You are on page 1of 2

Во јазолот каде се спојува желбата и нејзиниот имагинарен

впечаток, настанува човековото страдање.Неговата природа е


таква тајна и загатка, што човек би морал да го мине сиот свој
живот во нејзино решавање, а Гете ни ги отвори и душата и
срцето на човекот, слезе во пределите на неговата потвест, во
бурите и виорите на чувствата, транспонирајќи ни ја естетиката и
комплескноста на човековото битие олицетворението на ликот
на младиот Вертер. Лик кој нурнува во силен емоционален
водовртеж и тоне во апсолутизмот на агонијата, тагата,
отуѓеноста, индивидуалноста, бегсвото од сопствената
бездна,траќајки по своите загубените парчиња. На тој начин се
концептуализира и базира романтизмот...ументоста на
имагинацијата и чувствата.

Како бесцелен патник во утробата на фаталното време,


Вертер безнадежно ги подава рацете кон сликата која може да ја
почувтвува, но не и допре, живеејќи со својот копнеж и умирајќи
со своето страдање. Меѓу лирските шнитово со кои располага
романот може да се почувствува вриежот на противречни
чувства иницирани од самата срцевина на жртвениот субјект,
индивудалистот Вертер, во кој флотира внатрешна неслога и
немир во борбата меѓу срцето и разумот. Контрастот, несомнено
вграден во композицијата на монументалното дело се засилува
правопрополционално емоционалните изблици на безизлез,
немир и отуѓеност. Во концептот на оваа телесно-платонска,
недостижна и невозвратена љубов се воспоставува релација
помеѓу љубовниот субјект и неговиот недостиг.
Живеејќи во болна надеж, Вертер проживува се во себе, во
својата фантазија каде мислата е посилна од делото. ,,Се враќам
во себе и таму го наоѓам светот ‘’-вели тој.За Вертер животот е
прекрасата слика на сонот да се сплоти со реалноста. Но, кога
сонот нема ни малку надеж да се оствари , желбата за живот кај
вертет згаснува и тој се самоубива.

Како плен на потребата за двојно скротување, за љубовниот


копнеж исцеден во интимно интонираните сништа,самиот
вљубеник не ја прекорува својата сакана бидејќи љубовта за него
преставува благородно и возвишено чувство , олтар на срцето,
без која сушината на нашето живеење би се истребила.И покрај
сознанието за недостожноста и далечноста на субјектот,сепак
продолжува да и се насладува, да љуби на далечина, да ја
користи љубовната болка за самодеградација .Зашто, на крајот
на краиштата подобро е да се љуби, да се прегрне и присвои
целата љубовна снага и покрај сознанието дека болката е
неизбежна,сепак, вреди да го искусиме тој екстракт на љубовта,
отколку никогаш да не го почувствуваме и да живееме со фактот
дека едноличната,кроткта, ограничувачката реалост ни е
доволна.Љубовта е како оган. Понекогаш да не топл,
апонекогаш може да не изгори. Но, заж љубота вреди да бидеме
изггорени. Бидејки нема живот без љубов.

You might also like