You are on page 1of 2

ВТОРА ПИСМЕНА РАБОТА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

„Страдањата на младиот Вертер“

Творец на романот Страдањата на младиот Вертер е познатиот германски


романтист, Вајмарски класичар- Јохан Волфган Гете.Тој бил поттикнат од
големиот француски писател и филозоф Жан Жак Русо да го напише овој
сентиментален роман и воедно ова дело е надоврзување на Русовиот роман
Јулија. Романот на Гете предизвикал големо воодушевување и станал моден
тренд на опшественото однесување-вертизам. Меѓу германската младина
предизвикал ослободување на потиснатите чувства.
Романот е пишуван како серија од писма, кои ги пишува младиот Вертер , на
својот пријател, откако заминува во потрага по едноставноста и непосредноста на
живеењето. Причината на неговото заминување е љубовна интрига со две сестри
и лажна надеж која ја дава.Вертер ги остава зад себе и неговото пресвртничко
срце и потребата да се поправи себе си. Просторот од кој бега Вертер е едно
мало и грдо гратче , кое тој не го претставува преку улиците и гратскиот живот,
туку со прошетките по неговата ридеста околина и природниот пејзаж.Неговиот
сон е живот во куќа во тивка околина на ридче, блиску до
селото,едноставен,спокоен. Часовите на талкање по ридовите, честите прошетки
до селото, му се, да го набљудува животот и навиките на селаните.Тој се
воодушевува на безгрижноста и слободата во која растат селските деца,нивната
непосредност во искажување на чувствата,нивните страсни и простодушни
избувнувања од силината на желбите. Го пленува и топлината и
простосрдечноста на тамошните жители, особено едноставниот и чувствителен
селски момок, кој е заљубен во вдовицата кај која работи.Таа љубов е
неостварлива поради двојниот морал на средината и затоа овие две души
остануваат длабоко унесрекени.Затоа Вертер е длабоко замислен и душевно
растревожен од трагичната судбина на селскиот момок. Неговите погледи кон
светот битно се разликуваат од оние на тамошните жители, тој не припаѓа на тој
свет, но сепак се вљубува во Лота. Тој потполно и се препушта и страсно ја љуби
иако претходно е предупреден дека е свршена. Вертер понатаму не превзема
ништо за да ја прекине извесноста на своето страдање и вљубеност дури и во
присуство на нејзиниот свршеник,кон кого е пријателски наклонет. Тој бира мигови
да биде насамо со Лоти, но е растргнат помеѓу страста и желбата да се казни
поради неа. Во душата на Вертер се јавува помисла на самоказнување,
заминување, конечна разделба. Оди, заминува, но по одредено време се враќа и
веќе Лота е мажена за Алберт и односот меѓу тројцата е напрегнат и
неподнослив. Вертер излезот го гледа во конечното заминување во смрт, одлука
која созреала со неговиот избор на одбивање да ја прифати умереноста и
компромисот во животот.
Вертер мечтае за живот кој е во остра спротивност со реалноста што го
опкружува, со опшествените конвенции кои го спречуваат слободниот развој на
човекот. Можеби во секој од нас живее по еден млад Вертер кој страда.

You might also like