You are on page 1of 6

Средновековна литература во Европа

1.Пропаста на Римското царство (1V-V век од н.е)


2.Големата преселба на народите од 1V-V1 век (учествувале Германите,
Словените, Монголите и Турците)
3.Италија, Галија и Шпанија биле Романизирани (говореле латински -
вулгарен латински јазик.) 4.Распаѓање на робовладетелското опшество и
градење на нови опшествени односи - феудализам 5.Во средновековната
литература влијаат три фактори: -традицијата на народното творештво; -
културното влијание на антиката; -христијанството.
6.Христијанството се воведува како официјална религија во Западна Европа.
7.Од V-X век, црквата станува огромна политичка сила (со латински јазик).
8.Литературни жанрови во средновековниот период се химни, духовни
стихови, житија, парафрази на Библијата, средновековни драми,
христијански легенди. *Политеизам = верување во повеќе богови. *Црквата
имала непријателски став кон антиката поради политеизмот.
9.Епови: -„беовулф" е староанглиски јуначки еп -„Еда" е староисландска
поезија (два зборника) -„Песната" за Роланд е старофранцуски еп (циклус
херојски епови за Карло Велики) -„Песната за Сид" е епска песна на шпански
автор (кастилијански). Корнеј врз оваа песна ќе ја напише драмата. -„Словото
за походот Игорев" е староруски еп -„Калевала" е фински зборник од
народни песни -„Сага за Нибелузите" е германски еп
-„Романот за Тристан и Изолда" е средновековен љубовен роман. (припаѓа
на клетски циклус рицарски роман) Почетоците на словенскта писменост -
Навлегуваат од Источна Европа на Балканот во V11 век. -Македонија
населена со племиња: Драговити, Велегизити, Берзити, Сагудати, Ринхинити,
Струмјани и Смолјани. 1.Словените се населиле во периферните делови на
Византиското царство. -Создале склавинии = предел населен со Словени
(родовско-племенски заедници) -Племенските сојузи биле создадени на
почетокот на V11 век. Царот Констанс 11 u неговите наследници во
средината на V11 век ги ставиле под своја власт.
-Цариградската патријаршија настанала по поделбата на Римското царство
(Источно и Западно) -Јазик на словенските народи - старослевенски -
Паганство (многу боштво) - Словените го замениле со христијанство -
Христијанството во Европа се практицирало на латински и грчки јазик.
Дејноста на словенските просветители Кирил и Методиј
1.Тези - извори од кои се земаат податоци за животот и делото на браќата
Кирил и Методиј. -според јазикот на кој напишани се делат на словенски,
грчки и латински.
2.Словенски извори: „Панонски легенди"
3.Грчки извори: „Бугарската легенда" -(Климентовото пространо житие на
охридскиот архиепископ Теофилакт од 11 век) -„Охридска
легенда"(Климентовото кратко житие на охридскиот архиепископ Хоматијан
од 13 век) -Македоснката легенда (се однесува на животот и делото на Наум
Охридски)
4.Латински извори „Моравската служба", „Италијанската легенда",
„Моравската " легенда, „ Чешката легенда и Краковската легенда".
5.Житијата настанале по нивната смрт по 869г. на Кирил, а по 885г. на
Методиј.
6.Науката смета дека житијата не можеле да бидат напишани пред крајот на
9 век.
7.Житието како средновековен жанр во словенската литература е преземено
од општохристијанската традиција. Хагиографија - опис на животот на
христијанските светци.
Панонски легенди
Поделба: житие на Константина и житие на Методија Име: Панонски легенди
или Панонско-моравски легенди Претпоставки: -на Константин - од Методија
-на Методија - од Константин -нивниот ученик Климент -некој моравец
Житие на Константин:
- Роден: Солун, 827 год. н.е - Родители: Лав и Марија - Најмалото дете од 7
деца
Мисии:
1. Сараценска мисија (851 год.ј ; Константин имал 24 години - Верска
(Ширење на христијанството) и политичка (Агарените почнале да
претставуваат опасност за границите на Византија) цел ,- Важни настани:
демонските ликови на вратите од куќите, расправиите со Сарацените за
Светите Тројца (полемиката со исламот и враќањето на заробеници), зошто
различно се проповеда христијанството.
(По Сараценската мисија, Константин го посетил брат му на Олимп)
2. Хазарска мисија (860-861 год:) ; Константин имал 34 години -
Дипломатско- верска основа. Во неа учествувале браќата Константин и
Методиј како и други византиски пратеници. Хазарите побарале од Византија
да им помогнат да го ослабнат влијанието на еврејските и арапските
мисионери и да им помогнат во војна против Русите и Агарените. Константин
ги пронашол моштите на римскиот папа Климент 1 во Моетското Море.
Константин успеал да го скроти Хазарскиот војвода. Разоварал со Хазарите за
верувањето во Светата Тројца бидејќи тие дотогаш верувале дека постои
само еден бог. Константин проучил и нови јазици (рашкиот јазик) и се
занимавал со граматиката. Цел: Да им се помогне на Хазарите да ја изберат
верата помеѓу Евреите и Сарацените (јудизмот или исламот).
3. Моравска мисија (863 год.) ; 40 месеци во Моравија Најважна мисија за
словенскиот свет. Откако се посоветувал со своите кнезови и Моравјани,
моравскиот кнез Ростислав, му испратил пратеници на царот Михајло 111 со
порака дека негВо неа учествувале браќата Константин и Методиј како и
други византиски пратеници. Хазарите побарале од Византија да им
помогнат да го ослабнат влијанието на еврејските и арапските мисионери и
да им помогнат во војна против Русите и Агарените. Константин ги пронашол
моштите на римскиот папа Климент 1 во Моетското Море. Константин успеал
да го скроти Хазарскиот војвода. Разоварал со Хазарите за верувањето во
Светата Тројца бидејќи тие дотогаш верувале дека постои само еден бог.
Константин проучил и нови јазици (рашкиот јазик) и се занимавал со
граматиката. Цел: Да им се помогне на Хазарите да ја изберат верата помеѓу
Евреите и Сарацените (јудизмот или исламот).
овите луѓе и тој се заинтересирани во христијанството, но немаат заеднички
разбирлив јазик (мотивација на Ростислав: ширење на христијанствотона
словенски јазик за Византија значело можност за шрење на нејзиното
влијание во Европа.Константин ја создал глаголицата која има 38 букеи
(доказ за тоа е палимпсестите - текстови на паргамент на кој се забележува
дека постои постар, избришан текст). 3аедно со Методија и своите ученици
отишол во Моравија и почнал да го преведува евангелието.Првиот превод е
на „Изборното евангелие". Тријазична догма-тоа подразбира верување дека
христијанството може да се проповеда само на трите, божем од Бога
избрани јазици : хебрејски, латински и грчки (на овие јазици бил напишан
натѕписот на крстот на кој бил распнат Исус).Во Моравија, Ростислав собрал
ученици кои му ги дал на Константин за да ги научи. Почнале да вршат
литургија на словенски јазик. По три години папата Адријан 11 ги примил во
Рим (ги носеле и моштите на папата Климинет 1 пронајдени во Херсон =
Хазарска Мисија).
- Ученици: Климент, Наум, Горазд, Сава, Ангелариј Надимак: Филозоф Своето
име Константин го сменил во Кирил кога се разболел и замонашил За прв пат
на словенски пееле во црквата на Св. Апостол Петар, Св. Патронила, Св.
Андреја, Св. Апостол Павле. - Умрел во Рим на 14 февруари 869 год. (6377 од
настанокот на светот) на 42 години. Погребан е во црквата Св.Петар, но по
барање на Методи неговите останки биле префрлени во црквата Св. Климент
во Рим.
Преведувачка дејност:
Го превел Пофално слово на Григориј Богослов Во Херсон, Константин ги
превел 8-те делови на граматиката Во Моравија го превел евангелието и
цела црковна богослужба (цело Свето Писмо) освен книгата на Макавеите од
грчки на словенски јазик за 6 месеци од март до 26 октомври Методија го
превел и Номоканонот (Правила за законот и книгите на отците), а заедно со
Кирил ги превел Псалтир, Евангелие и Апостолот
- Брегалничка епископија - по текот на реката Брегалница, словенски
племиња околу 10 години за да го христијанизира населението
Житие на Методиј
Роден во 825 година во Солун Родители: Лав и Марија Најстаро дете
Управувал со словенската област Престојувал во манастирот Полихрон на
Олимп Заедно со брат му Кирил бил во Моравија Апостолскиот намесник
Никола го посветил за свештеник По расправијата со царот бил затворен две
ипол години во Швапско Датон и Авирон ширеле обвинувања против
Методиј Умрел на б април 885г. (6393г.) Ученици: Климент, Наум, Горазд,
Сава, Ангелариј
Преведувачка дејност: -го превел Светото писмо, освен книгата на Макавеите
(за 6 месеци од март до 26 октомври) -го превел Моноканонот (зборник на
црковни правила) -Го превел Патерникот (зборник изреки и приказни од
животот на светите оди - монаси) -Заедно со брат му Кирил го превеле
и„Псалтир", „Евангелие" и„Апостол"
Климент Охридски Прв оргинален словенски писател и Основоположник на
словенската писменост и култура во Македонија. Има две житија:
„Пространо Климентово житие " од архиепископот Теофилакт, кое е
приближно нажишано во Х1 век и„Кратко Климентово житие"од охридскиот
архиепископ Хоматијан од Х111 век (грчки извори) Ја создал Охридската
книжевна школа
*По иницијатива на владетелот Симеон, кирилицата е земена за официјално
во Преслав / Преславската книжевна школа 1.Карактеристики на Охридската
книжевна школа: -Почитување на делото на Кирили Методиј; -Чување на
писмото создадено од Кирил (глаголица); -Отпор кон елинизацијата.
Климент бил познат Велички епископ. бил познат по пофалните и поуните
слова (Св.Климент) Пред смрпа го преведувал „Цветниоттриод" Умрел на 27
јули 916г. и бил погребан во манастирот Св. Пантелејмнон во Охрид
*Поучителни слова: Св.Тома, Св.Антониј, ееангелистот Марко, Св.Петар и
Павле, текствои за Богородица и за Исус. *Слова: Кирил филозоф, Кирил и
Методидј, Јован Крстител, Лазар, Цветници, пророкот Илија и др.

Наум Охридски
-Учител, црковен и културен просветен деец. -Учествувал *0 Моравската
мисија, а го ширел христијанството и во Панонија, Девол и Илирик
*Најстарото житие има анонимен автор од Х век *Второто кратко словенско
житие од Св.Наум од XV1 век го пронешол преродбеникот Ј.Х.К. Џинот
*Грчкото Наумово житие е познатопод името Македонска ле ерз основа на
Пространото грчко Климентово житии, генда.Настанало од XI11 век
-Се смета дека е автор на Канонот за Апостол Андреј и Канонот за п е
моштите на Јован Златоуст, р несувањето на
-Умрел на 23 декември 910г. -По смрда е нанонизиран за светец, поради
чудата кои се случувале на неговиот гроб и во манастирот
Средовековни книжевни жанрови 1. Хагиогрофиlа- опис и живот на
светителот. Се делат на општохристијански и локални. („Панонски Легенди"
спаѓаат во локалните) 2. Апокриофи- како жанр се напојуваат од Библијата
(има старозаветен - најчестосе теми: Аврам (Сара и Исак), Царот Давид и др.
и новозаветни - Исус, Богородица, Апостолите). 3. Романи и раскази во кои
влијаеле старите ориентални литератури и антиката. Романи: „Тројанска
војна", „Тристан иИзолда", „Теофана крчмарката", „Девојката без раце" и др.
Раскази:
*Патетични разкази (со теми од монашкиот живот ) „Приказните 1001 ноќ ",
„Милетски приказни ", „Вавилонски Истории " и др. 4. РазVмник- има
дијалошка форма, динамично одговара на љубопитноста на
средновековниот човек кој поставува многу прашања, попикнат од појавите
на светот. 5. Физиологот- е жанр во кој се се наоѓа на едно место (во таа
енциклопедиска зоологија и реални и имагинирани - замислени,
непостојани), мотолошки животни.
*Апостол - пратеник, оној кој шири некое учење.

You might also like