неговата
култура. Пишувана е на латински јазик, оној што се говорел во
градот Рим, од каде што се пренесувала низ цела Италија, а потоа
и низ сите земји на Римското Царство. Затоа и се нарекува римска
литература, а не латинска.
• Делата на римската литература кои стигнале до нас се само мал
дел од она што било напишано на латиснки јазик. Овие дела се
зачувани, целосно или делумно, во средновековните записи на
пергамент и потекнуваат од IX век од н.е. или од подоцнежниот
период. Од антиката се зачувани мал број фрагменти на папирус.
Печатените изданија на овие дела почнуваат од XV век и се
темелат врз споредување на различни ракописи на еден ист текст.
• Римската литература се дели според развојот на латинскиот јазик, и тоа:
• - прв или почетен период (од првите пишани споменици до Ливиј Андроник или до 240 год.п.н.е)
• - втор или архајски период (од Ливиј Андроник до диктатурата на Сула, од 240 год.п.н.е. До 80 год.п.н.е)
• - трет или златен период (од диктатурата на Сула до смртта на Август, од 80 год.п.н.е. До 14 год. од н.е.)
• Третиот период се дели на два потпериода:
• - векот на Кикерон ( од 80 год.п.н.е. до 30 год.п.н.е.)
• - векот на Август ( од 30 год.п.н.е. до 14 год.п.н.е.)
• - четврти или среден период (од царот Тибериј до Хадријан, од 14 до 117 год.п.н.е.)
• - петти или период на пропаѓање ( од Хадријан до пропаѓањето на Западното Римско Царство, од 117 до
476 год.п.н.е)
• Во првиот период латинскиот јазик, се уште не бил доволно оформен
како литературен јазик. Карактеристичен е за почетоците на прозата, но
без некоја литературна вредност. Од спомениците од тоа време
значајни се: “летописите” – Annales, дела со историски содржини, во
кои се бележеле значајните настани, почестите, војните, триумфите,
цената на житото итн. Во првиот период на римската литература спаѓа
значајниот зборник на римското обичајноо право - Leges XII tabularum,
“ Законот на дванаесетте таблици”.
• Во вториот период на римската литература се развивала
уметничката проза, и тоа историографијата и говорништвото, но и
поезијата и науките. Во овој период, авторите биле под влијание
на грчката литература, но интензивно се развивал и латинскиот
литературен јазик. Тој постојано се збогатувал, но се појавила и
разликата меѓу градскиот говор ( sermo urbanus) и народниот
говор ( sermo rusticus или sermo plebeius).
• Римските историографи во почетокот пишувале на грчки јазик.
Прв меѓу старите “ аналисти” е Фабиј Пиктор, а прв на латински
пишувал Катон Постариот. Негово главно дело е Origines
(Почетоци) во 7 книги, во кое тој ја изложил римската историја од
доаѓањето на Аенеј до времето во кое пишувал тој Од
говорниците, од овој перипд, познати се браќата Граси, особено
помладиот- Гај Грах. Во овој период започнале да се развиваат и
науките. За прв римски филозоф се смета Елиј Стилон.
Фабиј Пиктор Катон Постариот
• Третиот период се дели на два потпериода: Августовиот период,
кој го опфаќа времето на борбите за Римската Република (период
во којшто се развива прозата) и Кикероновиот период (период на
мирен развој) во кој својот врв го доживува римската поезија. Во
однос на стилот и јазикот, тоа е периодот на класичниот, златен,
латински јазик. Како основа за литературниот јазик се користел
јазикот на римските образовни кругови, а разликата меѓу прозник
и поетскиот јазик станувала се поочигледна.
• Најголемиот претставник на римското говорништво е
Марк Тулиј Кикерон (Marcus Tullius Cicero 106 год.п.н.е.-
43 год.п.н.е). Тој бил со жив дух, со голема фантазија, со
извонредно паметење, неисцрпна духовитост и со
способност да си воодушеви слушателите. Покрај тоа,
имал убав глас и достоинствено држење. Од него се
зачувани 57 говори. Меѓу попознатите говори се
четирите говори Против Катилина – In Catilinam, во кои
тој ги напаѓа Катилина и неговите приврзаници за
ковањето заговор за Рим; ги разоткрива нивните
мотиви и го запознава народот со натамошната
пресуда. Кикерон пишувал и реторички и филозофски
дела.
• Од филозофските говори познати се: De re publica (За
републиката), De legibus (За законите), De natura deorum (За
природата на боговите) итн.
• Во делата на Кикерон наоѓа одраз целата култура на неговиот
период. Тој е најголемиот римски говорник и писател. Неговите
заслуги на полето на развојот на класичниот латински јазик се
непроценливи.
• Особено значаен лик во римската историја од овој
период е Гај Јулиј Каесар (Caius Iulus Caesar 100 год.
п.н.е. – 44 год. п.н.е.). Неговото прво дело е Comentarii
de bello Gallicio (Белешки за Галската војна) во 7 книги,
во кои ги опишува војните во Галија. Овде се бнесени
многу географски и етнографски податоци за животот
на старите Гали, Германи и Британци. Во делото
Comentarii de bello Gallicio (Белешки за Галската војна)
Каесар ги опишува настаните во време на граѓанската
војна од неговиот премин преку Рубикон до смртта на
Попеј.
• Коментарите на Каесар се вбројуваат меѓу
најпознатите дела на римската проза. Сеставени се
јасно и едноставно, а раскажувањето е живо и
интересно. Стилот му е збиен, едноставен и лесен, а
јазикот чист и ненакитен.
• Во овој период творел познатиот историчар Гај
Салустиј Крисп (Caius Salustius Crispus 86 год.
п.н.е. – 35 год. п.н.е.). Главно дело му е Historiae
(Истории) во 5 книги кои опфаќаат период од 12
години, од смртта на Сула до Помпеевата војна
против Митридат. Поради значајните настани
што ги содржело ова дело и поради
непристрасноста на авторот, делото е од голема
важност за историјата.
• Особено место меѓу поетите од овој период зазема Тит Лукретиј
Кар (89 год. п.н.е – 55 год. п.н.е.). Тој го испеал филозофско-
дидактичкиот еп De rerum natura (За природата на нештата) во 6
книги во хексаметар. Гај Валериј Катул е првиот претставник на
личната, субјективна лирика во римската поезија. Од него се
зачувани на 100 песни во различен метар. Неговата лирика го
обележала преминот меѓу архајскиот и златниот период на
римската литература и имала големо влјијание врз поетите од
наредните векови. Најпознати во ,, Кикероновиот век “ од
сатиричарите е Варон.
Тит Лукретиј Кар Гај Валериј
Катул
• Најпознатиот говорник од Августовот век е Сенека Постариот,
татко на познатиот филозоф Сеника, а најистакнатиот историчар е
Тит Ливиј (Titus Livius, 59 год. п.н.е. – 17 год. п.н.е.). Од Ливиј ни е
зачувано делото под наслов Ab urbe condita (Од основањето на
градот) во 142 книги, во кое ја обработува целата римска
историја, од доаѓеањето на Енеј во Италија до смртта на Друсус
во 9 год. п.н.е.
• Во овој перод се негувале сите видови поезија.
Сенека Постариот Тит Ливиј
• Најголеми претставници на епиката и дидактиката се Вергилиј и
Овидиј. Лириката, пак, се развила во сите свои форми. Нејзин
главен претставник е Хоратиј, а на елегијата се: Тибул, Пропертиј
и Овидиј. Важно место има и сатирата, особено онаа на Хоратиј.
• Најважно дело на Вергилиј, напишано по желба на Август,
ехеројскиот еп Aeneis (Аенеида) во 12 книги, напишан по
примерот на Хомеровите Илијада и Одисеја.
Вергилиј Овидиј
Хоратиј
• Во четвртиот период на римската литература како
најзначаен претставник на историографите се смета
Корнелиј Такит (Cornelius Tactius, 55 – 117 год.).
Неговите дела се: Historiae (Истории) во 14 книги,
Annales или Ab excessu divi Augusti (Од смртта на
божествениот Август) во 16 книги.
• Такит, пишувајќи ги своите дела, се дружел со
различни извори: со службени документи, со
мемоари, со делата на современиците, со
сопственото искуство, како и со усното предание. Со
сиве овие извори се служел критички, споредувајќи
различни мислења од кои го избира најверојатното.
Пишувал искрено и непристрасно, sine ira et studio.
• Од говорниците во овој период се издвојува Плиниј Помладиот, а
од филозофите Сенека Помладиот. Сенека бил стоик е се
интересирал за проблемите на животот и смртта. Меѓу неговите
најзначајни дела се Дијалозите во 12 книги. Во науката се јавуваат
многу извонредни творци. Едно од позначајните дела е Naturalis
historia, кое претставува енциклопедија на природните науки во
37 книги од Плениј Постариот.
• Претставник на сатирата од овој период е Јувенал, а мајстор на
римскиот епиграм е Мартијал. Неговата збирка содржи околу
1500 епиграми со различна содржина.
Плиниј Јувенал
Помладиот
• Петтиот период на римската литература се совпаѓа со
пропаѓањето на римското царство, период кога и во латинскиот
јазик се повеќе преовладува seremo plebeius. Еден од авторите
кои твореле во овој период е Светониј (75-150 год. од н.е.) кој
пишувал на различни теми: за грчките и за римските игри, за
римските обичаи. Единствено зачувано од неговите дела му е De
vita duodecim Caesarum, животописи на 12 ремски цареви. Во овој
период правото го достигнува врвот на својот развој.
• Изработка:
• Теодора Пејчиќ
• Елена Камберова
• Христина Тешева
• Лидија Чукова

You might also like