Professional Documents
Culture Documents
РОМАНТИЗМОТ ВО ГЕРМАНИЈА - ГЕТЕ
РОМАНТИЗМОТ ВО ГЕРМАНИЈА - ГЕТЕ
„Страдањата на младиот Вертер“ жанровски се определува како епистоларен роман чие дејство
се прикажува преку писмата што еден или повеќе јунаци си ги испраќаат меѓу себе. Станува збор
за писмата кој Вертер му ги праќа на својот пријател Вилхелм. Во овие писма главно се зборува за
забранетата љубов на Вертер кон девојката Лота (Шарлота), а на некои места се среќаваат и
писма кои Вертер ги праќа и на Лота.
Вертер се повеќе го минува времето заедно со Лота во нејзиниот дом, па така станува добар
пријател и со нејзиниот татко. Од ден на ден се повеќе се приврзува кон неа, но и Лота не
останува рамнодушна кон него. И двајцата се сродни души-љубители на природата, уметноста,
особено на поезијата и музиката.
Следува моментот кога на имотот доаѓа вереникот на Лота, Алберт. Тој е стабилен сериозен
човек, но од друга страна тој е човек без емоции и страст. Интересно во приказната е тоа што и
Вертер во неговиот соперник гледа како на добар и чесен човек. Сега за главниот јунак
новонастанатата состојба станува уште потешка. Не може да се помири со фактот дека неговата
љубена е ветена за друг и дека Лота наскоро треба да се омажи за друг човек. Воден од
моралните норми и грижа на совеста, Вертер решава да го напушти местото и тоа без да се
поздрави.
Во вториот дел од романот Вертер знае дека доживеал љубовен пораз и решава да си го
пронајде местото во општеството. Наоѓа и работа со добра заработувачка и конечно ќе реши да си
го промени животот. Но, набргу и општеството ќе си го покаже вистинското , сурово лице. Вертер
е разочаран од лицемерието во општеството. Го повредуваат и односите во хиерархијата- според
општеството не е важно колку вредиш и колку си способен, туку е важно човековото потекло. Ако
си роден со „сина“ крв тогаш имаш благородничко потекло и без никаков проблем ќе бидеш
високо котиран во општеството. Од друга страна ако имаш обично потекло (каков што бил
Вертер), можеш да бидеш само слуга на благородниците.
Во местото Вертер ќе се запознае и со друга девојка, која му станува навистина мила, но која
никогаш нема да може да го заземе местото на Лота.