You are on page 1of 9

РОМАНТИЗАМ

Налик на средновековно, фантастично, чудесно,сентиментално мистично...


Романтизмот е најсложениот и напротивречниот стил во литературата и во
уметноста
Појава на романтизмот
• Започнува на крајот на 18 век и ги опфаќа првите три децении на 19 век.
• Не се појавува истовремено во сите литератури и нема исти карактеристики.
• Појавата и идеите на романтизмот се поттикнати од повеќе историски
настани: Француската граѓанска револуција (1789), подемот и падот на
Наполеон и др. револуционерни движења.
• Романот „Јулија“ или „Нова Елоиза“ од Жан Жак Русо се смета дека го
најавува романтизмот во литературата („Човекот е роден слободен, а
постојано е во ланци“.)
Романтизмот како реакција на
класицизмот и рационализмот
Класицизам Романтизам
• Култ кон разумот • Култ кон чувствата
• • Бунт против правилата
Култ кон правилата
• • Слобода на изразот, мистичност,
Едноставност, јасност,
хармоничност, симетрија чудно, чудесно, фрагментарност,
иронија
• Поучна функција на литературата • Естетска функција на литературата
• Строга поделба на книжевните • Мешање на книжевните родови и
родови и видови видови
• Античката уметност • Средновековната уметност
Особености на романтизмот
• Светска тага/болка (како резултат на судирот меѓу идеалите и стварноста);
• Незадоволство од стварноста, копнеж по непознатото и далечното, бегство од реалноста;
• Култ кон минатото (среден век, крстоносни војни, хероизам);
• Творечки индивидуализам (уметникот треба да ги изразува само субјективните чувства, ликовите се
крајни индивидуалисти);
• Стремеж за потполна слобода во создавањето (мешање на родовите и видовите и појава на нови
литературни видови);
• Доминираат лирските елементи во сите книжевни родови;
• Култ кон народното творештво;
• Идеализација на жената;
• Пејзажот е во функција на изразување на чувствата/душевната состојба на уметникот;
• Богат стил и јазик со стилски изразни средства, сликовит, музикален, ритмичен и др.
Лирската поезија во романтизмот
• Лирските дела се одликуваат со:
1. Спонтано изразување на најдлабоките доживувања на уметникот;
2. Нагласена звуковна организација на стихот и музикалност;
3. Пејзажот го симболизира поетовото душевно расположение;
4. Богат поетски јазик со епитети, метафори, антитези и оригинални поетски
зборови.
• Се појавува поемата како лирско-епски вид (дело во стихови, со нагласено
емотивно доживување на ликовите и настаните).
Епските и драмските видови во
романтизмот
• Како резултат на мешањето на лирските и епските елементи се појавуваат нови
форми на романот: роман во писма (епистоларен), роман во стихови, роман во
форма на дневник, мемоари и др.
• Популарни се и историските романи и раскази, раскази со фантастични елементи.
• Романтичарските ликови: ја сакаат слободата, имаат возвишени идеали, живеат
во сопствениот свет на соништа, фантазија, се бунтуваат против општетсвените
норми и др.
• Во драмските дела преовладуваат лирски елементи, а честопати се
испреплетуваат драмските ликови со писателот и публиката.
• Темите на драмските дела се најчесто од историјата, од средновековни легенди,
народната митологија и содржат многу фантастични и мистични елементи.
Придобивки на романтизмот
• Први започнуваат да го проучуваат народното творештво.
• Романтичарскиот интерес за националната историја, уметност ја буди
националната свест кај многу народи под туѓа власт.
• Ги создале првите научни граматики во современа смисла на зборот.
• Создале нови типови ликови.
• Го збогатиле поетскиот јазик со нови зборови.
• Создале нови литературни видови.
• Ја ослободиле уметноста од строгите правила, стереотипи кои ја
ограничувале слободата во творештвото.
Претставници на романтизмот
• Во Франција: Виктор Иго („Клетници“, „Ѕвонарот на Богородичната црква во
Париз“), Ф. Шатобријан, Мадам де Стал и др.
• Во Англија: Џорџ Гордон Бајрон („Странствувањето на Чајлд Харолд“,
„Манфред“), С. Колриџ, В. Вордсворт и др.
• Во Германија: Фридрих Шилер („Вилхелм Тел“), Јохан В. Гете („Страданијата
на младиот Вертер“, „Фауст“)
• Во Русија: Александар С. Пушкин („Евгениј Онегин“), Михаил Ј. Лермонтов
(„Херојот на нашето време“, „Демон“)
Виктор Иго
Александар С. Пушкин

Џорџ Гордон Бајрон

Јохан Волфганг Гете

You might also like