You are on page 1of 100

БОГ И РОКЕНЕОЛ

Сеќавања и извадоци
од дневникот на еден монах
за неговиот сакан и најдобар пријател од младоста,
покојниот сликар Душан Герзиќ Гера
и уште по нешто
за Бога, душата, Црквата,
современата уметност и
денешното време.
Боже,
згрешивме, залутавме, пострадавме.
Сакавме слобода, станавме робови.
Баравме височини, бевме турнати на дното.
Нашите очи сакаа светлина, а темнината нè обви.

Имавме сила голема, многу дарови, остри умови,


преубави лица, ѕвонечки гласови, коси негувани, долги.
Имавме зборови смели, честопати дрски, фини манири.
Но, најмногу носиме рани, тага и болки,
за кои ние самите најчесто не бевме свесни.

А сѐ тоа заради љубовта,


која ја бараме насекаде.
Само не во Тебе, Само не во Тебе.

Исусе, таго моја,


Исусе, младост моја,
единствена радост моја,
прости.

2
Предговор

Зборот критика има свој корен во грчкиот збор „криси“ или


„криза“ што значи судење. Според тоа, да се критикува значи да
се суди. Како што пресудата за некого може да биде позитивна
или негативна, добра или лоша, а критиката сама по себе не
секогаш значи негација и осуда. Критиката во овој случај треба да
се сфати не како судење туку повеќе како расудување, како
проценка на проблемот и изнаоѓање излез, па дури и како
оправдување.
За да може човек исправно да суди за нешто, прво мора самиот
тоа да го искуси, потоа да го разгледа, да го систематизира, потоа
да го согледа како формулиран проблем и на крајот да предложи
јасно решение, не теоретски, туку на дело, како што и самиот
доживеал, проживеал и преживеал.
Проблематиката и страдањето на една генерација, односно на
една посебна групација на млади луѓе кое се опишано овде, ја
доловува сликата и претставува еден од аспектите на конкретното
време во кое се случувало. Меѓутоа, тоа е многу подлабоко и
пошироко, и го опфаќа и проникнува во сите времиња низ кои
човекот поминал во својот животен пат од самото свое создавање.
Тоа е всушност суштинското прашање за исполнетоста на душата
со радост или со страдање. Целокупната претенциозност и
дејственост на човечкиот род, низ историјата, може да се сведе на
еден единствен проблем и цел. Тоа е надминување на болката и
страдањата, и здобивање на благосостојба и радост, а ова во
суштина се сведува на внатрешното чувствување на состојбата на
човечкиот дух, бидејќи е познато дека телесното здравје не е
секогаш апсолутен предуслов за душевен мир и радост.
За постигање на која било цел, постои законитост која мора да
се испочитува, во спротивно целта не може да се постигне.
Обично оној кој некому му задава задача го одредува и законот,
односно правилата по кои таа задача може да се реши и да се

3
постигне целта. Кога станува збор за човекот и човечката душа,
како негова суштина, крајната цел, односно целта на неговиот
живот е чувството на радоста на постоењето, кое повторно се
сведува на непрестан контакт со самиот извор на животот, а тој
извор не е ништо друго туку Самиот Живот по суштина, односно
Творецот и Дарителот на животот на целокупната творевина. Бог
дал закон и правила за тоа како да живее човекот за да стекне
Спасение, кое започнува уште овде, а преставува залог и потврда
за преминот во вечниот живот, што е цел на сите цели. Кога тој
закон ќе се заборави или занемари, целта не може да се постигне
и човекот пребива во маки, во овој живот, кои се протегаат во
вечни, по телесната смрт.
По неизмерната милост Божја, откако го пронајдов правилниот
и вистински пат и од преголема љубов и тага кон моите покојни
пријатели, а не од желба за празна критика или понижување, се
осмелив да го напишам ова мало дело. Се надевам дека, од оние
кои се сѐ уште тука, нема да бидам погрешно сфатен, и верувам
дека овие редови ќе бидат корисни за оние кои допрва доаѓаат.
Со илустрациите што следат, се обидов да направам паралела
помеѓу некои дела од модерната уметност и православната
иконографија, а духовите што зрачат од нив, го оставам на
читателот сам да ги препознае.

4
Недела, 4 март 2001 г.

Денеска е роденден на мојот најдобар другар од младоста,


Душан, кој се упокои пред три години. Се запознавме во шесто
одделение и од првиот ден се засакавме како браќа. Тоа беше една
ретко ведра, чиста и благородна душа, голем сликарски талент,
бистар и шармантен. Во неговото присуство секогаш владееше
некој електрицитет и инспирација за секоја креација, во секое
време од денот или ноќта. Поминуваа години, растевме, се
запознававме се повеќе и повеќе, бевме неразделни, патувавме по
светот, се сакавме. Но, како што често се случува, во овој
надворешно сјаен, но внатрешно несреќен свет, со такви ретки и
вредни луѓе, сатаната го фрли своето ѕверско око врз него и врз
неговата душа. Тоа го направи за да предупреди и спречи таквата
личност да не случајно напредува во доблестите и да стане нешто
навистина големо и богоугодно и на тој начин, да влијае на
другите луѓе со своите квалитети и со својот пример,
претставувајќи закана и опасност за неговото зло владеење во
земното царство.
Душан во детството растел без доволно љубов и душевен мир,
поради раниот развод на неговите родители и меѓусебните
семејни недоразбирања. Секогаш беше жеден за внимание и
разбирање и во младоста немаше никој, на вистински начин, да го
запознае со Бога. Беше тука, додуша, неговата баба Миља, мајката
на мајка му, добра и побожна жена, но по малку чудна, која не
умеела таа своја побожност да ја пренесе на помладите генерации
од нејзиното семејство. Како резултат на сето тоа, имајќи
предиспозиција да посегне по надворешна удобност, еден
трагичен ден дошол во контакт со поленовиот прав од цветните
полиња на пеколот, кој овде се вика хероин. Тоа се случи во
втората половина на нашите дваесетти, во Белград, кога веќе се
подготвувавме да одиме во Америка - во нов, посреќен живот,
како што тоа ни изгледаше тогаш.

5
Морам да кажам дека не е чудно што се врзавме толку блиску
еден со друг, бидејќи и мојата животна приказна беше многу
слична. Детството и младоста ги поминав во Белград во ерата на
тешката комунистичка безбожност, кога беше можно во јавноста
да се најдат книги, информации и учења за сите можни светски
религии и филозофии, но не и за единствената вистинска,
6
христијанска православна, а живеејќи во домот на моите родители
каде што владееше хаос помеѓу татко ми и мајка ми, со конечниот

7
развод, и јас бев изложен на смртоносно адско зрачење.

8
9
Меѓутоа, од некои за мене, недоволно јасни причини, Бог секо
аш беше покрај мене, односно мојот Ангел Чувар. Каде и да б
в и што и да правев, тој ме спречуваше никогаш целосно да не ј
проголтам јадицата на злиот ловец на човечки души. Млад, до
ар и неискусен, прифатив многу мамки, додека „братот“ Душан, за
несреќа, сепак прими во себе зло семе и лага наместо вистината
Една од главните разлики во нашите карактери, која можеби беш
пресудна за нашите судбини, е тоа што во мене секогаш пос
оеше братска љубов за моите несреќни, паметни и талентиран
, но изгубени пријатели и подготвеност за секаква жртва за
нив, додека кај него имаше една надменост, па дури и
резир кон другите, како на пониски од себе, иако тоа че
то беше камуфлирано во форма на шеги и младешко натпрева
ување. Затоа ми се чини дека токму оттаму доаѓаше здивот што го
спречуваше неговиот Ангел да биде со него и да го штити на си
е оние мрачни и опасни места, на кои што заедно поминавме мн
гу часови од нашата грешна младост
Во помала или поголема мера, дрогата беше составен дел од
нашиот живот, како и на широк круг на тогашна белградска
младина, особено на оние уметнички и креативно надарени со
можности за нешто големо во животот. Сликари, актери,
музичари, писатели, како и студенти на високи школи, но без
изградена свест за вистината, за суштината на животот, за
причината за постоењето на човечкиот род. Јас, додуша, никогаш
не згазив премногу длабоко во тој пекол, чуван од Бога и од
големата љубов на моите добри, но незрели и разведени родители,
кои секогаш беа согласни кога се работеше за мене. Бев доволно
безбедно оддалечен, иако често во тоа опкружување и, сакал или
не, заразен со нивните отровни испарувања.
А Црквата, Господи, беше толку блиску, но толку далеку, и
самиот Твој Дух уште поблиску до нас, несреќните деца на
мрачниот дваесетти век, а ние, не бивајќи свесни, бевме
оддалечени од Тебе безброј светлосни години.
Конечно завршивме факултет. Јас студирав стоматологија, а
тој Академија за применети уметности. Америка нѐ чекаше. Ќе
напоменам дека, седум години пред тоа, двајцата поминавме едно
10
лето и два месеци во Њујорк и таму се утврдивме во малигниот
западен расад, кој го примивме како деца во Белград преку
филмовите и музиката. Тогаш си ветивме еден на друг дека еден
ден ќе се вратиме овде засекогаш. Никогаш нема да го заборавам
мојот татко кој откако ме довезе до аеродромот Сурчин, седна
малку подалеку од мене и од групата пријатели што ме испраќаа,
и плачеше со солзи како дожд. Чувствуваше дека тоа е нашата
конечна разделба, бидејќи Америка ме однесе во нов живот, во
години на душевно страдање, достигнување зрелост и конечно, во
монаштво.
Исусе, најсладок мој, ти дозволи да ѝ робуваме на крвницата,
ќерката на новиот Вавилон, да ни ја пие младоста, да нè мами и
труе, да нè води за рака во нејзините скапоцени свилени облеки,
низ волшебните кулиси на вешто насликаните одаи со
синтетичка светлина во поднебесната палата на царот на
лажната вистина. Ти дозволи поради нашата неразумна,
прекумерна желба, имајќи надеж, во Својата љубов и почит кон
нашата човечка волја, имајќи надеж и очекувајќи да се разбудиме
и да го препознаеме патот по кој упорно влегувавме во бездната
на челуста на ѕверот.
Господи, Ти знаеш дека оваа моја исповед не е упатена кон
обичните, пристојни и добри луѓе, туку до оние страдални души,
каков што бев и јас, а кои овој свет ги нарекува боеми, скитници,
пробисвети и уличари, со надеж дека ќе увидат дека Бог чека
токму такви луѓе да ги спаси и да ги прегрне во неговите топли
небесни гради.

Вторник, 6 март 2001 г.

Пристигнав во Њујорк со два нови куфери, домашно


производство, чиишто две рачки испукаа кога излегов на
аеродромот Кенеди. Таму морав да ги врзувам, пред да поминам
на царина, со некоја жица што за среќа ја имав со мене, па
цариниците помислија дека нешто кријам во багажот и бараа да

11
ги отворам двата куфери и детално прегледаа сѐ. Се разбира, тие
не најдоа ништо сомнително, освен нешто што ги зачуди, а тоа
беше мојот рачно изработен, примитивен, но практичен алат за
правење кожни чизми и чевли, со што се занимавав во тоа време и
добро заработував правејќи модерни, уникатни обувки, најчесто
направени од змиска кожа.

12
Пабло Пикасо - Портрет на Амброаз Волар

Одлуката да заминам за Америка не беше моја единствена желба


од тој тип. Паралелно со неа, имаше уште една, нешто
понеинтензивна, да се населам во Индија, како стоматолог,

13
поблиску до северот и Хималаите, затоа што во тоа време се
приклонував кон зен-будизмот и воопшто кон источната
филозофија. Бев инициран во две источњачки секти, „Гуру
Махараџи“ и „ТМ“ – (Трансцендентална медитација). „ТМ“ ме
окупираше повеќе и со тоа дотогаш се занимавав веќе шест
години. Фала му на Бога што сепак не отидов во Азија, никогаш
повеќе немаше да се извлечам од тоа. „ТМ“ практикував и во
Америка. Дури подоцна, кога ги открив православната молитва,
аскеза и мистика, ја согледав сета сиромаштија, плиткост и
заблуда на источната мисла, за која некогаш сметав дека од неа
нема ништо посериозно и повозвишено. Тоа дваесетминутно
медитирање, два-три пати на ден, не беше ништо друго туку
повикување на демоните, чие дејство се манифестираше во сè
подлабоко нурнување во телесните страсти, а особено во блудот.
Сатаната има две главни престолнини на планетата. Едната е
во Индија, а другата во Америка. Во првата, тој зема изглед на
мудрец, мистик, спасител на душите, духовен водач, харизматик.
Во втората, тој е успешен, способен, богат, задоволен, ценет и
почитуван современ човек со целиот свет на дланка.

14
15
Њујорк повторно - после толку години! Срцето ми трепереше
од возбуда. Душан со својата девојка Џулија отпатува еден месец
порано, бидејќи јас требаше уште да ги завршам обврските околу
добивањето на диплома и виза. Нашол стан за нас во пристојниот
горен дел на Менхетен, на источната страна. Со мене тргна да го
помине летото во Америка, нашата заедничка пријателка Јелена, а
сега седевме во такси и патувавме низ Квинс кон адресата каде
што нѐ чекаа Душан и Џулија. Бевме како роднини и така се
израдувавме едни на други. Станот беше голем и убав. Го
добивме на користење од некои наши луѓе кои заминаа на
летување во Југославија. Средната и најголемата просторија беше
ателје на Душан. Големи платна, а на нив чест мотив е небесно
сината позадина и лебдечките ѕидини на православните
манастири, обвиткани или полупокриени со црвени завеси. Тогаш
тоа ме чудеше и не можев да го препознаам потсвесниот плач и
крик на неговата душа кон бегството од корозијата на овој свет.
Што да кажам за Њујорк? Густо населена кошница од сите
народи на земјата. Дваесет милиони луѓе во текот на работното
време. Престолнина на сладострастието и гревот од секаков вид,
новиот Вавилон. Се сеќавам, таму беше една од највисоките
деловни згради, не знам точно на која авенија, чиј реден број
беше 666. Тие токму тој број, изработен од големи неонски цевки,
го поставиле на врвот на зградата, како светлечка реклама.
Можеше да се види од сите страни и од голема далечина. Колку
само таа слика, без зборови, зборуваше за тој град!
Таму, главната страст на повеќето од нас стана пушењето
марихуана. Станува збор за растение од семејството на коноп,
„индиски коноп“, чија главна состојка е канабиолот, како што е
никотинот во тутунот или кофеинот во кафето. Марихуаната ја
нарекуваат „лесна дрога“ затоа што, навистина, на телесните
функции помалку влијае отколку алкохолот, тутунот или кафето.
Меѓутоа, по своето дејство врз нервниот систем, слободно може
да се нарече многу тешка дрога. На почетокот, човекот од тоа
добива добро расположение, релаксација од секојдневната
напнатост, уметничка и интелектуална креативност, и сексуална
моќ, која е толку ценета во оваа наопака цивилизација. Тоа може
16
вака да потрае со години, но кога-тогаш, демонот на канабисот
доаѓа да си го наплати долгот. Потоа полека почнува да се
случува нешто сосема спротивно. Во човекот постепено се
вселуваат безпричински стравови, параноични сомнежи и секакви
други сомнежи од сите луѓе и ситуации, пад на интелигенцијата и
неможност за нормално функционирање во општеството, па сѐ до
влегување во чисто шизофрена состојба со халуцинации од
секаков вид и општо нарушување на размислувањето.
Денес, марихуаната е веќе легализирана во многу земји,
особено во најцивилизираните земји од Западна Европа. Во
Америка, често можете да најдете домови, надворешно гледано
пристојни и социјално исправни, каде две или дури три генерации
пушат марихуана. Тоа е демократија - секој има право на свој
каприц и самоубиство.
Мајко, Цркво Православна, со Богородица, со апостолите, со
мачениците и со сите светители, молете Го Бога за нас, да ни се
отворат духовните очи, за да можеме да ги согледаме сите замки
и лукавства на отецот на темнината и неговите послушници.

Среда, 7 март 2001 година

На крајот од нашето прво лето во Америка, се запознавме со


познатиот фотограф Стефан Лупин, кој уште како млад, а
потекнува од Хрватска, останал да живее во Њујорк. Тој беше
многу екстравагантен човек, полн со енергија и желен за слава
која тогаш веќе наголемо ја добиваше. Фотографираше многу
филмски, а особено рок ѕвезди и живееше во голем стан-студио на
Бродвеј, во областа Сохо.
Едно попладне, Гера ме повика заедно да го посетиме Лупин.
По сончевиот ден поминат лежерно шетајќи низ градот,
посетувајќи уметнички галерии, заедно со Џулија и Јелена, во
студиото на Стефан пристигнавме во добро расположение. Беше
многу пријатен и опуштен, ни посветуваше големо внимание и
раскажуваше анегдоти за познатите личности кои ги

17
фотографирал. Ни ги отвораше своите фотоалбуми и нѐ
забавуваше на секој можен начин, со својот сладок хрватски
акцент.
Бидејќи денот веќе се приближуваше кон заоѓање, ни кажа
дека таа вечер бил поканет да гостува во новоотворената мега-
дискотека „Тунел“, која се наоѓала во огромниот простор на
старото и напуштено депо за возови на подземната железница.
Било договорено да одржи фото-перформанс и додека седевме кај
него, му се дојде идеја дека и јас и Гера, исто така, би можеле да
учествуваме во претставата со него. Бидејќи од разговорот дозна
дека јас тогаш се занимавам со јога и дека имам прилично
флексибилно тело, ми предложи да се појавиме сите тројца на
сцената. Тој би го фотографирал Гера додека овој слика во живо
по телото на девојка мелеска, фото-модел, а јас за тоа време на
другиот дел од сцената ќе импровизирам јога положби, кои многу
забавено постојано ќе се менуваат и така би образувале некаков
статичен балет. Бидејќи, на таа возраст, бевме секогаш
подготвени за какви било ексцентрични настани, ни се допадна
предлогот и со задоволство се согласивме.
Се разбира, таквите работи во тој свет не можеа да поминат без
она што меѓу другото, го одбележа нашиот тогашен начин на
живот - на масата се појави чист и многу скап кокаин кој доаѓаше
директно од Колумбија. Шмркнавме по една поголема линија и
тргнавме во ноќта. Еуфоричното расположение нѐ држеше целото
време по пат и кога стигнавме на местото на настанот, нè внесоа и
нѐ спроведоа директно кон излезот на сцената.
Јас и Гера бевме голи до појасот, облечени само во тесни
хеланки, додека Лупин беше целиот во црна кожа.
Излеговме на помала бина, со големина на боксерски ринг,
рефлекторите се вклучија и шоуто започна. Во преполната
дискотека имаше неколку илјади луѓе и сите погледи беа вперени
во нас. Гера брзо и вешто, со тушеви во разни бои, сликаше
фантастични суштества по телото на голата девојка - модел,
Стефан кружеше околу него, се наведнуваше и се искривуваше,
чкрапнувајќи со својот фотоапарат. За тоа време, јас, инспириран
од некое чудно, потполно екстатично расположение, како во
18
транс, правев такви пози од своето тело какви никогаш порано не
сум успевал. Тоа беше како некаков ритуал и јас буквално се
впивав и се нахранив од енергијата на масата луѓе кои без
трепнување гледаа во нас, фасцинирани од сцената и необичниот
настан. Таму беа и повеќето њујоршки белграѓани, бидејќи
слушнаа дека и ние ќе учествуваме. Се сеќавам дека еден од нив,
зацрвенето, со зеници како врв на игла, од непосредна близина ми
дофрли: „Човеку, ова изгледа потполно нестварно!“ Чувствував
како духот на кокаинот, во тие моменти, ни овозможува надмоќ и
власт над целата ситуација и сакав тоа никогаш да не заврши.
Сето ова траеше околу еден час и заврши со аплаузи и
возбудени извици од публиката. Тогаш, како никогаш порано, го
доживеав она што ги следи и ги води луѓето од „шоу-бизнисот“,
актери и музичари, или барем повеќето од нив, во текот на целиот
нивен живот. Тоа беше опојно чувство на душевна, па дури и
телесна наслада, ум исполнет со неопислива гордост и
самозадоволна заљубеност во сопствената личност. Слегувајќи од
сцената, бев многу вознемирен и сакав повторно да бидам во
центарот на вниманието. Сметав дека поседувам квалитети, како
ретко кој друг, и лебдев целиот облиен со некоја треперлива
светлина. Ми требаше повеќе кокаин.
Полека се приближуваше утрото, дискотеката се празнеше и
дојде време за разидување. Ефектот на дрогата, таа демонска
магија, полека исчезнуваше и започнав да се враќам во реалноста.
Излегов надвор, се поздравив со сите и тргнав дома. Чувствував
притисок и болка во главата. Се раздени. Улиците беа пусти и
валкани и, здогледувајќи се себеси во еден излог, си изгледав
себеси ужасно исцрпен и стар. Имав мачнина во стомакот. Почна
да ме опфаќа апатија и многу тешко расположение. Додека се
возев во метро, излегував неколкупати, помеѓу вагоните со полна
брзина, за да повраќам. Кога влегов во мојот стан, веќе не ми
беше до ништо, доаѓајќи при себе и препознавајќи ја сета моја
мизерија и празнина.

19
По
претходната сеноќна еуфорија, сега бев речиси подготвен да
извршам самоубиство. Се гадев од себе. Додека седев на столот и
гледав во ѕидот, мислев дека слушам смеа и потсмев во воздухот
околу мене. Конечно легнав бидејќи наголемо се раздени се
обидов да спијам, но тоа повеќе личеше на агонија отколку на

20
спиење. Бев целосно поразен, сакав никогаш повеќе да не се
разбудам.

21
22
Манастир Хиландар - Света Богородица
Господи Боже, да ми допуштеше мене, неразумниот црв,
уште еднаш да ми се случи вакво нешто, веројатно е дека
бесповратно би тргнал по тој пат и денес немаше да бидам жив.
Прости ми, ако можеш. Те молам, не спомнувај си никогаш
повеќе на мојата беда и срам, а јас до смрт ќе ја носам во себе,
како своја казна и опомена. Прости!

Петок, 9 март 2001 год

Во Њујорк во таа 1987 година имаше голема круг млади од


Белград, главно уметници, кои отпатуваа во Америка во периодот
1980–1985 година, не бивајќи повеќе во состојба да го трпат
животот во Југославија, во таа последна декада на пост-титовиот
комунизмот. Целта на мнозинството беше потврда на својот
идентитет, талент и стекнување, во помала или поголема мера,
светска слава, пари и удобен космополитски живот. Њујорк
навистина тоа го нудеше, но по која цена? Првите две години и
јас во целост бев дел од нив. На самиот почеток, бидејќи набрзо
ги потрошив своите илјада долари, моето прво вработување беше
физичка работа во она што во Америка се нарекува „констракшн“.
Станува збор за работа на преуредување на внатрешноста на
становите, која секогаш ја има доволно за секој што сака да
работи, бидејќи Американците сакаат често да го менуваат
изгледот на своите пребивалишта. Во тоа спаѓа: рушење на
преградни ѕидови и подигање нови, менување подови, молерај и
слично. Бев задоволен, имав сила за работа и заработував доволно
за да живеам. Вечерта сите заедно излегувавме да го поминеме
ноќниот живот по ресторани и ноќни клубови.
Отприлика во тоа време почна да расте во мене една посебна,
тешко опислива, психичка болка, како што ја нарекував тогаш, во
пределот на срцето, нешто слично на трема пред испит, иако
многу понепријатна, чие потекло и причина ми беа непознати и
кои се обидував да ги потиснам на секој можен начин.

23
Мојот другар Душан одеше по сличен пат, од една фирма до
друга и во првиот период беше доста успешен на професионален
план. Извесно време работеше во едно од најсилните видео
студија во Њујорк, кај познатиот Питер Цезар, чија ТВ опрема
покриваше поголем дел од Зимските олимписки игри во Сараево.
Јас скриено во себе, и понатаму чувствував некоја таинствена
заштита „одозгора“ и тоа ми се потврди во неколку кризни
ситуации, иако живеев многу грешен живот, како впрочем, и
повеќето од нас. Но, иако сè уште не бев христијанин, се држев до
својот кодекс на правда и пожртвувана љубов. Бев подготвен да
помогнам колку што можам, на сите оние кои потешко опстојуваа
во тоа сурово општество, честопати и по цена на сопствената
загуба. Да му помогнам на друг, секогаш ми причинуваше големо
задоволство. Заради тоа Бог не се одврати целосно од мене и ме
чуваше од пропаст. Што се однесува до Душан, тој полека
пропаѓаше, онака како што започна во Белград. След порокот кој
сè повеќе го обземаше, тој стана спремен да каже невистина, да
измами, да го сопне ближниот и да го гради својот нестабилен
раст на туѓиот пад. Како и многу други емигранти, добро и брзо ја
учеше њујоршката лекција. Конечно, во втората половина од
нашето странствување, ја положи матурата во училиштето на овој
живот. Беше тоа вака.
Во тоа време работев во една успешна компанија за
ентериерно сликарство. Душан во тој период никако не можеше
да најде работа бидејќи влезе во конфликт со сопственикот на
видео студиото и седејќи дома невработен долго време, постојано
ме молеше да го препорачам на моите работодавци. Бев среќен
што работиме заедно и во неколку наврати го предлагав на мојот
шеф како добар уметник, но бидејќи немаше толку многу работа и
потреба од друг човек, Роберт постојано избегнуваше да ми
одговори. Сепак, сакајќи да му помогнам на мојот другар, не се
откажував и после едно од моите упорни настојувања, шефот се
согласи и го прими Душан.
Бев пресреќен. Работевме заедно секој ден. Беше една година
помлад од мене и го сакав како што се сака омилен помлад брат.

24
Пабло Пикасо - Жената што плаче
Меѓутоа, секое утро кога ќе се видевме, бидејќи тогаш веќе не
живеевме заедно, почнав да забележувам на неговото лице и
однесување, постепено но забележливо пропаѓање. Поради тоа се

25
чувствував многу тешко и се обидував, како што знаев и умеев, да
го одвратам од погубниот пат по кој одеше, но тој не обрнуваше
многу внимание на моите совети и грижа. Едно утро ќе кажеше
„хероинот е мајка“, а другото „хероинот е измамник“ и толку
често но воопштено, ми одговараше дека се држи под контрола и
дека не е зависен.
Така живеевме уште околу еден месец кога Роберт, едно утро
во студиото, ми рече дека се во привремена криза со работите и
дека мора да нѐ исплатат, бидејќи некое кратко време ќе нема
работа и дека ќе нѐ повикаат назад веднаш штом започне новиот
проект, кој веќе беше закажан во хотелот Валдорф Асторија.
Велам „ноу проблем“ и си одам дома. Во тоа време со Душан не
се гледав многу често, бидејќи кај него почнаа да се собираат
типови од кои добивав мачнина. Некое време не работев затоа
што имав уште малку заштеда на сметката. Неколкупати му се
јавував на Роберт во врска со работата, но тој ми одговараше дека
ќе ми се јави веднаш штом ќе го потпишат договорот. Помина
еден месец, работев по малку ваму-таму, но не сакав да барам
друга постојана работа, бидејќи ми беше добро кај Роберт и
Мајкл. Во тоа време, веќе почнав да запаѓам во беспарица и уште
еднаш се јавив во фирмата. Се јави Мајкл, партнерот на Боб. На
моето прашање дали има шанси јас и Душан да продолжиме да
работиме кај нив или да бараме друга работа, ми одговори: „Па,
Душан веќе петнаесет дена повторно работи кај нас. Нели ти
кажа? Но за тебе сѐ уште нема работа!!!“ Не можев да верувам во
тоа што го слушам. Едноставно прифати да го заземе моето место,
оставајќи ме на улица и не најде за потребно да ме информира за
тоа ниту со еден единствен збор! Како некој да ме застрелал!
Мислев дека сè уште ја слушам детонацијата. Спуштајќи ја
слушалката, веќе не бев свесен каде се наоѓам. Сакав да умрам.
Пресвета Богородица – Владимирска
Тогаш, Дуцо, брате мој сакан, со најтешкиот грев, гревот
против љубовта, си ја потпишал за себе најтешката пресуда.
Господи, спаси и помилуј!

26
27
Пресвета Богородица – Владимирска

Среда, 14 март 2001 год

На Душан не му се налутив сериозно, ниту пак го замразив. Не


бев способен за такво нешто во неговиот случај. Веќе следниот
ден му простив во срцето, но немав сила да го видам подолго
време.
Во меѓувреме, пред Душан да дојде да работи кај нас, имаше
многу промени во мојот емигрантски живот. Велам емигрантски,
затоа што од Југославија заминав не сакајќи да служам војска во
таков систем и против мене беше покрената воена кривична
постапка, а и започна војна, така што сѐ што беше поврзано со
мојот статус беше многу напнато. Од првиот стан се преселивме
во шпански Харлем, бидејќи кириите таму беа двојно поевтини
отколку во долниот, бел дел на градот. Тоа е источниот дел на
големиот Харлем каде сè уште живеат многу црнци, а повеќето се
Хиспано или Креолци, народ од Карибите, Доминиканска
Република и Порторико, бучен, темпераментен и примитивен. Во
тој дел имаше и неколку квартови со Италијанци, така што
можеше прилично нормално да се живее, но ноќе сепак
стануваше опасно. Џулија тоа не можеше повеќе да го издржи и
отидоа во Долниот источен дел на Менхетен, каде што живееја до
крајот на нивниот престој во Њујорк.
Останав сам во голем стан. Локалните крадци многу брзо
открија дека таму живеат некои нови белци и влегуваа неколку
пати, еднаш и додека бев присутен, но со оглед на тоа што таму
немаше ништо посебно за нив, не се враќаа повеќе. Дел од станот,
кој беше празен, го изнајмив како ателје на еден уметник од
Јамајка, кого го запознав кај Роберт и Мајкл. Тој беше добар
дечко и во тоа време беше во фаза на правење скулптури од
платно зацврстено со туткал од зајачка кожа. Целиот стан
мирисаше на зајак, а бидејќи бев вегетаријанец две години, тоа не
ми се допаѓаше многу, но ништо не можев да направам, морав,

28
бидејќи не бев во состојба да ја платам целата кирија. Сепак, сето
тоа беше прилично симпатично.
Така живеев следните неколку месеци: надворешно задоволен,
слободен, граѓанин на светот, а во мојата душа онаа болка
растеше, се формираше и полека созреваше. Сè почесто тоа го
чувствував како некаое грчење, некакво непријатно притискање
на нешто што не беше дел од телото, а сепак постоеше во мене,
проникнато во телото и се мачеше, а и јас се мачев со него. Душан
неколку пати ми навести дека и кај него се случува слична работа,
но тој тоа активно го потиснуваше со хероин. Јас сепак
чувствував дека мора да постои нешто друго, нешто повистинито
од дрогата што може да донесе спокој, но во тоа време, за жал, сè
уште не знаев за Бога и за молитвата. Бивајќи сè уште далеку од
Вистината, не можев сериозно да си помогнам ни себеси ни нему.
На Душан му стана јасно дека пропаѓа и се обиде да си
помогне себеси со заминувањето од Њујорк. Неговата Џулија
беше богата девојка. Нејзините, меѓу другото, поседувале и стан
во Торонто. Се одлучиле за тој град и отпатувале за Канада. На
разделбата не се видовме.
Господи, Боже мој, живеев беден и развратен живот и ноќе и
дење. Бегав од себе и од болката што толку срасна со мене, што
почнав да верувам дека така живее целиот човечки род. Бевме
хранети од свињи и јадевме свинска храна, а Ти нè чекаше и со
тага го гледаше нашиот срам.

Среда, 4 април 2001 година.

Ѓаволот е духовно битие кое со нечистотијата на бунтот и


непокорноста, го отежна, а со центрифугалната сила на своите
горди желби, отпадна и беше исфрлен далеку од Бога, а како
резултат на тоа, дегенерира и се изопачи, во споредба со оние
духови кои му останале верни на Создателот. Во негова моќ и
посед е измамата. Тој е творец и седржител на безобразноста и
лагите. Тој е злобен мајстор, здивен уметник и ковач на лажни

29
пари. Несреќно, накажано суштество, оболено со злонамерност на
самоволието, и битие покриено и исполнето со смрдливиот и
гноен карцином на омразата. Но со својата хипнотичка моќ, пред
очите на светот, помазан со миомирисни масла, облечен е во
достоинствена облека на сезнајноста и маскиран во ликот на
целомудреноста.
Тој со една нога е во вечноста, но во тој бессветлосен предел,
надвор од Царството Божјо, каде што копа јами во темнината, со
очи оштетени од самољубието и каде како кртот од светлината се
крие од емисијата на Божествената љубов. Со другата нога стои
во овој привремен свет. Тука тој грчевито и избезумено работи на
лов на човечки души за да одвлече што повеќе од нив таму од
каде што дошол, пред Христос да го разнесе и да заврши со ова
видливо и материјално создание, а оние, кои се подготвиле, да ги
пренесе - во едно ново постоење, кое нам засега ни е непоимливо,
како летот на пеперутка на црвот.
Сите удобности на овој свет кои не се од Светиот Дух, а
човечкиот живот е претежно исполнет со нив, се во доменот на
Луцифер. Тоа сознание, откако ќе ги разбуди душата и умот,
може да биде толку зачудувачки и неподносливо што човекот
долго време останува во ступор од страв и сомнеж додека,
инициран од покајанието не тргне во насока на очистување и
Божествена рехабилитација.
Дваесеттиот век беше период во човечката историја кој
штотуку започна, во кој дрогата заедно со сите други синтетички
стимуланси, цврсто пушти корен и прерасна во сите слоеви и
аспекти од секојдневниот живот. Дрогата, над сите други
смртоносни илузии, е врвната креација на сатаната, угасениот
светлоносец, поранешниот огнен херувим. Нејзиното дејство не е
ништо друго освен искривена слика, имитација, успешен
фалсификат на рајот и Божјата благодат која е суштина и носител
на животот и духовното здравје. Така што за оние, а повеќето од
нас се такви, кои не познавајќи го Бога и во мрачното секојдневие
ќе вкусат од неа, таа ја презема улогата од Бога, којашто Он
требало и треба да ја има во човечкиот живот, според Неговата
промисла кога го создавал светот. На почетокот, дрогата на
30
човекот делумно му го овозможува она што Бог го поседува во
совршената полнота, чистота и вистина, и што Го подготвил за да
го дарува на секој што од Него ќе го побара на вистински начин и
искрено.
Човек кој во својата духовна глад, ќе проба и прифати дрога е
како риба што голта црв од куката на јадицата.

Радован Хиршл - ковчег на смртта


31
На самиот почеток го чувствува пријатниот вкус на црвот,
сопствената крв и заситеноста. Потоа, бидејќи е малку олабавена
од рибарот, таа заминува оттаму слободна и сита. Но, не далеку.
Тогаш рибарот почнува полека да го затега конецот и нејзината
слобода станува сè поограничена, а силата послаба, додека не го
свари тој мртов црв, а потоа, на крајот, целосно изнемоштена, ја
извлекува на суво и ја убива.
Пред дваесетина години , односно околу почетокот на
1

осумдесетите, хероинот официјално и нашироко влезе во Белград,


според тогашните информации, дистрибуиран од арапско-
албанската наркомафија и по доста пристапни цени. Претеча и
достоен предок на хероинот беше опиумот, кој бил популарен
меѓу безбожната повоена комунистичка генерација од
педесеттите години на минатиот век. Кокаинот кај нас беше скапа
и ретка појава, но и овие две работи беа доволни за трагичен
биланс кој се повеќе се зголемува. Покрај опиумот и хероинот, тој
исушен истек од краставите рани на сатанските дојки, можеше да
се конзумира и други нервни отрови, помалку заслужни за
умирање, а повеќе за губење на разумот, меѓу кои најзастапени
беа LSD, халуциногените печурки, хашишот и марихуаната.
Денес, хемиската индустрија на лажните рајови е толку
напредната што воопшто немам намера да набројувам, ниту знам
што сѐ друго измислил развратниот човечки ум. Во оваа прилика
само се сеќавам и ги споменувам сите оние души, за мене знајни и
незнајни, кои во трагедијата на себе-незнаењето и Бого-
незнаењето ја изгореа својата младост и го напуштија овој свет
незрело и прерано. Ги спомнувам овие, а за оние крстените, со
солзи се молам.
Господе, мене ми помогна навреме да ја препознаам разликата
помеѓу вистинскиот и оној, лажниот мед, измешан со змиски
отров. Овде се молам со молитва натопена со крв и солзи за
сите оние кои веќе го вкусуваат тој лош мед или кои тукушто го
го принесуваат до устата, да им ги отвориш очите, на начин на

1
(книгата е пишувана во 2001 год. заб. прев.)
32
кој само Ти знаеш, како што го направи тоа со мене, затоа што
со секоја нивна нова смрт, повторно умирам и јас.

Теофан Грк - Преображение Господово


33
Сабота, 7 април 2001 год.

Во меѓувреме помина една година. Тоа беше годината во која


по неизмерната Божја благодат, ја најдов вистинската вера,
Православната, го доживеав Бога и Неговото присуство во форма
на неопислива љубов и така за себе стекнав избавување од
светскиот вител, душевен мир, радост и спокој. Но тука не би
зборувал повеќе за тоа, само би спомнал уште еден необичен
настан.
Во тоа време мојата вера сè уште беше колеблива и недоволна,
полека навлегував во сето тоа преку книгите, но не одев во црква.
Мојот добар пријател и кум, Нинослав, кој во тој период ме
снабдуваше со духовна литература, неколкупати во недела ме
покануваше во црква. Меѓутоа, јас одбивав, сметајќи дека
„институцијата“ не ми е потребна, и дека осамен во својот стан
можам сосема добро да се молам. Се разбира, тоа беше типична
почетничка самозаблуда, низ која многумина поминуваат, но,
фала Му на Бога, сепак не ми требаше долго време да ја сфатам
важноста и значењето на црковната заедница, богослужението и
круната на сѐ, Светата Причест.
Помина околу еден месец од моето обраќање во верата, но
една работа сè уште ме мачеше, сè уште пушев марихуана.
Додуша, откако ја воведов молитвата во мојот живот, тоа стана
поретка и со грижа на совест, но често кога ќе излезев навечер,
некаде во некое друштво, опојната цигара беше вообичаена
работа и не ја одбивав. Без разлика на мојата лекомисленост, не
беше можно да му се служам на Бога и на она што е Нему
спротивно. Се чувствував растргнат. После секоја слично
помината вечер, го доживував повлекувањето на благодатта и таа
пријатна молитвена болка во срцето, како и радоста, која после
такви вдахновени молитви ми доаѓаше и таа мачна и жалосна
празнина траеше по неколку дена. На овој начин, недвосмислено

34
почнав да ја разбирам пораката дека морам да донесам одлука –
пред мене беше избор за конечната животна определба.
Иако марихуаната создава нешто помала физиолошка
зависност од тутунот, мојата душевна потреба за таа лажна утеха
беше многу посилна отколку за цигари, од кои, еден месец
претходно, со молитва, релативно лесно се откажав. Се плашев
дека нема да имам сила да се ослободам од неа и тоа го сакав со
целото мое срце. Навечер пред спиење почнав да се молам долго:
„Боже, помогни ми да престанам да се дрогирам!“
Една вечер, додека седев покрај масата и го читав Псалтирот:
„Господ е мојот пастир и од ништо нема да ме лиши...“, одеднаш
почнав да ја чувствувам, збунет и зачуден, таа пријатна топлина и
исполнетост, речиси идентична како чувството, како кога се пуши
марихуана, а претходно не го правев тоа неколку дена. Таа
опиеност, без пијалок и конкретен повод, почна да ме обзема сè
повеќе и посилно, и почна да прераснува во една, дотогаш
неискусена и речиси вонсебна состојба, само што сега
неспоредливо почиста, попријатна и повозвишена. Сепак, сè уште
ме потсетуваше, или така ми се чинеше во тоа време, на ефектот
на тоа растение, и можеби, гледајќи го денес, духот на ова
растение само се обидуваше да ја имитира таа блажена молитвена
состојба. Текот на мислите застана и имав впечаток дека моето
тело е прозрачно и бестежинско, во моите гради имаше топлина
до која ниту една страсна желба не можеше да ѝ пријде, а умот ми
беше кристално чист во неопислив мир. Не ми беше познато
колку време помина во таа состојба, кога во мислите ја слушнав
пораката: „Човеку, дали си свесен за моќта што ја поседува Бог и
на која висина може да те вознесе, без никакво надворешно
влијание, кога Он ќе посака? Ова што го доживеа е само капка во
споредба со она што е подготвено за оние кои, без недостаток,
откако се откажаа од измамничките удобности на овој свет, го
следат Него. Затоа, остави го тоа ѓубре и биди совршен!“ Бев
целосно поразен и вчудовиден бидејќи состојбата полека се
губеше и ме врати во мојот стан на столот, со книга во раката.
Од тој настан ми се отвори нова перспектива. Ми беше јасно
дека духовниот живот за мене е единствениот пат и цел. Сфаќајќи
35
го реципроцитетот: колку помалку земна удобност - толку повеќе
небесна, цврсто решив да ги напуштам сите форми на телесно
задоволство. Тука спаѓаше, пред сѐ, а потоа и многу други работи:
марихуана, алкохол, телесни односи со жени и ракоблудие.
Таа света вечер, во најскриените длабочини на моето срце,
конечно станав христијанин.
Господи, додека ги пишувам овие редови, срцето ми гори од
радост, сеќавајќи се на светлината со која го просветли мојот,
дотогаш, заспан и помрачен ум. Помогни ми да бидам и да
останам Твој верен слуга, војник и син наследник.

36
Радован Хиршл – Шкорпион

37
38
Емануел Цанес - Христос на тронот

Вторник, 5 јуни 2001 год.

Еден ден заѕвони телефонот и ми се јави мене познат и драг


глас. Тоа беше мојот пријател Душан: „Здраво, Гера овде, дали си
ти лут на мене?“ Ми се јави од Торонто. Не се слушнавме, ниту
видовме една година, после таа несреќна епизода во фирмата каде
што работевме заедно. Му простив сѐ одамна и често се молев за
него, знаејќи каков живот водеше. „Секако дека не ти се лутам, ти
си мој брат“, му реков. По тие први, речиси треперливи зборови,
почувствував олеснување во неговиот глас.
Тој човек многу го сакав, од раната младост, од првиот ден
кога се запознавме. Тој често знаеше да биде отровен кон мене,
поради некоја негова прекумерна палавост, која периодично го
обземаше, но тоа не сакав ниту можев да го земам за зло, бидејќи
знаев дека има добра душа. За тие дваесет години, колку што се
познававме, поминувавме низ различни фази во нашето дружење,
впрочем како и овој пат, но тој никогаш не преземаше ниеден
поголем чекор во животот без мене. Не можам да ја опишам таа
љубов и никогаш нема да можам да ја заборавам.
Се подготвуваше за своето патување во Париз. За Канада
зборуваше дека е провинција и дека не може повеќе да живее
таму, а во Њујорк не смееше повеќе да се врати поради големата
достапност на сите видови пороци. За жал, со Џулија, сега веќе
сопруга, беше во развод. Таа затрудне, додека тој не сакаше дете
и инсистираше на абортус. Од таа причина таа повеќе не можела
да го продолжи животот со него. Тоа беше една голема трагедија,
а се сеќавам кога и како се сретнаа. За таа врска знаеше цел
Белград. Тие беа олицетворение на младешката љубов и сите по
малку им завидуваа на нивната среќа. На самиот почеток, додека
тој сè уште ѝ се додворуваше, тогаш имавме дваесет и три години,
Душан со својот стар исполиран мотоцикл отиде да ја посети пред
нејзината куќа, во која сè уште не смееше да влегува поради

39
нејзините родители. Попатно купил преку стотина црвени
каранфили во една цвеќарница и сите одврзани, во голема вреќа,
со значителен труд, ги ставил на градите под кожената јакна. Кога
пристигнал пред нејзината куќа, таа се симнала да го поздрави и
штом тој дошол да ја бакне, го отворил патентот на пилотската
јакна и каранфилите, експлодирајќи под притисокот, ја засипаа
запрепастената Џулија и целиот влез на капијата. Тој знаеше, на
многу посебни начини, да ја изразува својата наклоност кон оние
што ги сакаше. И кон мене имаше моменти на нежност какви
никогаш и од никого не сум ги доживеал.
Сега, за жал, под влијание на долгогодишното земање тешки
дроги, таа прекрасна и романтична врска се распадна. Тој сакаше
да дојде во Њујорк за да купи гардероба, како и материјал за
сликање, пред неговото патување во Европа, бидејќи тоа можеше
да се најде овде многу евтино. Сакаше да се сретнеме по тој
повод. Се многу задоволство се согласив. Кога се видовме, и
покрај неговата вообичаена гордост, без да ме гледа в очи, ме
молеше да му простам. Срцето ме болеше поради сето она што го
слушнав за последните случувања во неговиот живот и,
прегрнувајќи го, не му дозволив повеќе да се понижува пред мене.
Го поминавме целиот ден заедно. Му кажав многу за моето
обраќање во верата, за молитвата, за иконите што почнав да ги
сликам и за животната радост што ја задобив од Бога, после
покајанието и трудот за очистување на мојата душа. Внимателно
се обидов да му покажам до каде води патеката по која одеше и
каде може да најде сигурен спас за себе. Меѓутоа, сето тоа некако
многу тешко допираше до него. Злите сили веќе одамна стекнале
силна власт над него. Што можев, не сакав да инсистирам, за да
не предизвикам уште полош, спротивен ефект. Најважно ми беше
што имав можност да му ја искажам мојата љубов и прошка, која
имаше многу позитивно влијание врз него, бидејќи видов дека тоа
му лежело на срцето како тежок камен.
Мојот другар Душан отпатува за Париз, а после тоа се видовме
само уште еднаш во животот. Како што претпоставував, тој не
можеше да има мир од своите демони дури ни во Париз, бидејќи
тоа беше метропола со не помалку искушенија од Њујорк. Таму
40
конечно си го уништи здравјето и бидејќи на крајот немаше каде
да оди, а и поради проблеми со визата за престој, која повеќе не
можеше да ја добие во Франција, почна сѐ почесто и подолго да
престојува кај мајка си во Белград. Во Париз запознал и една
многу млада и добра девојка, Србинка родена во Франција, со која
планирал, можеби да се ожени и да има деца. Јас во меѓувреме се
вратив на стариот континент и станав монах во Србија. Во тоа
време често ми се јавуваше во манастирот и сакаше да се видиме.
Во гласот му го чувствував сѐ поголемиот умор. Конечно дојде со
неа да ме посети.
Повторно се видовме и силно се прегрнавме, овој пат по пауза
од три години. Беше слабичок и сив. Долго време не земал хероин
и бил на лекови, но се гледаше дека пие, не можеше да го сокрие
тоа. Многу му се допадна во манастирот и бидејќи, поради
нејзините обврски, мораше да замине веќе следниот ден, вети
дека во прва пролика, ќе дојде сам, на подолго време, да се
опушти и малку да се опорави. Му реков дека мора да го направи
тоа и дека го очекувам што е можно поскоро. Ми се јавуваше
уште неколкупати. Еднаш дури и најави дека доаѓа, но не се
појави. По околу три месеци, токму на Св. Сава, игуменот ми
кажа дека се јавил еден наш заеднички познаник и дека имам
порака од него. На листот хартија пишуваше: „Оче Арсенија,
Душан Герзиќ умре, јавете ни се!“ Одеднаш како да изгубив сила
во нозете, морав да се потпрам на ѕидот. Знаев дека неговото
здравје е веќе нарушено, но не верував дека вака ќе заврши.
Плачев за него секој ден цели два месеци, како и денес,
секогаш кога Бог ќе ми спушти сеќавање на него во моето срце.
Мајката на Душан подоцна ми кажа дека на неговата работна
маса, на видно место, се наоѓаа испечатени и пластифицирани
молитвите што му ги испратив кога живееше во Париз, и дека на
две недели пред неговата смрт, што веројатно било на Божиќ.
Посакал да се причести. Тој го направил тоа и со тоа многу ја
изненадил својата мајка, бидејќи таа не го знаела како таков. Тоа
ме утеши и многу ме радуваше во мојата тага. По четириесет дена
во манастирот за него одржавме парастос на кој со солзи ја испеав
„Господи помилуј“.
41
Вака завршува животната приказна на мојот несреќен и сакан
брат Дуце. Господ да ја помилува неговата душа и нека му е лесна
земјата и споменот вечен.
Господи Исусе Христе, Сине Божји, упокој ја душата на
твојот починат слуга Душан, амин!

Недела, 29 јули 2001 год.

Мојот другар, побратимот Душан, имаше многу строг татко.


Многу рано се разведе од сопругата, но и понатаму продолжи да
доаѓа кај нив дома да ги види синовите. Кога ќе доаѓаше да ги
посети, беше многу ладен, секогаш лут поради некоја причина, го
критикуваше, го караше, малку ќе поседеше и за кратко
заминуваше. Одев кај нив речиси секој ден, од нашата
дванаесетта година и често бев присутен при тие, обично мачни,
доаѓања на тој тежок и за мене страшен човек. Душан секогаш го
нарекуваше „тато“, за разлика од сите нас кои ги нарекувавме
родителите со разни имиња освен со „тато“ и „мама“.
Се сеќавам дека Душан имаше забава дома за својот
осумнаесетти роденден и беше целиот среќен и многу важен
поради тоа. Вечерта, пред да се собере поголем дел од друштвото,
дојде татко му и задржувајќи се во ходникот и не наоѓајќи за
сходно да влезе во станот за малку со нешто да се послужи, го
слушнав само како со лут глас го кара за нешто, а потоа му удри
шлаканица, што сите ја слушнавме, и си замина по својот пат.
Прекрасно облечен и исчешлан, на прагот на полнолетството,
целиот возбуден пред тој долгоочекуван роденден, Душан сакаше
во тој момент да умре пред нас од срам, немоќен бес и тага.
Ваквиот нивен однос и слични работи се повторуваа со години.
Тој и понатаму го викаше „тато“, но ми се чини дека тие години,
тој тоа му беше најмалку.

42
Пабло Пикасо - Дамите од Авињон

Меѓутоа, чичко Зоран, таткото на Душан, со текот на времето,


но многу подоцна, почна да го менува својот став, кога почна да
навлегува во староста и кога неговите синови веќе станаа
возрасни луѓе. Увиде дека особено со Душан, многу се оддалечија
еден од друг, и со што резултираше сето тоа во неговиот живот,
но сега ова беше практично предоцна. Се сеќавам дека еднаш,
чичко Зоран, инаку светски познат хирург, наврати кај Душан и
43
Џулија во Њујорк, на едно од неговите патувања за да ги посети.
Случајно и јас бев присутен. Се обиде да биде пријателски
настроен и внимателно да се распраша како успеваат да живеат.
Душан кратко му одговараше на неговите прашања, целиот
некако збунет и сѐ делуваше многу изнудено и напнато. Кога
конечно замина, јас сепак бев среќен поради таа посета и го
прашав Душан како се чувствува. Меѓутоа, тој изјави, речиси
огорчено, на мое изненадување, дека сето тоа му било многу
чудно и непријатно, бидејќи бил целосно ненавикнат на таквото
однесување на неговиот татко.

44
Манастир Хиландар - Воведение на Пресвета Богородица (детал)
Оваа епизода ме потсети на една алегориска приказна која
вели: „Растението треба да се наводнува и негува додека е младо,
зашто подоцна, кога ќе порасне, закржлавува и се искривува, од
подоцнежното полевање, малку има корист“.

Петок, 28 декември 2001 год.

45
Претходната недела игуменот донесе еден дечко од Белград,
кој како момче доаѓаше кај нас со мајка му. Сега има дваесет и
една година и од својата осумнаесетта година зема хероин. Мајка
му го родила вонбрачно, а тој го запознал татко му во една
прилика кога веќе бил поодраснат, но тогаш не успеале да најдат
заеднички јазик и тоа им била нивната последна средба. Бидејќи е
интелигентен и елоквентен, се вработил во една од
радиостаниците во музичката програма. Во тоа време почнал да
се дрогира. Не знаејќи повеќе што да прави, ниту со себе ниту со
него, мајката стапи во контакт со нашиот игумен и замоли да ѝ
помогне и да го земе во манастирот на подолго време и така да го
одвои од погубното градско друштво и околина. Сфаќајќи дека
пропаѓа, а релативно побожен, момчето го прифати тој предлог. И
сега, еве го кај нас. Игуменот му одредил послушание за да му
помага на отец Георгиј околу сите оние физички работи со кои се
занимава. Во тој период тоа е сечење на букови трупци со
моторна пила, нивно цепење и транспортирање со
мотокултиватор до подрум и складиштење.
Тој е добро момче, се труди колку што може. Кога дојде, се
потсетив на неговиот лик, но овој пат хероинот јасно му се
гледаше на лицето и очите. Во мојот живот, за жал, често имав
можност да бидам покрај луѓе кои ја користеле таа тешка дрога и
да научам да ги препознавам нивните физиономии. Страшно е
како сите тие, после извесно време, почнуваат да личат еден на
друг. Хероинот ги поништува нивните индивидуални особини и
сите ги униформира. Не е тоа само обична слабост и испиеност,
туку тоа е преземање на ликот на оној кој се вселил во нив. Сите
тие, без разлика на тоа какви основни црти на лицето имале,
почнуваат да личат на демонот на хероинот. Како што сите
Светии личат на Христос, кој постепено се вообликува во нив и
стануваат Негови живи икони, така и овие несреќници почнуваат
да бидат како оној кој го обожуваат, стануваат „икони на
ѓаволот“. За нив херојот станува бог, а тој има свој
карактеристичен лик. Исто така и блудниците, лакомите,
алкохоличарите, хомосексуалците, коцкарите, крадците, убијците
и многу други робови на разни страсти и пороци, кога ќе поминат
46
одредено време во даден грев, сите тие имаат препознатлива
типична физиономија и заличуваат едни на други. Тие, всушност,
почнуваат да наликуваат на демонот кој е олицетворение и
носител на одредена страст и кому му е доделена основната
задача да ги прелести, измами и зароби во она што му е нему
својствено. Ако, не дај Боже, случајно се најдам во пеколот,
веднаш би го препознал демонот на хероинот. Тој, секако, има
многу почесно место кај неговиот татко, Сатаната, бидејќи, како
ретко кој од неговите слуги, тој довлекува многубројни уловени и
покорени човечки души. Ако овие и би поживеале доволно долго
на земјата, што сепак не е случај, мислам дека сите би станале
како близнаци, односно ѓаволски клонови, бидејќи хероинот дури
им го менува и обликот на коските на лицето. Како што Исус се
прославува себеси во Своите свети, така и ова злобно и пеколно
битие се „прославува“ во оние кои го носат во себе.
Го набљудувам ова момче секојдневно и забележувам како со
секоја наредна света литургија му се враќа по малку од ликот што
Бог му го дал кога го спуштил во овој свет. Ако успее да остане
тука подолго, како што им ветил на мајка си и на игуменот,
извесно е дека повторно ќе постане свој. Во одредени моменти
забележувам грч и болка во неговите млади, но остарени очи,
бидејќи хероинот си го бара своето и не го остава намира, ниту
дење ниту ноќе, но тој, со Божја помош, се бори и полека се
ослободува. Ние овде се молиме за него, но големо прашање е
што ќе се случи со него кога ќе се врати во Белград. Доколку
овојпат не стекне цврста вера и искрено покајание, како најсилно
оружје, тешко дека ќе успее да се спротивстави и злото сигурно
повторно ќе го земе под свое. Толку пати сум имал можност да го
слушнам, видам, констатирам тоа.
Помогни му, Господи, затоа што дојде во манастир, а не во
некоја болница или санаториум како повеќето други. Дај му да
вкуси од Твојата љубов и така да увиди каде е единствениот
вистински извор на живот и утеха. Сè е можно за Тебе. Сите
тие, во основа, бараат љубов што ја немаат, а без љубов не
може да се живее. Овој свет во кој живееме е злобен и отровен.
Не земај им за зло ако, прелажани, тргнат во правец спротивен
47
од оној кој води кон и очисти им ги и пренасочи им ги душите и
умовите кон Тебе, Сонцето на вечниот живот, здравје и
единствената вистинска радост.

Вторник 1 октомври 2002 год.

Кога ова рано утро, откако ги прочитав Псалтирот и


Евангелието, почнав да правам метании, некаде после
дваесеттата, одеднаш се сетив на мојот покоен сакан другар
Душан веднаш ме стегна силна тага. Таква тага што почнав да
плачам. Па плачев толку што морав да престанам да правам
метании. Остра тага и плач ме потресуваа, не толку зашто умре
толку млад, туку многу повеќе зашто не успеав да му помогнам да
го препознае вистинскиот пат, да го приближам до верата во Бога.
Плачев горко, чувствувајќи ја својата вина и грижа на совест,
бидејќи ако порано се преобратев во верата и бев подобар
христијанин, сигурно е дека и ќе успеев и нему да му помогнам
додека имаше уште време. Мора да се признае, во моментот на
моето преобраќање, тој веќе замина од Њујорк во Канада, а потоа
во Париз, но без разлика, почувствував голема болка што не
успеав да направам нешто за неговото преобраќање.
Стоев таму во темнината на ноќта, цврсто ја држев левата
дланка на моето голо чело и горко плачев за мојот несреќен
пријател Дуца. Плачев толку многу што мојата долга брада беше
целата мокра од солзи. Кога конечно се смирив, продолжив со
метаниите за да го исполнам молитвеното правило, но набрзо
повторно почнав да липам. Повторно се исправив и почнав да се
молам со целото мое битие: „Господи Исусе Христе, упокој ја
душата на починатиот слуга Твој Душан“. Чувствував дека ова не
е обичен напад на жалост, туку дека Бог сака да се молам за овој
покојник за он, таму каде што е, да ја почувствува Божјата љубов
и љубовта на своите блиски кои се уште се во овој живот.

48
Гера - Фигура со крилја II

Откако конечно се смирив, срцето толку ми се разнежни и


стопли што веднаш ја зедов бројаницата во рака и се потопив во
Исусовата молитва, останувајќи на нозе. Ретки се ваквите
49
молитви кога толку живо го чувствувам Божјото присуство во
себе, ретки, но сепак ги има и тоа кога најмалку ги очекувам.
Потоа дојде време да се оди во црква, и таму застанав на дното од
наосот и продолжив да се молам целата утрена до литургијата, со
чист ум, топло срце, вознесено како да не сум на земјата.
Нека му е слава на Бога што, најнапред, толку силно ме
вдахна да се помолам за душата на мојот покоен другар, а
потоа, поради таа остра, солзлива тага, ме награди со ова
благословено, молитвено, животно воскресно утро.

Недела, 28 март 2002 год.

Пред десетина дена заѕвони телефонот и од конакот ми рекоа


дека имам повик од Белград. Помислив дека е некој од моите
пријатели или родители, весело реков „ало“, меѓутоа, од другата
страна се зачу непознатиот глас на средовечна жена: „Добар ден,
преосвештени оче“, која очигледно не знаеше да им се обрати на
монасите. Накратко, таа се претстави и рече дека се јавува по
препорака на еден мој стар познаник за нејзиниот сопруг.
Нејзиниот глас звучеше измачено и на работ на плач. Од
нејзиното понатамошно објаснување разбрав дека и таа и
нејзиниот сопруг се интелектуалци, новинари од радио и
телевизија, дека нејзиниот сопруг е еден од основачите на познато
белградско радио, полиглот и светски патник, брат Н., кој за жал
станал тежок зависник од хероин. Културолошки гледано, и
двајцата воспитаници на рокенролот и модерната уметност.
Работата е во тоа што он, во последно време, почнал да губи
контрола над ова зло како што дотогаш успевал долги години, или
барем така ним им изгледало, а сега станува пекол во куќата, а
имаат и мало дете. Таа ме замоли да го примиме во манастирот на
некое време и така да му помогнеме да се ослободи од потребата
од дрога бидејќи изгубила секаква надеж дека може да се спаси на
кој било друг начин. Ѝ одговорив дека ќе дадам сѐ од себе. Тој

50
ден, вечерта, му ја објаснив целата работа на игуменот и тој се
согласи да му помогнеме на човекот и дека може да дојде кај нас.

51
Манастир Курбиново – Архангел Гаврил, Благовештение

Со следното влегување во манастирот, стигна братот Н. Тоа


утро, кога излеговме од црквата, го видов како седи под борот
покрај чешмата, наведнат, со спуштена глава, со догорена цигара
во раката, блед и неизбричен - типичен наркоман. Веднаш ми се
стемни, потсетувајќи се на такви ликови од мојата младост, но
што е тука е, ѝ ветив на жена му дека ќе го примиме, не можев да
ја одбијам. Му пријдов и се запознавме. Додека разговаравме, го
погледнав одблиску. Видов дека, покрај сѐ, тоа беше и
симпатичен и добродушен лик, но многу болен. По појадокот го
поканив да дојде во ателјето да се напие кафе и подобро да се
запознаеме. Откако дојде седнавме и почна да зборува за себе.
Класичен трагичен случај на белградски наркоман.
Несогласување меѓу родителите уште од детството, потоа нивен
развод, па конфликт со таткото и ретко гледање, мајката, од своја
страна, неспособна да оствари блиска врска и да пружи здрава и
потполна љубов. Се разбира, по сето ова - дрога. Веќе на
дванаесет години, првите искуства со хашиш и опиум, а потоа сѐ
останато, завршувајќи со хероин. Од друга страна, хипер-
интелигентен, талентиран, убаво воспитан, образован и
информиран. Трагедијата на нашето време, како и секое друго
време кога луѓето живеат и растат надвор од Црквата и без Бога.
Не знам што раскажала мојата познаничка за моите наводни
исцелителски моќи, зашто таа секогаш беше склона кон
претерување, па тој не понел никакви лекови за полесно да ја
поднесе апстиненцијалната криза, што дури подоцна го дознав од
него. Тој ден се чувствувал добро и манастирот и браќата му се
допаднале. По подолг разговор во кој тој целосно ми се отвори,
отидовме во библиотеката за да му дадам некои духовни книги да
чита додека е во манастирот. Велигден доаѓаше за околу еден
месец и тој планираше да остане со нас дотогаш.
Тоа доцна попладне, после завршената работата во ателјето,
штотуку застанав да се помолам во ќелијата, кога заѕвони
телефонот и ме повикаа од конакот веднаш да дојдам зашто
братот Н. не е добро. Тој беше сместен во средната гостинска
52
соба на катот со уште петмина гости, главно помлади луѓе. Кога
влегов сите беа вознемирени, а братот Н. седеше на кревет со три
џемпери на себе, покриен со три ќебиња, облеан во пот,
треперејќи од некој непостоечки студ.

53
Гера – Црвен воин

54
Св. Меркуриј – Манастир Грачаница
Од тоа и се плашев. Му пријдов, но тој како да не беше повеќе
истиот човек. Тој добродушен поглед исчезна и ова сега беше
сосема поинаков лик, со некаков лукав и зол израз на лицето.
Штом ме здогледа, веднаш вербално ме нападна како да сум јас,
поради некоја причина, виновен што му станало лошо. Бидејќи во
истиот момент му одговорив цврсто и остро, но секако
внимателно и без гнев, тој малку се собра и почна да се жали дека
не очекувал толку брзо и толку лошо да се чувствува веќе
следниот ден по пристигнувањето во манастирот. Веднаш почна
да бара лекови за смирување, бидејќи не можеше да ја истрпи
кризата која штотуку почна да го обзема. Ми стана јасно дека ќе
биде тешка ноќ, и многу повеќе се загрижив кога сфатив дека он
нема никакви лекови со себе, иако мојата познанчка по телефон
ми кажа дека ќе донесе „метадон“, без кој симнувањето од хероин
е многу тешко и речиси неиздржливо. Да го знаев тоа, сигурно
немаше да се согласам да дојде кај нас во таква состојба и без
лекови. Сега бев затечен во многу незавидна ситуација,
преземајќи го сето ова на себе. Вечерта само што доаѓаше. Прво
во разговорот се обидував да го смирам и да го посоветувам да
издржи, бидејќи ова му е прилика да се исчисти и излечи и дека
утре ќе повикаме лекар од италијанската база, кој ќе донесе
лекови, со чија помош ќе може полесно да ја поднесе кризата. Но,
тој веќе почнуваше да бива целосно вон себе и ништо да не
прифаќа од тоа што му го кажував. Единствено повторуваше дека
му е ужасно лошо и дека мора веднаш да земе нешто, инаку ќе
полуди. Се закануваше дека ќе скокне низ прозорец или дека сам
ќе тргне во Дечани и слични бесмислици. Повремено доаѓаше при
себе, се извинуваше и слушаше што му кажував, а потоа повторно
почнуваше да кука и да се заканува. И другите браќа од собата се
обидуваа, на свој начин, да го смират и да го вразумат, но тој кон
нив дури стана дрзок и агресивен. Јасно можеше да ја
почувствува злата сила и демонот во чија власт беше. Дојде до
таква трансформација на личноста, за само неколку часа откако го
55
напушти ателјето, што беше навистина неверојатно и
застрашувачко. Отидов во аптеката да видам што имаме од
седативи, но тој однапред ми кажа дека бенседин, дијазепам и
слично воопшто не му делуваат. Од појаките лекови против болки
во ампули најдов тродон, баралгин и новалгетол. Ги измешав сите
три лекови во еден шприц и му дадов инјекција во дебелото месо.
Штом иглата му влезе во телото, тој испушти воздишка на
олеснување, иако јас уште не бев ни почнал да ја вбризгувам
течноста. Сепак, по ова се чувствуваше полесно. Беше околу
седум часот навечер кога рече дека ќе се обиде да заспие. Седнав
уште малку и откако успеа да се смири и да потоне во сон, тивко
им реков на другите во собата да се грижат за него и веднаш да
ми се јават ако нешто почне да се случува, а јас отидов во келија
да се опуштам малку и да се одморам. Се надевав дека ќе преспие
до утрото, бидејќи ова сепак беше силен коктел од лекови и дека
утре ќе ни биде полесно на двајцата.
Сепак, телефонот заѕвони веќе по два часа. „Оче Арсениј,
дојдете одма, братот Н. се разбуди и ве вика.“ Кога стигнав
сликата беше иста: лелекање, потење, треперење, неповрзани
зборови. Обидите да му се привлече вниманието со разговор беа
неуспешни. Во меѓувреме, неговите усни станаа обложени со
белузлав скрум и се исушија. Отидов да му сварам чај и веднаш ја
испи цела шолја. На двајцата ни беше јасно дека оваа ноќ нема да
стане ни збор за спиење, и исто така, дека неговиот престој во
манастирот ќе заврши многу порано отколку што првично
мислевме. Видов дека нема корист од разговорот и молчев, седнав
на столот покрај неговиот кревет и почнав да се молам во себе,
додека тој стенкаше, си мрмореше нешто и се клатеше напред-
назад. После десетина минути ми дојде мисла да му донесам
Богојавленска света вода од црквата и да го оставам да ја пие,
бидејќи ништо друго не помагаше. Зедов благослов од отец Сава
и му донесов света вода во шолја за кафе. Му објаснив за што се
работи и му реков да ја испие заедно со молитва кон Бога да му ги
олесни маките и да му помогне. Ме послуша и се искапи, а јас се
симнав долу да му сварам уште еден чај. Но, по само две минути
ме повикаа да се вратам. Штом излегов, братот Н. со мачнина,
56
кашлање и пождригување ги исповрати тие неколку голтки света
вода и дури тогаш се најде во најлоша состојба откако му се
слоши. Почна да ми зборува, со потполно изменет жесток глас:
„Оче Арсениј, што ми даде, се чувствувам ужасно, никогаш во
животот не сум се чувствувал толку лошо?!“ Тоа продолжи да го
повторува неколку пати, со неопислива гримаса на лицето. Бев
навистина изненаден кога сфатив каков ефект има Светата вода
врз него. Беше тоа ѓавоиманост што се среќава само во книгите.
Тој продолжи да стенка и ’рже со неговиот изобличен и рапав
глас. Сите во собата конечно замолчеа и станаа сериозни, бивајќи
свесни за отвореното присуство на самиот ѓавол кој сега беше
изгорен, вознемирен и пореметен од Богојавленската света вода.
Дури кога ја вкуси Светињата, конечно му стана лошо.
За да не ги вознемирувам повеќе браќата од собата, го одведов
малку да поседиме долу во трпезаријата, каде веќе му ставив уште
едно ѓезве со чај од валеријана. Тој седеше треперејќи и
повторувајќи дека никогаш не се чувствувал полошо отколку кога
ја испил „онаа вода“. Беше очигледно дека демонот запомага во
него, па решив да му дадам уште еднаш да се напие Света вода.
Отидов и донесов. Тој ме гледаше како да му нудам каустична
сода, но на мое непоколебливо инсистирање, се согласи да ја земе.
Се прекрсти и се напи. И повторно се случи истото. По две
минути почнал да ика, стана и потрча кон бањата. Веднаш тргнав
по него. Кога дојде до веце школката, почна да повраќа со
пождригување и како некој вид рикање. За тоа време му ја држев
главата, го смирував и од длабината на душата му се молев на
Бога да ни помогне на двајцата, бидејќи вакво нешто не сум
доживеал никогаш во животот. Кога се вративме во трпезаријата,
тој беше зелен во лицето, со матен поглед и целосно исцрпен. Се
обидов да му објаснам дека и покрај сета негова неволја и мака,
неговата реакција на Светата вода всушност беше многу добра,
бидејќи тоа беше показател за нејзиното силно дејство врз злата
сила што паразитирала во него толку многу години. Тој само
повторуваше дека никогаш во животот не му било полошо.
Додека тој целиот скршен, седеше во трпезаријата, отидов да
го побарам отец Данило, јеромонахот, за да можеме сега да го
57
направиме она што можеби требаше да го направиме многу
порано - да му прочитаме молитви кај кивотот на Светиот Крал.
Кога го замолив отец Данило да го направи тоа, тој се загрижи и
рече дека никогаш порано не читал молитви за истерување на
злите духови и дека се плаши дека не е подготвен за такво нешто.
Тогаш му реков дека не мора да ги кажува тие молитви, ако не
сака, туку другите, кои им се читаат на тешко болните. Тој се
согласи на ова. Штом му кажав на брат Н., тој, изненадувајќи ме,
многу доброволно и спремно тргна со нас во храмот. Дојдовме до
кивотот, во тивката и мирна темнина на црквата. Тој клекна и со
рацете се фати за работ од камениот саркофаг, јас запалив свеќи, а
отец Данило го стави епитрахилот околу вратот и ја започна
молитвата, додека јас пеев и одговарав на ектениите. Тоа траеше
околу дваесет и пет минути. Братот Н. целиот беше смирен и дури
ми се чинеше во еден момент дека или заспал или некако изгубил
свест. Откако завршивме, тој мирно и без зборови тргна со нас во
конакот. Решив и по трет пат да му дадам да се напие од светата
вода, и сега, фала му Бога, повеќе не повраќаше. Рече дека се
чувствува многу подобро, но дека најдобро се чувствувал додека
клечел пред кивотот во црквата, а кога излегол повторно
почувствувал тежина, иако не толку како пред читањето на
молитвата. Тоа ме израдува многу и во себе му се заблагодарив на
Бога и го молев за дополнителна помош.
Конечно се вративме во собата и тој рече дека ќе се обиде да
спие. Веќе беше околу полноќ. Сите спиеја, а јас седнав покрај
неговиот кревет. Се плашев повторно да го оставам, па седев да
читам и да се молам до два часот по полноќ, а он набрзо заспа,
легнувајќи и покривајќи се со сѐ што имаше. Откако се уверив
дека длабоко спие, излегов на прстите од собата и отидов во
ќелијата да дремнам и јас, бидејќи бев преморен од сѐ. Легнав не
со намера да одам во црква во пет и пол, кога ќе почне службата,
туку да дојдам на литургија, околу седум, за да отспијам четири
до пет часа. Но, веќе околу пет ме повикаа од конакот, бидејќи
брат Н. се разбудил, слегол во гостоприемница и сака да ме види.
Се разбира, демонот, кој толку години удобно обитаваше во него
и ја цицаше неговата животна енергија, не можеше целосно да се
58
победи со една молитва и една ноќ помината во манастирот, туку
беше соборен само со еден посилен удар. Веднаш брзо се
подигнал и продолжил да го мачи под превезот на тешка
хероинска апстиненцијална криза.
И двајцата заклучивме дека тој повеќе не може да остане во
манастирот и дека затоа ќе треба да го однесам во Белград
следниот ден, кога беше закажана првата придружба за
искушеникот Звездан, кој го довезуваше комбето со намирници.
Ова воопшто не ми одговараше, бидејќи сакав да го поминам
целиот Велики пост во мир, и да не излегувам никаде од
манастирот. Бидејќи веќе го прифатив него, не можев да го
препуштам на некој од другите браќа кои возат и кои немаат
никакво искуство со зависници од дрога. Посебно не смеев, во
таква состојба да го одвезам само до Беране или до Нови Пазар и
да го оставам таму на автобуска станица. Едноставно, бев ставен
пред свршен чин да го возам до Белград.

59
Гера - Воин IV

Иако беше донесена одлука дека заминуваме, сепак се грижев


како ќе издржам уште дваесет и четири часа со него. Меѓутоа по
Божја промисла, отец Ксенофонт кој закажуваше придружби, тоа
попладне ми кажа дека постои можност, што инаку многу ретко
60
се случува, истиот ден во вечерните часови да се добие
придружба до планинскиот премин Кула. Тоа зазвучи спасоносно,
но и понатаму не верував, бидејќи придружбите мораше да се
закажуваат во италијанската база најмалку два дена однапред.
Сепак, не знам зошто, Италијанците се соглсија да тргнеме на пат
во осум часот вечерта. И на братот Н. и мене ни олесна.
Конечно тргнавме. Со оглед на тоа дека бев преморен, а пред
себе имав целоноќно патување до Белград, испив црн чај пред
тргнување, бидејќи чувствував дека нема да издржам до крај,
особено во оние часови пред зора, кога сонот ме совладува. Тој,
пак, несреќникот, веќе пред Пеќ, штом неговиот мобилен добил
мрежа, почна да им се јавува на своите познаници и соучесници
во злото и да се распрашува кој има да му продаде хероин веднаш
по пристигнувањето во Белград.
За мене беше крајно тажно да се најдам повторно, после толку
години, во светот на наркоманијата и очајот. Тој конечно успеа да
најде дилер кој му рекол дека ќе го чека до два и пол часот
наутро. Тешко дека можевме да стигнеме дотогаш, но тој сепак
вети и потврди, од страв да не ја изгуби таа последна шанса. На
мое разочарување, тоа беше некоја помлада жена, која имаше
мало дете и се издржуваше продавајќи хероин. Пекол на земјата.
Малку се смири кога закажа состанок, но и понатаму се
чувствуваше лошо. Повремено длабоко воздивнуваше, губејќи
здив, бидејќи велеше дека срцето му работи многу неправилно.
Ми беше жал за него и додадов гас за што побрзо да стигнеме во
Белград, за да може да си го купи тој свој отров и така себеси
барем привидно да си помогне. Беше навистина неверојатно како
толку неочекувано се најдов во таква апсурдна ситуација.

61
Св. Ѓорѓиј (критска школа)

Чајот ме држеше буден и буквално летавме по патот. Тој


искрено се чудеше како еден монах може да вози толку брзо и
вешто ноќе, не знаејќи го мојот претходен живот. Потоа почнав да
62
му раскажувам малку повеќе за моето минато, како познавам
многумина кои живееле како неговиот начин и дека повеќето од
нив веќе не се живи. Во суштина, тој беше паметен човек и свесен
за својата состојба, и додека нашироко му раскажував за Бога,
душата и зависноста од дрога, тој само молчеше и воздивнуваше.
Видов дека сериозно ме слуша и не го штедев ниту лажно го
тешев туку отворено му кажував каде е и што го чека. За време на
патувањето тој уште повеќе се отвори и дознав многу скриени
работи за него.
Времето брзо помина и набргу бевме на дофат на Белград.
Доцневме отприлика четириесетина минути, но тој веруваше дека
неговата врска сепак ќе почека и ќе го прими. Кога стигнавме
пред куќата на Вождовац, каде што живееше таа продавачка на
белата смрт, му помогнав да ја извади торбата од багажникот и му
подадов рака за да се поздравиме. Тој беше тотално наведнат и
засрамен и само промрморе: „Оче, прости ми, не знам што да ти
кажам“. Му одговорив: „Ништо, брате, збогум и нека ти биде
простено“.
Не бев особено лут на овој човек, иако тој неочекувано ми го
предизвика ова тешко вознемирување, какво што ретко сум
доживеал, и ме извлече од манастирот за време на Великиот пост,
што воопшто не го посакував. Ми олесна кога се разделивме и
кога се упатив кон нашата манастирска куќа во Земун, верувајќи
дека никогаш повеќе нема да го видам во животот и дека сето тоа
ќе го заборавам што побрзо. Овој пат не сакав да ги видам ни
родителите, ни пријателите, ни самиот Белград. Планирав да
останам во нашата куќа до тргнувањето назад за Косово, што
требаше да биде околу три попладне. Легнав во три и пол, пред
зори, но не можев да заспијам, што од таа силна шолја чај, што со
сите овие несреќни впечатоци. Но, најмногу од мачниот сомнеж и
колебање, зошто Господ дозволи сѐ да се случи вака и дали е
можно доаѓањето на братот Н. во Дечани и моето излегување
нему во пресрет да беше само бесмислен обид и залудно
промашување.
Телефонот заѕвони рано тоа утро, околу осум и пол.
Изненаден, го препознав гласот на братот Н.: „Оче Арсениј,
63
простете ми што се јавувам толку рано, но се плашев дека веќе
сте заминале“. Звучеше сериозно, возбудено, но нормално и
сталожено, за разлика од претходните неколку дена. Беше јасно
дека тоа е затоа што ја земал потребната доза хероин. Кај тие
несреќни луѓе, дрогата по извесно време престанува да им
овозможува некое посебно задоволство, туку им станува
неопходна за да можат сега само нормално да функционираат.
„Оче, сакав да ви се заблагодарам што покажавте толку многу
љубов и трпение кон мене, иако се сретнавме првпат во животот,
а јас воопшто не заслужив такво нешто. Ве молам обидете се да
ме разберете и простете ми. Оче Арсениј, простете ми ако
воопшто можете!“ Овој негов повик навистина ме изненади и ме
трогна. Дури мислев дека веќе заборави како се викам и како
изгледам, со оглед на состојбата во која што беше. Меѓутоа не
беше така. „Оче“, продолжи тој, „многу би ми значело ако имате
малку време, пред да се вратите во манастирот, да ме посетите
мене и моето семејство во мојот дом“. Ова уште повеќе ме зачуди,
ме израдува и ми даде надеж дека сепак не било сѐ залудно. „Ќе
бидам многу среќен да дојдам кај тебе брате Н.“, му одговорив.
Се договоривме кога и каде да дојдам.
Кога ме пречека во близина на неговата куќа, речиси и да не го
препознав бидејќи му се повратил нормалниот изглед, беше како
друг човек. Ми ја целива раката, тука на улица, пред минувачите
и искрено ме прегрна, како да сум му роднина. Јас малку се
збунив, не очекувајќи ваква блискост, па речиси и да не знаев
како да изреагирам, вака дочекан. Но, едно беше сигурно, овој
човек беше жеден за внимание и љубов.
Станот беше попристоен отколку што очекував, неговата
сопруга исто така. Детето беше во градинка. Бидејќи беше пост,
ги замолив уште по телефон да ми сварат компири на вода, за да
ручам таму и веднаш потоа да заминам на пат. Меѓутоа од
планираниот половина час, мојата посета кај нив траеше цели два
и половина. Овие двајца луѓе едноставно плачеа за словото Божјо
и јас не можев да се оглушам на тоа. И како што обично се
случува во такви ситуации, Бог, според нивната вера и желба, ми
ја отвори устата и во тие два часа кажав многу работи директно,
64
вдахновено и со полно љубов. Тоа навистина остави силен
впечаток на нив двајцата. Братот Н. ми се обрати искрено, како
некое дете: „Оче, вие ми ја отворивте вратата на еден сосема нов
и повистинит живот, за каков што досега не знаев“. Суштината на
мојата порака беше дека тој не смее да негува илузии дека ќе
може да го совлада и усвои сето тоа одеднаш, туку дека дури сега
ќе ја вкуси целата силина на борбата со сатаната, но дека со својот
сериозен труд, верата и со Божјата помош на прво место, во
догледно време можеби ќе успее да го победи тоа зло коешто
толку долго владее со неговото битие. Неговата сопруга само
лееше солзи во тоа време, но ми се чини дека тоа беа солзи на
надеж, а можеби и радост, а не солзи на очајание коишто
честопати ги пролевала до оваа средба. Се разделивме со неговото
цврсто ветување дека ќе настојува со сите сили да живее онака
како што се договоривме, и со моето ветување дека нема да го
заборавам во моите секојдневни молитви.
Додека се враќав назад кон манастирот, целосно окупиран и
потресен од настаните во изминатите три дена, размислував за
овој човек и за многу други, познати и непознати, коишто живеат
сличен живот. Некое време само се молев и плачев, сеќавајќи се
на мојот сакан пријател Гера и пренесувајќи ја, во моето срце,
истата таа љубов и на братот Н., бивајќи свесен колку е тешко за
тие луѓе да ја видат вистината и да го променат својот живот.
Но, Господи, за Тебе сè е можно, спаси, помогни и исцели нѐ
нас сиромашните, грешните и немоќните, Твои деца, изгубени
овци.

Понеделник, 14 октомври 2002 г.

Денеска е празникот Покров на Пресвета Богородица, под која


Господ ни подари и ние да се најдеме заштитени и зачувани од
сите оние ужаси, камуфлирани во светлото и насмеано лице на
овој лагоден земен живот, кои нè чекаат уште од наша најрана
возраст и демнеат за да нè сотрат, и тоа по можност на најужасен

65
начин, на смеа и потсмев на луѓето и демоните, а на плач на
ангелите.
Сега би спомнал некои личности од мојата младост чии
животни приказни, покрај онаа на Душан, не се многу убави и
розови, но се поучни за оние кои допрва доаѓаат. Се надевам дека
така, ќе можат да препознаат слични моменти и ситуации во
својот живот и тргајќи се на време, да не ги направат истите
грешки кои би можеле скапо да ги чинат, па дури и поскапо од
она што мислат дека е скапо.

66
Пабло Пикасо – Акт кој се чешла

67
Манастир Ивирон - Крајната смиреност

Таму некаде, кога бевме отприлика во осмо одделение во


основното училиште, зборувам главно за генерациите од 1957 до
1963 година, возраст која го сочинуваше мнозинството од моите
пријатели и познаници, во тоа време кога бевме околу
четиринаесет години, почнаа да се формираат и да се одвојуваат
посебни друштва. Живеев во „колонијата на Министерството за

68
транспорт“ над клучката Мостар, која се граничи со делот на
Белград кој се состоеше од Дедиње, Топчидер и Сењак, каде
живееа претежно политичари, државници, високи воени
функционери, богати приватници, лекари, адвокати и успешни
режимски уметници, еден вид, би рекол, општествена елита или
„крем“ на тие комунистички седумдесетти и осумдесетти години
во Белград. Повеќето од моите другари и другарки беа деца на
гореспоменатите и често поминував време во нивните домови.
Моите родители не припаѓаа на тој сталеж, но поради некоја
причина, сите овие дедињски деца со задоволство ме покануваа
кај нив и го прифаќаа моето друштво, како слично на нив по дух и
интереси. Од тој крај беше и мојот покоен пријател Душан, син на
познат хирург и управител на хируршка клиника во Белград, а ние
двајца, како неразделни, бевме најомилениот пар деца во многу
од овие куќи. Се разбира, според цврсто убедување, тоа беа
најбезбожните времиња што ги имал српскиот род во својата
историја. Се живееше многу лесно и безгрижно. Јосип Броз беше
неприкосновен на власт, Југославија го имаше можеби
најпривилегираниот статус во светот, нешто речиси дијаметрално
поразлично од овој денес. Имаше пари, малку се работеше, а
најважни работи беа патувањата, купувањата, поминувањето
време во забава од секаков вид. На тој начин и ние растевме.
Во тоа време ја запознав Мира Мијатовиќ, ќерката на Цвијетин
Мијатовиќ, државник кој стана првиот претседател на Југославија
по смртта на Тито. Живееле на Дедиње, недалеку од Музејот „25-
ти мај“ и резиденцијата на Броз, во раскош и изобилство, во вила
полна со скап стилски мебел, уметнички слики, кристал и кинески
порцелан. Оставите им беа исполнети со најразлични деликатесни
производи, кои дури и се фрлаа, а веднаш зад влезната капија
имаше мала куќарка со дежурен милиционер кој детално го
легитимираше секој посетител. За разлика од овие недопирливи
комунистички богови, работничката класа стенкаше во беда,
систематски хипнотизирана од перфидно дизајнирани дневни
долги политички говори кои всушност ништо не кажуваа,
бесрамни лаги и празни ветувања. Мајката на Мира рано умрела,
а нејзиниот татко се оженил со познатата театарска и филмска
69
актерка Мира Ступица. За разлика од него, таа беше многу
културна и пријатна личност. Како се споија тие двајца не успеав
да разберам.
Другарот Цвијетин беше човек со многу тежок и ригиден
карактер, партизан и ленинист чие единствено светилиште беше
Комунистичката партија и таканаречената
„народноослободителна борба“. Најмногу сакаше да зборува за
тоа како тие, младите комунисти и пролетери, се бореле и се
колеле со Германците и со омразените четници, како и со сите
оние кои не биле со нив. Зборот Бог и Црквата беше табу тема во
нивната куќа и требаше строго да се внимава некому случајно да
не му се испуштат некои од тие поими, бидејќи веднаш ќе беше
изложен на малтретирање и испрашување, иако тогаш сè уште
бевме само деца. Мира имаше и помала сестра Маја и двете беа
прекрасни и добри души. Ја сакав Мира како своја сестра, а Маја
дури и на еден друг начин. Односот на нивниот татко кон нив и
неговото воспитување, во најблаг случај, може да се нарече
тортура. Тие беа должни да ги гледаат сите политички емисии,
кои во тоа време беа премногу на ТВ-програмата, потоа
дневникот - кој беше главниот информатор на сите режимски
бесмислици, како и сите оние партизански филмови и серии кои
претставуваа еден од главните средства за перење на мозокот. И
не само што беа должни да го гледаат сето тоа, туку тој често ги
испрашуваше да види дали знаат за што се работи и дали случајно
не го лажат. Кога ние, нејзиното друштво доаѓавме кај нив дома,
таткото не се појавуваше, но кога ќе се случеше да излезе, сите нѐ
редеше до ѕид и нѐ прашуваше кој бил на работните акции, дали
сме активни членови на социјалистичката младина или дури
членови на партијата. Со оглед на тоа што никој од нас немаше
ништо од тоа што него го интересираше, тој биваше многу
незадоволен и разочаран од друштвото на неговата постара ќерка,
што ни пред нас не го криеше. Цела среќа што сепак имаше малку
такви средби. Во принцип, тој беше еден многу несреќен човек,
само што ни тој самиот не беше свесен за тоа, а им го
пренесуваше истото чувство и на своите ќерки.

70
И, се разбира, таму каде што немаше Бог, молитва и утеха на
Светиот Дух, мораше да постои некаква утеха и тие млади пусти
души го прифатија она што беше нашироко достапно и што
даваше лажно чувство на среќа, привремен креативен стимуланс,
а гледано однадвор - богатата содржина на тие години на нашата
младост. Тоа беше дрогата. Но, уште полошо беше тоа што беше
многу лесно да се дојде до неа, како полицијата речиси и да не
обрнуваше внимание на тие работи, дали случајно или намерно,
не ми беше познато. На почетокот тоа беше во мала мера и тоа на
тие лесни средства, но постепено стануваше животен стил и
нераздвоен другар во секоја прилика, особено за оние чија
состојба во родителскиот дом беше најтешка, а според тогашните
мерила најисправно и „на линија“ .
По некое чудо и нечии молитви, останував многу малку
зафатен од тие душевни отрови, а повеќето мои другари ме сакаа
поради тоа, чувствувајќи ја во мене животната радост во многу
поголема мера отколку што они ја имаа. Во нашата куќа, иако тоа
беше недоволно, сепак се знаеше за Бога, за Црквата, по некоја
мала молитва и за крсната слава. Тие беа штитови и сидра кои ме
штитеа од конечна погибија.
Со почетокот на осумдесеттите почнавме да основаме
рокенрол групи и да се занимаваме со музика и јавни настапи.
Почнавме да се гордееме со нашата позиција во општеството.
Целата младина гледаше на нас како на недостижни идоли. Се
чувствувавме супериорни ние и сите наши таленти, но без
свесност за „Талентодавецот“, всушност беа нашите смртни
пресуди. Зборувам во прво лице, бидејќи и јас бев дел од сето тоа,
но не на самата фронтална линија, туку само еден чекор поназад.
Тоа, тогаш, веќе стана потполно неразделно и незамисливо без
дрога. „Секс, дрога и рокенрол“, „живеј брзо, умри млад и биди
убав леш“, беа само дел од манифестите и паролите на ваквиот
начин на живот. Така беше за време на бит и хипи генерацијата,
во наше време и во времето после нас, кога некои други деца го
правеа истото, или на многу сличен начин, тоа што го правевме
ние.

71
Рокенролот или кој било од современите електро-музички
правци е нераскинливо поврзан со наркоманија, односно рок
музиката е олицетворение на самата наркоманија и нејзин израз.
Не постои рок кој не е без некаков надворешен вештачки
стимуланс, а дури и ако го има, тогаш станува збор или за
сексуална мутација и перверзија или некаков друг деформитет и
настраност кои кога-тогаш излегуваат на виделина.

72
Герините „Живи платна“ - актерката Соња Савиќ

Оние неискусни и невнимателни ентузијасти, кои денес мислат


на некој начин да го спојат Православието со рок музиката и така
73
да го „осветат“ рокот, не се свесни дека се обидуваат да ги спојат
светлината и темнината, медот и отровот, животот и смртта, Бога
и сатаната. Наместо „освештување“ на рокот, овде може да дојде
само до потсмев и онечистување на Православието. Самиот ритам
на рок музиката, кој е и нејзиното срце, без разлика на текстот, е
вознемирувачки и разорувачки. По брзоминливото „добро“
расположение, тој води до тага и летаргија, од кои се сака и мора
повторно да се избега во истиот анестезирачки ритам, и така во
круг без излез, што ја симболизира самата наркоманија. Се
разбира, тоа е сосема неспоиво и некомпатибилно со Црквата, а
особено со молитвата и душевниот мир што произлегува од неа.
Затоа, оние црковни луѓе кои навистина сакаат да им помогнат на
овој тип млади, не треба да се трудат да ја воведат Црквата во
рокенролот, туку постепено да ги изведат од рокенролот и мудро
и постепено да им ја згаснат желбата за рок музика, што
истовремено ќе резултира со гаснење на желбата за хемиски
стимуланси. Со оглед на тоа што ова се претежно за уметнички,
интелигентни и креативни души, треба да се запознаваат со
вечните и неминливите вредности, во кои спаѓаат духовните
уметности, пред се иконографијата и уметничката резба, заедно
со црковното пеење, особено византиското пеење, чија длабочина
и убавина, проучување и мајсторство, бараат цела една академија.
Потоа, тука е духовната молитвена поезија, како и секоја друга
форма на уметност која е проткаена со религиозни чувства.
Многу поучен пример е она што им се случи на членовите на
познатата рок група „Екатерина Велика“, која ја обожаваа
стотици илјади млади луѓе низ цела тогашна Југославија. Прв од
хероин умре многу млад, Ивица, познат како Вд, веројатно
најталентираниот и најдобриот тапанар што го имал Белград
воопшто. Толку добро владееше со ритамот што можеше да
настапува како солист на ударни инструменти или како
полноправен член на Филхармонијата. Тој беше добра душа, но
тежок роб на опијатите. Потоа замина и водачот на групата,
Милан Младеновиќ, гитарист, пејач и многу талентиран
композитор. Тој не беше типичен наркоман, но сепак
консумираше многу такви отрови и од непознати причини доби
74
рак на панкреасот, иако беше млад човек, се угаси за два месеци.
Трет во низата беше басистот и пејач Бојан Печар, мој близок
пријател од младоста. Долго време се забавуваше со Мира
Мијатовиќ а пред „Катарина“ ја имаше групата „Талас“ во која
Мира беше пејачка и со која со заеднички сили си го уништуваа
здравјето. Тој заврши во Лондон, каде се обиде да престане да
зема хероин, но предоцна. Неговиот организам беше толку
пропаднат што повеќе не можел да ја контролира својата нужда,
па често тоа го правел несвесно, без разлика дали лежел во кревет
или седел облечен на масата. Една наша заедничка познаничка од
Лондон, го прими во својот стан и цело тоа време се грижеше за
него. Се случуваше да мора да го измие, така испоганет и во
смрдеа, како мало дете или сенилен старец. Се врати во Србија на
сопствениот погреб во ковчег.
После сите почина клавијатуристката, Маргита Стефановиќ,
познатата фатална „Маги“, четвртиот член на групата. Девојка од
добро семејство, школувана пијанистка и совршен архитект, по
која копнееја многу млади луѓе, а таа избираше, земаше и
одбиваше кого сака. Таа беше позната по својот промискуитетен и
блуден живот. Се сеќавам, кога беа на врвот на својата
популарност, една наша пријателка правеше журка за својата
слава и на таа несреќна „слава“, која денес никако не би можел да
ја наречам со тоа име, таа, со познат млад актер и пејач, извршиле
срамно дело во двојната влезна врата од станот. Чудно е како
земјата тогаш не се отворила да ги проголта и двајцата, или
самиот светец со пламениот меч, чиј спомен се славеше тој ден.
На крајот Маргита толку многу пропадна што беше целата
отечена од наркотици, лекови и алкохол, ѝ испаднаа речиси сите
заби, ѝ се проретчи преубавата, долга и темна коса, па стана
вистинска грдосија, од која сите, во тага и непријатност, се криеја
и бегаа. Во еден момент, пред неколку години, таа успеа малку да
се тргне. Стави вештачки заби и таа надуеност донекаде стивна.
Но, кога ќе започнеше разговор со некого, таа остроумна и бистра
интелектуалка, сега наеднаш ќе го изгубише текот на своите
мисли и едноставно ќе престанеше да зборува среде разговор, не
знаејќи каде застана. Или наеднаш ќе почнеше да зборува за
75
нешто сосема неповрзано со темата и така создаваше болна
ситуација за себе и за својот соговорник. На крајот таа се
разболела и од епилепсија.

76
77
Константинопол, XIII век - Богородица на престолот
Тешка трагедија. А, пред неколку дена слушнав, дека и таа,
несреќната, умрела.
Примерот на оваа група е најдрастичен, но во сите други рок
бендови секогаш имало член кој доживеал слична судбина. Би
завршил со уништено здравје и телесна убавина, обезличен
интелект и човечко достоинство, а сето тоа за неколку години
минлива слава, популарност и грчевита желба да биде во центарот
на вниманието. Суштинската причина за сето тоа отсекогаш била
страшната и трагична празнина на душата во која имало сѐ освен
Бог.
Но, да се вратиме на семејтвото Мијатовиќ. Времето полека
минуваше и сите заблуди и лаги на комунизмот почнаа да
излегуваат на виделина. Нивниот марксистички пантеон почна да
се руши, а со тоа и моќта на сите оние кои од него ја црпеа својата
сила и безобразлук. Каква плата од универзалната небесна правда
му беше доделена на другарот Цвијетин за неговите дела?
Најпрво кариерата му се распадна на парчиња, стана никој и
ништо, безначаен старец. Неговата сопруга набрзо го напушти, а
на крајот од сето тоа двете ќерки, како тешки зависнички од
хероин, една по друга умреа од сида. Меѓутоа, тој остана жив и
оставен од сите, некаде во мир добро да размисли што го снашло
и, или да остане доследен на себеси: саможив и себичен, без
љубов кон никого, или да се самоубие, што според некои мерила
би било најчесно, или можеби... можеби треба да се покае и да
повика кон Бога за прошка и спас на својата несреќна и осакатена
душа.
Ова, за жал, не беше осамен пример меѓу „благородниците“ од
Дедиње, но нема повеќе да ги спомнувам за да не биде досадно и
тажно. Само ќе кажам дека сепак, гледано христијански, никој од
нив не беше суштински виновен, бидејќи биле заведени од
погрешните текови на своето време и според човечката слабост,
посакале власт и удопства на животот.
Бог да им прости на сите нивни души, а нам да ни помогне да
ги разбереме Неговите неискажливи судови, воспитни пораки и
праведни казни.
78
79
Герините „Живи платна“ – членовите на групата ЕКВ

Среда, 6 ноември 2002

Ох, Господи, како некој ужас дојде во мојот сон минатата


ноќ.

80
Причестување на апостолите – Црква Св. Никола Орфанос

Сонувам дека се наоѓам на погребот на мојата покојна познаничка


Маргита, всушност сум дошол на гробиштата малку порано и
поворката уште не беше пристигната. Со големо чудење
81
забележав дека е ископана огромна јама за гробот. Откако
погледнав подобро, видов дека јамата е ископана во форма на
правилна четиристрана превртена пирамида, со врвот на дното.
Основата на површината, односно ширината на тој кратер беше
веројатно пет метри, а длабочината исто толку. На едната страна
се наоѓаа вкопани скали од набиена земја за спуштање до дното.
Дури на самото дно, односно на врвот, се наоѓаше гробна рака,
како што обично се копа, и на мое сега многу непријатно
изненадување, имаше отворен мртовечки ковчег, поставен со
вообичаената мртовечка постелнина, очигледно подготвен да
прими мртовец. Не ми беше јасно каде е покојната, ако ковчегот е
веќе тука. Од целата таа бизарна сцена, веќе почнав да се
наежувам кога во далечината се појави поворка. Тоа беше голема
група луѓе во црнина, на чие чело полека се движеа двајца луѓе
кои меѓу нив држејќи ја под двете пазуви, водеа личност која јас
ја познавам. Боже мој, тоа беше Маргита! Не можев да верувам,
но кога малку се приближија, се уверив дека тоа навистина беше
таа. „Сега што е ова“, си помислив, „па таа е жива?!“ Како што се
приближуваа уште повеќе, видов дека Меги беше целата во солзи,
со поглед на ужас на нејзиното целосно ослабено и сиво лице.
Носеше некоја жолт мантил за дожд и панталони кои ѝ висеа
околу нозете толку тенки што останало само коски и кожа.
Изгледаше како некој во терминален стадиум на рак или сида,
пред да умре. Сепак, најстрашно изгледаа двајцата кои ја водеа,
очигледно нејзините родители, со ледени и немилосрдни изрази
на нивните лица. Решиле да ја погребаат уште пред официјално да
умре, бидејќи во својата болест дошла веќе на самиот праг на
смртта. Го гледав сето ова, запрепастен од суровоста и
бесмисленоста на целата сцена, а кога решив да им се прикрадам
од страна и да им ја земам Маги од нивниот стисок, и двајцата ме
погледнаа само со очите, без да мрднат со главата, со некој
морничав погледни и се разбудив.
Веднаш станав од креветот и го вклучив светлото. Сè уште бев
во голем страв бидејќи не можев да се ослободам од впечатокот и
да се одвојам од таа ужасна атмосфера од сонот. Ми се чинеше
дека сè уште сум таму, а лицата и очите на тие двајца демони во
82
обликот на нејзините родители ме гледаа каде и да го свртев
погледот. Ова траеше додека не отидов во тоалетот и не се
посипав со ладна вода, цело време повторувајќи ја на глас
Исусовата молитва, бидејќи не можев да ја поднесам тишината.
Се вратив во келијата и загрижено ја затворив вратата зад себе. Се
крстев и се чудев, размислувајќи каков ли е овој страшен сон -
како навистина да бев таму, дали во тело, дали надвор од тело -
Бог знае.
Кога размислував за сè следниот ден, увидов дека сепак не е
толку апсурдно, дури и без својата порака. Додуша не ги познавав
родителите на Маргита, но затоа кај сите они мои останати
познаници и пријатели, кои беа зависници од дрога и во чии
домови одев, како по правило секогаш имаше некоја нездрава
ситуација и ненормален однос со нивните родители. Тие луѓе
обично и самите беа, повеќе или помалку, ментално растроени,
алкохоличари или луѓе на високи позиции, кариеристи, на кои
овој свет им овозможуваше власт и успех, но им ги одземаше
децата. Изгубената блискост и љубов кон синовите и ќерките ја
замениле со давање големи суми пари, не знаејќи и немајќи
ништо друго. Или, едноставно, тие беа себични и сурови луѓе кои
беа центар на светот за себе, така што ни нивните деца немаа
пристап до него. Во секој случај, секогаш по нешто од ова беше
присутно во тие домови и тие деца растеа без љубов и разбирање,
иако нивните родители не сакаа да го признаат тоа, жестоко
спротивставувајќи се дури и по цена на бесмислено
контраосудување на своите родени деца за својата лична вина,
односно дека децата всушност се оние кои не ги сакале и не ги
разбирале. Со години го гледав и повремено присуствував на сето
тоа и секогаш беше мачно и нерешливо. Секако, нема потреба
посебно да потенцирам дека во тие домови немало место за Боаг,
верата и Црквата.
Меѓутоа, едно е сигурно: во оние семејства каде што имало
доволно вистинска и здрава родителска љубов и грижа која
обично и најчесто не доаѓа без верата во Бога, без разлика на
какви искушенија наишле, децата растеле и созревале во здрави и
солидни личности. Во оние куќи каде ова го немало, или го
83
немало доволно, колку и да го негирале ова нивните родители и
да наведувале бескрајни самооправдувања, таквите деца пропаѓаа
и физички и морално, без разлика дали како робови на алкохолот
и дрогата, или како криминалци и самоубици.
Нека им е лесна земјата на сите, и Господ да ги помилува
нивните души.

84
Гера - Слика на црвената маса

Четврток, 10 јули 2003 година.

Манастирот Хора - Ангел на доаѓањето Господово

Неодамна, татко ми ми испрати нова книга, монографија за


мојот покоен пријател Душан Герзиќ Гера и неговото уметничко
дело од промоцијата на која беше присутен. Братот на Гера
85
работеше многу напорно на овој проект и ја заврши работата
многу успешно. Кога ја добив, бев возбуден, а исто така убеден
дека ќе доживеам збунетост и вознемиреност од сеќавањата и
емоциите. Така и беше. Штом ја свртев првата страница, како да
отворив лично, заборавено и свесно потиснато минато:
осумдесеттите и деведесеттите во Белград и Њујорк, познати
фаци, познати места и настани, а пред сѐ познатото и драго лице
на мојот брат и другар од раната младост - Гера. И веднаш потоа
еден грч и болка во срцето за одвеаните поминати времиња и
убави моменти, како и за многумина кои веќе не се на овој свет.
Меѓу сликите и цртежите на Гера, многу негови фотографии: тој,
со другите и оние со мене, Белград - Њујорк - Париз. Едно
поминато, урбано, интензивно, креативно, но и многу грешно
време.
Креативно поради многуте навистина висококвалитетни дела
од авангардната уметност и грешно поради многу млади
талентирани луѓе кои прерано починаа. Цела една генерација
сликари, музичари, уметници... во гроб.
О, Господи, не можам да останам рамнодушен, не можам да
не заплачам, прости ми што не можам да го заборавам тоа
време, тие луѓе, таа моја грешна, нескротлива младост, на која ѝ
беа тесни сите големи градови и континенти... Прости ми што
во овој момент леам солзи, не од молитва, туку од тага, некоја
далечна болна тага што сѐ било така, што сѐ така завршило и
што не Те сретнав порано и така не успеав да помогнам,
можеби нему, на Душан, како што со Твојата помош успеав да
направам за себе. Зошто пострадавме толку страшно, толку
многу? Се чини дека бевме навистина големи грешници, од кои
првиот бев јас.

Сабота, 12 јули 2003 год

Која е вредноста и што значи кога се вели дека некој има свој
посебен, длабок и силен „внатрешен свет“? Тоа обично се вели за

86
креативни, талентирани луѓе, за уметници. Дали овој силен
„внатрешен свет“ е благослов или казна за овие луѓе? Во повеќето
случаи, гледајќи во најистакнатите светски творци, кои со своите
дела ги исполнија музеите и страниците на книгите за историја на
уметноста, се чини дека сепак тоа беше само казна. Ова може
слободно да се заклучи, бидејќи сме свесни и запознаени како
завршиле нивните животи, но и какви биле во текот на нивните
уметнички кариери. Најголемите сликари, многу писатели и
музички генијалци, ако не на почетокот, тогаш секако со текот на
времето, беа луѓе растроени, вознемирени, склони кон
најразлични пороци и човечки слабости, осамени, одвоени од
заедницата, несреќни. Многумина завршиле со самоубиство, во
момент на очајание, или полека се убиваа себеси на некој начин.
Талентот за една личност може подеднакво да биде или извор на
радост, благосостојба, среќа, внатрешно исполнување и
спокојство, или тешко бреме, казна и проклетство. Како е тоа
можно и која е главната причина за ваквата драстична разлика?
Во прашање е само една работа и има само една причина, а тоа е
свесноста од каде потекнува тој посебен дар кај човекот! На оној
уметник или научник, бидејќи уметноста и науката во крајната
точка се спојуваат, на кој му е јасно дека дарот што го поседува
доаѓа од повисока сила, која не е тој или дел од него, туку онаа
сила што го донесе на овој свет и му даде живот а потоа талентот,
оној што ќе сфати дека таа сила е Бог Отецот, Семоќниот,
Создателот на сè видливо и невидливо, врвниот Уметник, само
таа личност ќе има корист од неговиот талент и, откако ќе го
оплемени со тоа сознание, ќе го умножи и ќе го доведе до полн
процвет, а со тоа целото човештво ќе има корист од таквиот
творец и неговото дело.
Од друга страна, таа личност која е во духовната темнина и
слепило на бого-непознанието и заради тоа во неизбежна
самозаљубеност, ќе смета дека тој талент е нешто лично негово,
суштински нераскинлив дел од неговото битие, нешто што му е
дадено од „мајката природа“, поради неговата „избраност“ и
различност од останатата „маса на човечки суштества“. Таквиот
човек, порано или подоцна, ќе влезе во состојба на опасна
87
духовна и душевна заблуда на самоизмама која постепено ќе го
доведе до состојба на крајна гордост и своевидно самообожување,
што е пар екселанс причина за завршување во лудило и
самоубиство. Зошто е тоа така? Тој талентиран поединец кој
интимно верува дека е различен од остатокот од светот, подобар и
повозвишен во секој поглед, неминовно доаѓа до тоа наскоро да
почне да ги презира сите оние кои немаат дарба слична на него, а
такви се сигурно огромното мнозинство од човештвото. Презирот,
кој во суштина е тоа што е од самиот почеток, преминува во
свесна или несвесна омраза, а омразата, во зависност од степенот
на изразеност, е состојба спротивна на љубовта, нејзиното
отсуство и непостоење. Човекот кој во себе нема љубов кон
целиот човечки род тој престанува да биде она за што е назначен
кога Бог го приведувал во живот. За самото битие на Бога и
Неговите беспочетни енергии не можеме многу да кажеме, но
едно е сигурно: Бог е љубов. Вистинската љубов е несебична, а
вистинската љубов е онаа која се дава на сите, не се дели на овие
и на оние, мали и големи. Оној во кој нема љубов, го нема ниту
Бога, оној во кој го нема Бога - мора да биде некој, а тоа е
Неговиот противник, антиподот, владетелот во оваа поднебесие,
космократорот, сатаната. Тој само чека, а особено ги чека оние
кои според Божјата промисла имаат повеќе дарови од другите, да
ги скрши преку нивното лично самољубие и самообожение.
Меѓутоа, тоа самообожение, кое сатаната тајно им го сугерира, во
суштина не е „човеко-обожение“, туку, за жал, неизбежно
„сатано-обожение“, односно поправилно е да се каже „сатано-
обожување“. Тогаш тој зол дух полека, поскриено или
поотворено, почнува да се покажува во нивните дела, што
најлесно се гледа во ликовната уметност. Се разбира, уметникот
никогаш нема да го признае тоа и ќе го објасни едноставно како
„провокација“ или „уметничка слобода“, тврдејќи дека злото и
доброто се релативна работа. Во источните религии, на пример,
боговите отворено се опишуваат како демони и активни принципи
на уништување. Тие се прикажани во целата нивна грдост,
монструозност и суровост, со врвна прецизност, мајсторство и
исклучителна уметничка вдахновеност.
88
За своите постапки и умствени дејства човекот мора да прима
енергија однадвор, бидејќи тој како твар, како творба не ја
поседува таа енергија. Тој енергијата, вистинската енергија,
вдахновеноста ќе ја прими од Бога Создателот, додека од ѓаволот
ја прима онаа која е, се разбира, лажна, привремена,
деструктивна, несовршена, безживотна енергија. Човек не може
да си даде вдаховеност, иако на многумина тоа може така да им
изгледа, тој мора да ја прими од некој центар, од некој извор што
е надвор од него. Најголема трагедија е кога човек ќе подлегне на
измамите на злите сили кои мислено го убедуваат дека во
реалноста нема никакви „сили“, ниту Бог, ниту ѓавол, дека сето
тоа се бесмислици и дека тој е единствениот кој е самиот извор на
своето постоење или во најдобар случај - природата - и како таков
е мерка на сè. Овој тип на човек е сам сопствен пример, идол, бог.
Каде води тоа? Тоа доведува до целосно повлекување на
Божествените енергии и благодатта од човечката душа, а таквиот
човек станува пустошен, духовно изгладнет и празен, без воопшто
да биде свесен за тоа и почнува да внесува во себе сè што ќе го
задоволи, но за жал само привремено. Прототипот на денешниот
современ уметник е, во поблага или потешка форма, вљубеник во
хемиски стимуланси, наркоман, алкохоличар или приврзаник на
некоја скриена страст, меѓу кои на прво место се сексуалниот
промискуитет и мутацијата, а потоа сè друго. За таков човек,
според трагедијата на нештата, талентот се претвора во казна,
мачење, проклетство и пропаст. Има многу такви луѓе денес, на
крајот на краиштата јас бев еден од нив, а малкумина се свесни
дека сè што поседуваат, поседуваат благодарение на повисоката
сила од која го добиле, Господ Бог, врховниот даро-дарител и
дека тоа истото толку лесно може да го изгубат.
Познати се случаите и примерите на губење на
„инспирацијата“ и престанок на сликањето, пишувањето,
компонирањето или создавањето воопшто, привремено или
засекогаш.
Нека даде Бог сите луѓе, особено уметниците и научниците,
да разберат од каде потекнуваат нивните идеи, моќи и нагон за
создавање, а на оние што прерано си заминаа за нивната заблуда
89
и нека и нив, по Својата милост, ги воведе заедно со сите од нас,
кога ќе дојде по втор пат, во нов живот, во Царството Небесно,
царството на сите уметности, царството на радоста во
најголемиот дар што сме го добиле од Него, во животот, во
битиствувањето, во постоењето.

Петок, 18 јули 2003 год.

Како зараснува душата, како зараснува раната на душата? Како


може некој или нешто да ја повреди душата, кога душата не е
орган, не се знае ни каде е, ни што е тоа, не може да се допре, да
се локализира ниту да се ограничи? Но душата сепак постои, секој
ќе се согласи со тоа. Од што е создадена душата? Бидејќи душата
може да биде повредена, тоа значи дека постои, таа е вистинска и
жива. Неживото не може да биде рането или повредено, може
само да се оштети. Ранета душа боли. Нешто боли во градите и
влијае на целото човечко битие и тело. Душата е направена од
некое нематеријално, духовно ткиво. Како што телото може да
биде повредено, исто така бива и со душата. Постојат мали
душевни рани, не многу длабоки, кои лесно поминуваат и брзо се
забораваат. Има и такви кои траат подолго и повеќе болат, за чие
исцеление е потребно долго или подолго време. Има повреди на
душата кои стануваат неизлечиви „живи рани“ од кои душата
страда цел живот, а постојат и оние повреди кои душата не може
да ги поднесе и од кои душата умира.

90
Радован Хиршл - есенска апокалипса

91
92
Св. Андреј Рубљов - Света Троица 110

Во народот се вели дека „времето лечи сè“. Повеќето душевни


болки или се намалуваат со текот на времето или целосно
исчезнуваат, исто како кај рането тело веднаш по повредата, се
формираат згрутчување на крвта и создавање на струпови, кои ја
штитат раната од надворешни влијанија и го запираат губењето на
крв. Потоа, започнува забрзаното создавање на млади клетки на
сврзното ткиво, кои ја зараснуваат раната во сите правци, се
создава нова кожа, крвни садови и нервни завршетоци. Конечно,
стариот струп паѓа и на местото на раната останува ново румено
ткиво, кое набрзо станува како другите делови од телото или ако
раната била подлабока, останува лузна. Човекот не ја извршил
свесно оваа акција, а уште помалку телото, само по себе, можело
да го знае тоа. Нешто друго го раководеше овој процес, нешто
што го познава човечкото тело и неговиот живот многу подобро
од самиот човек.
Процесот на заздравување на телесните рани е добро проучен
со текот на времето и медицината го знае солидно затоа што може
да се види, следи и испитува, додека, во исто време, повредите и
исцелувањето на душата, со кои модерната психологија и
психијатрија се занимава прилично површно и неуспешно, се
едни од најголемите тајни за човечкиот ум. Душата е многу
почувствителна од телото, бидејќи духовното ткиво од кое е
направена е многу пофино и посовршено од ткивото на кожата,
лигаментите и коските.
Најчесто воопшто не размислуваме за душата и речиси сме
подготвени да кажеме дека такво нешто и не постои, но кога
душата ќе заболи или е премногу ќе се израдува, тогаш сме
свесни и сигурни дека во нас има нешто што е живо, што е
истовремено и битие за себе и нераздвоив дел од нас. Душата има
некој свој живот, скриен од нашите сетила, но од нејзиниот живот
зависи она што е најважно за човекот, многу поважно од
телесното здравје. Тоа е внатрешен мир, исполнетост, спокојство,
радост и желба за живот. Кога душата е ранета, сето ова бива
расклатено и на човека повеќе ништо не му вреди и не може да го
93
утеши, ниту доброто телесно здравје, ниту материјалното
богатство. Како зараснува раната на душата, кога сме подготвени
да кажеме дека душата можеби не ни постои? Но душата сепак
боли, а таа болка со текот на времето или расте или поминува.
Ние не можеме да си ја исцелиме душата, тукутака, само ако тоа
го посакаме, како што не можеме да го направиме тоа со телесна
рана на која можеме да ѝ помогнеме, евентуално да го забрзаме
процесот на заздравување, но суштината на процесот е надвор од
нашиот дофат. Така е и со душата.
Душата е твар, но духовна, бестелесна. Во секоја работа, за да
постои и да се одржува, мора да има внатрешна складност,
хармонија, односно исполнување на одредени законитости. Ако
во материјата дојде до нарушување овие законитости, таа или се
менува или се распаѓа. Ако во душата дојде до нарушување на
внатрешната хармонија или устројство, душата се менува. Во неа
постепено се јавува хаос, бурно нарушување на нејзината духовна
атмосфера. Меѓутоа, душата не е воздух или вода што полека се
смирува кога ќе помине нарушувањето. Исцелувањето на
духовното ткиво на душата не се лекува само со времето, туку со
истата сила што ги учи телесните клетки што да прават веднаш по
повредата. Зошто оваа сила може подеднакво добро и ефикасно да
ги лекува физичките и духовните рани? Бидејќи таа сила создаде,
од ништо, и дух и материја, затоа таа сила многу добро знае да го
поправи она што еднаш веќе го создала.
Која е разликата помеѓу духот и материјата? И едното и
другото се создадени, и едното и другото се твари, па сепак толку
многу се разликуваат. Но, гледајќи подлабоко, разлика во
суштина нема. Во основата на сè е Божествената енергија,
Божјата љубов. Материјата е набиена, така што може да се
почувствува и види, додека духот е прозрачен, но Светиот Дух ги
држи и едното и другото. Како може нешто што не може да се
оппипа да биде повредено и како може истото тоа да се излечи?
Духовното ткиво на душата е составено од некакви влакна на
сила, струења, бого-енергетско движење, кои сочинуваат
испреплетена мрежа во која се наоѓа душата на душата, како
мозочно ткиво во мрежа од најфиното сврзно ткиво. Таа душа на
94
душата е како жлезда која лачи живот. Телесните жлезди лачат
хормони, најважните материи во организмот, без кои животниот
процес е невозможен. Душата лачи духовни хормони од кои
зависи целиот микрокосмос на човечкото битие. Бог, кој создал, е
единствениот кој знае да ја исцели душата. Тој е нејзин родител и
лекар. Хаосот и возбудата на духовните сили на душата Тој знае
како да ги врати во складност, Тој единствен знае да смири, а ние
тоа го добиваме од Него преку една посебна акција наречена
молитва.
Има и време кога душата се радува. Велат: „ми заигра душата“,
„градите ми затреперија“. Што може да „игра“, да се развесели
толку чувствено, толку живо, нешто што е бестелесно, нешто во
чие постоење не сме сосема сигурни? Тоа не се ткива и нерви, тоа
е душата. Таа се радува чисто како дете, таа „заигрува“ од радост.
О, Господи, како да задобиеме што е можно повеќе радост и
што е можно помалку болка? Што се случува со духовните сили
на душата, во нејзиното духовно ткиво, кога таа се радува?
Каков процес е тогаш во тек? Кога радоста е присутна во душата
на душата, тогаш таа скриена духовна жлезда лачи повеќе живот,
посуштински духовни хормони и животот блика, цвета и донесува
плод. Како да добиете што е можно поголема духовна радост за
вашата душа, а што помалку болка? Па, ова прашање е суштината
на светата Православна вера и главната причина за Христовото
доаѓање на земјата: победата и уништувањето на гревот,
исцелувањето на душата, нејзиното оздравување, растење, зреење
и плодоносење. А нејзиниот род е добродетел што ѝ дава крилја
со кои она лесно пролетува низ овој живот во телото и којашто,
најважно од сè, ѝ дава сила да се вивне по телесната смрт,
безбедно да помине низ поднебесието и безбедно да стигне до
вечниот живот.

95
96
Манастир Св. Екатерина - Христос Пантократор
На крајот на сето тоа, знам дека многу луѓе, особено на
блиските на оние кои се споменати овде, воопшто нема да им
биде сеедно, доколку го читаат ова. Затоа од нив, а особено од
Душановата мајка и постариот брат барам прошка. Но на ист
начин, можеби и повеќе, молам за разбирање за оваа моја
постапка, бидејќи Душан сега е починат и ништо не можеме да
направиме за него, освен секако молитви за упокојување на
неговата душа. Сепак, има уште многу, многу кои ќе тргнат или
веќе тргнале по патот по кој одеше Душан, а кои се исто така
нечии деца и браќа. Заради тие некои нови деца, седнав да ги
напишам овие редови. Дополнително, тука не сакав ниту да го
оцрнам ниту да го повредам ликот и споменот на мојот сакан Гера
бидејќи, сите што го познававме, знаеме дека тој беше ретка
благородна и добра душа, како и дефинитивно еден од
најголемите млади сликари. во светот денес, но кој, за жал, беше
измамен и залутан од лажните вредности на овој живот, како и
многумина пред и по него. Знам дека со овој скромен текст нема
да го спасам и спречам светот од погибија, но се молам и се
надевам дека барем еден од младите творци, кој ќе го прочита
ова, навреме ќе се тргне и ќе се замисли и така ќе ги избегне
замките што Душан не успеа да ги избегне. Секако, тука не сакам
да кажам дека занимавањето со модерната уметност е нешто лошо
само по себе, не дај Боже, сите оние кои имаат талент од Бога, за
било која дејност, должни се да ја развиваат и умножат. Меѓутоа,
во оваа прилика сакам само да предупредам и да посоветувам
дека на работата на кое било уметничко дело треба да му се
пристапи како на дар од Бога добиен и дека треба да се
облагороди со молитва и благодарност, а потоа самиот Свети Дух
тоа дело ќе го оформи и насочи во душеспасителна, а не
душеразорна насока. На тој начин ќе се избегнат многу замки и
опасности.
Мојата совест, на која не можев да се оглушам, ме поттикна да
постапам вака и како што рече нашиот патријарх Павле: „Реков и
се спасив“, а кој има уши да слуша нека чуе.

97
Поговор

Денеска, населувајќи се на падините на Мокра Гора во


Рашкиот крај, под заштита и закрила на Св. Петар Коришки и
манастирот Црна Река, му благодарам на Господа што ми го
сочува животот во тие тешки и опасни денови од мојата младост и
што ми даде благослов за монашки живот и тихување на овие
сончеви и тивки ридови.
Кога, понекогаш ноќе, излегувам и стојам под ведрото и сино
небо и насетувам како вечноста тече меѓу ѕвездите и оваа грешна
Земја, го молам Бога да стави крај на оваа падната творевина и да
ни подари ослободување од таа зататнена воденица на смртта и
небесен мост за премин во Неговите прегратки и вечен живот.

98
99
На Братот Душан
Брате мој сакан,
душа ти дадоа, како име, на крштевањето.
Четириесет да наполнам не сакам,
Говореше таинствено додека бевме мали.

Свети Сава, првиот Србин, стихијата ја прекина,


Да те оттргне во небеска Србија, од страдања да те
ослободи
На својот празничен ден од Бога да те измоли.

Можев ли да знам, драг мој,


додека еднаш по морињата пловевме,
дека еден ден, како славеј ноќе,
со солзи ќе ти пеам за спомен:
Господи, помилуј!?
Само половина од мене остана овде,
а половина одлета со тебе на небото.

Господи, земи ме и мене затоа што бевме исти,


пред Твоето лице јас повеќе згрешив,
како што нему си му приготвил, така да биде и за мене.

Година помина, а можеби и сто.


Јас и понатаму, ноќе како славеј,
со вера во Твојата милост пеам:
Господи, помилуј!

100

You might also like