You are on page 1of 2

ЉУБОВТА ГО ПРАВИ НЕВОЗМОЖНОТО

Велат љубовта го прави невозможното. А што е њубовта? Љубовта е сонување,


месечарење кое јаве станува. Да сонуваш со отворени очи, да леташ со раширени
крилја бестрашно и мудро под неба кои сам ги создаваш. Да го освоиш светот и
да создадеш еден свој свет. Да градиш мостови и да ги постилаш со ѕвезди.
Секоја ѕвезда една желба. Секоја желба инспирација, сила и мотив за бестрашно
сонување, оти љубовта го прави небозможното.

Љубовта е магија. Магија која тивко те опива, магија од која нема спас. И ниту
еден магепсник не може да направи магија која ќе даде точна дефиниција за
љубовта. Љубовта значи да живееш, да копнееш, да се будиш секое утро со
помислата дека некому си му потребен.Љубовта е копнеж.Љубовта е волшебство
и возвишеност.. Љубовта е најубавото чувство. Чувство кое нè исполнува, чувство
кое може да ги помине сите препреки само за да спои две срца. Љубовта е
единственото нешто кое кога ќе се подели помеѓу двајца, се зголемува.

Љубовта ни го прави животот посебен и единствен. За некого љубовта


претставува болка и страдање, додека за некого претставува најубавото и
најпрекрасното нешто на светот. Љубовта е моќна да не направи немоќни.
Љубовта го прави невозможното.

Љубовта е чудно чудо. А може ли да се случи нешто почудно, потаинствено и


поволшебно од доживувањето на првата љубов. Постои ли нешто поубаво од
чувството дека имаш крилја да го прелеташ целиот свет. Ја открив љубовта, но не
ми требаа нејзините очи за да ја видам. Ни насмевката, ни зборовите, ни допирот.
Затреперив пред нејзе како лист кој се обидува да се задржи за да не биде одвеан
од ветрот. Треперев како трепетлика, како мала срна што бега да не стане нечиј
плен. Горев како пламен. Сјаев како ѕвезда. Добив крилја за нови летови. И сонот
си го располсав не небото меѓу ѕвездите, оти љубовта го прави невозможното.

Љубовта е пријателство, доверба и разбирање. Љубовта е најсилната сила. Сила


која го врти светот. Клуч кој ги отвора портите на срцето. Љубовта е безвременост
која нема граници. Љубовта е Феникс што секогаш се раѓа. Понекогаш само треба
повеќе да веруваме во себе, да бидеме полни со љубов и да знаеме дека
љубовта го прави невозможното.

Љубовта е книга ненапишана. Љубовта е океан разбрануван Љубовта е оган


невидлив што гори. Љубов-седум неба еден поглед.Љубов- тема недопеана.
Љубовта е како пролет, која на усни руди, како цвеќе од замечтаен сон не буди.
Љубовта е како лето, кое ни се смее, како сонцето таа со зраци не грее.

Љубам, значи дека постојам.

Љубовта го прави невозможното!

You might also like