You are on page 1of 2

12.11.

2020

Будењето на човековата свест под влијание на љубовта и мудроста


прикажани во делото ,,Пеколот” од Данте Алигиери

Tврдењето дека средниот век бил време на мрак среде светлиот свет
на хуманизмот и ренесансата делумно се негира со творештвото на автори
како Данте Алигиери со ,,Божествена комедија”, страствена синтеза на
христијанството и класичната култура.

Како отсјај на горенаведеното, можам да ја истакнам парузијата на


свеста како солуција за оваа минорна егзистенција, од оваа сурова
реалност. Како можност да се кохезираме со единствената движечка сила
во универзумот, безусловната љубов која струи насекаде, а само
најмудрите успеале да и се вратат во нејзините прегратки и да продолжат
да јаваат по вечниот бран кој струи кон бескрајноста. Сфатив дека љубовта
не е се што ни треба , таа е се што постои . А, во сфаќањето тлее самата
мудрост , чиј тоналитет му го придаваат контурите на свесноста и
критичкото, објективно поимање. Имено, во хоризонтот на Дантеовата
поезија, самиот Данте нашол средство да покаже со прст на крвавиот хаос
во земјата и на луѓето-робје на стремежот за власт, богатсво и насилсво и
во истовремено да укаже на светлито во животот, на возвишението, на
доброто. Во нишките на тој филозофски јазол се врзува камен-темелникот
на сите зла и развратии, конкретизирајќи љубовта која Данте лично многу
ја ценел како светла човечка страст , проткајувајќи ја како главна
фигуративност во делата. Од темелите на Дантеовата визија се
оживотворува конклузијата дека и добрите и лошите дела во себе за
основа ја имаат-самата љубов чие припаѓање, својство и структура
означува недвосмислено морален индивидуален ентитет, тоа е својство
инхерентно на една персона која може себеси да се фрли во бездната
само за да љуби, да ја присвои и прегрне љубовната снага, бидејќи
несомнено таа е темелник на животот, олицетворение на срцето и
душевен сегмент во бититето. Во ,,Пеколот”, Данте предлага речиси
метафизичко поимање на љубовта и љубената, суштество речиси
бестелесно кое го насочува љубовникот кон апсолутното добро и го
корелира со божествената љубов. Еволуирајќи на суштествен план,
конфигурираат никулци на новото сфаќање на човекот, истакнувајќи ја
покрај љубовта и нужноста на значењето, на длабинското размислување и
мудрост која треба да се стреми кон вистината. Овие елементи се
круцијални движечки сили на фабулното дејствио во монументалниот
дел ,,Пеколот”, во кој Данте дозирал екстракти на критицизам и осуда на
човековите слабости и недостатоци, не со претенција да го негира
земниот живот,туку со цел истите да се искоренат за светот да се
манифестира како едно похумано, почовечно и подобро поле само преку
пат на искрена љубов и длабока мудрост кои, засигурно ќе го оживотворат
заспаниот концепт на свест, во сите нас, само треба да веруваме и да
преземеме чекор и иницијатива кон подобро утре.

Како кулминација на крајот, ќе наведам еден практичен пример:


Еден човек доаѓа од дното на сопствената трагедија, останува сам во
светот,удиран од судбината која му се наметнува, но морално истрајува,
во омразата и болката наоѓа сили за натамошна добрина, хуманост и
натамошна љубов. И како што рекол Данте, цитирам:

,,Денот кога човекот ќе ја прими вистинската љубов, оние работи


што се добро направени ќе тонат во конфузијаи и ќе повратат се што
сме верувале дека може да биде праливно и вистинито”.

Наталија Точкова II-1

You might also like