You are on page 1of 3

МАКЕДОНСКИ – ЛЕКТИРИ

1. Класицизмот се појавил во 17 век во Франција. Карактеристики на класицизам:


- инспирација
- разум
- култ кон антика
- совршенство на форма
- возвишен тон и хармоничност во стилот
- создавање творби за различни групи на луѓе
2. Претставници на класицизмот:
- Жан Батист Молиер
- Жан Расин
- Пиер Корнеи
3. Дела на Жан Батист Молиер: Дон Жуан, Тартиф, Вообразениот болен, Скржавец,
Мизантроп. Твори на крајот на 16 и почетокот на 17 век.
4. Ликови во Тартиф:
- Оргон: занесен, измамен, глава на куќата, заслепен, богат, верник, го дава
имотот, неразумен, наивен, му верува на Тартиф, маж на Елмира, татко на
Дамис и Маријана, тврдоглав, потпаѓа под влијание;
- Тартиф: дволичен, лицемер, криминалец, неверник, лажго, егоист, сиромашен
бездомник, манипулатор, итар, безмилосен, сладострасник;
- Дорина: изграден лик, верна на семејството, гласот на разумот, слугинка, јасно
го кажува својот став, мудра, храбра;
5. Тема во Тартиф: Конфликт во едно богато у уредно семејство поради прифаќањето
и величењето на Тартиф.
Идеа: Разобликување и критикување на религиозното лицемерство;
6. Делото е составено од 5 чина во стихови, комедија со елементи на фарса, комедија
на карактери и нарави.
7. Романтизмот во Европа се појавил во 18в. Карактеристики на романтизмот:
- индивидуализам (чувство на осаменост и слобода, нов поетски принцип на
оригиналност);
- бегство од реалноста и копнеж кон непознатото;
- слобода на творење
- почитување на традицијата и народното творештво
- култ кон татковината и убавата жена
8. Претставници: Гете, Шилер, Бајрон, Жан Жак Русо, Браќата Грим, Виктор Иго.
9. Дела на Бајрон: Странствувањата на Чајлд Харолд, Абидонската свршеница, Дон
Жуан, Лаура.
10. Странствувањата на Чајлд Харолд
- Романтичарско – индивидуалистички поема од 4 песни
- тема: патувањата и доживувањата на Чајлд Харолд
- идеја: разочарувањето на ликот од општествените прилики во Англија и Европа
11. Чајлд Харолд: самобендисан, лаже, млад човек, грешник, сака оргии со жени, пие,
не прави добри дела, од богато благородничко семејство, осамен, заситен од се,
патува.
12. Александар Пушкин:
- руски претставник на романтизам и реализам
- Село, На Керн, Зимска вечер (поеми), Капетановата ќерка, Евгениј Онегин
(романи), Борус Годинов (трагедии)
13. Евгениј Онегин:
- 8 пеења со различен број песни (роман во стих)
- секоја строфа има 14 стиха – Онегинска строфа
- освен романтичарски белези, Пушкин прикажува реалистични настани од
живеењето во Русија;
- тема: младешката идеализирана и неостварена љубов меѓу Евгениј и Татјана;
- 20 години од 19 век;
14. Ликови во Евгениј Онегин:
- Евгениј Онегин: осамен, чувствува тага, оди од град во село, млад и богат,
умен, оди на балови, жените го сакаат, ужива во друштво со жени, од
благородничко семејство, алчен за пари, заљубен во Тања, тврдоглав, се дружи
со Ленски, ја одбива Тања...
- Ленски: жртва, вљубен, богат, наивен за љубов, убиен, пријател на Онегин,
поет, образуван, верен на Олга, огнен дух.
- Тања: тажна, наивна, молчива, одбиена од Онегин, го одбива Онегин, заљубена
во Онегин, оди од село во град, омажена, романтична душа, сака да чита романи
со страшна содржина, повлечена, спротивна на Олга...
15. Виктор Иго – француска литература. Дела: Хан од Исланд, Богородичната црква во
Париз, Анџело, Клод Ге, и романот Клетници.
16. Богородичната црква во Париз:
- пишувана во 1830, дејството е од 1482;
- инспирација е зборот „судбина„ кој бил напишан во црквата
- историски роман
- составен од 11 книги

17. Ликови:
- Квазимодо: куц, грд, сирак, живее во катедралата, ѕвонар, израснат од Клод
Фроло, понижуван, победник (најгрд во Париз), слеп на едното око, глув,
исчезнува, камшикуван, заљубен во Есмералда, грбав, пробува да ја киднапира
Есмералда
- Есмералда: циганка, сака да танцува, главен женски лик, обесена на плоштад,
има коза (Џали), благодарна на Квазимодо, убава, сирак, млада, праведна,
многу мажи биле заљубени во неа, предадена од Клод Фроло, обвинета за
убиството на Фебус
- Клод Фроло: проѓакон, брат на Жан Фроло, го израснува Квазимодо, образуван,
паметен, строг кон Квазимодо, заљубен во Есмералда, скршнува од
Господовиот пат, знаел јазици и науки, најмлад во катедралата, родителите му
се починати, ситно благородничко семејство
18. Јохан Волфганг Гете е претставник на германската литература. Дела: Страдањата
на младиот Вертер и Фауст.
19. Страдањата на младиот Вертер:
- роман во вид на писма (како вид на дневник)
- Вертер му пишува на Вилхем, но нема повратен одговор
- испраќа љубовни писма на Лота
- тема: силна и неостварена љубов
- ликови: Алберт, Вертер, Лота, Вилхем
20. Ликови
- Вертер: млад и богат, заљубен, интелегентен, оди во село, емотивен,
егоистичен, интелегентен, се самоубива, опсесивен со Лота, безнадежен,
романтичен, разумен, дружељубив, вистински пријател
- Лота: убава, млада, умна, верена со Алберт, ужива во присуство на Вертер,
мила личност
21. Дела на Едгар Алан По:
- поезија: Тимерлан и други песни, Анабел ли, Песни, гарванот, Ѕвона, За Ани
- кратки романи: Раскази, гротески и арабески, Раскази
- роман: Авантурите на Артур Гордон Пим
22. Гарванот
- составена од 18 песни
- мотив: смртта на љубената
- поема, строфична (според организација на строфите)
- строфите се секстини

You might also like