You are on page 1of 1

Тој не беше толку студен и педантен како постариот, а ни

толку лош како помалиот. Тој беше златна средина меѓу нив.
Паметен, пргав, пријатен и пристоен човек. Човек кој знае како да се
однесува во друштво, човек кој строго го исполнуваше она што го
сметаше за долг, а за свој долг го сметаше сето она што го сметаа и
највисоките општественици, луѓе кои покорно ги следеше не
обрнувајќи многу време и не оставајќи простор за својот став кон
животот.
Се ожени за Фјордовина Михељ која беше за него идеалното:
најпривлечна, најумна, најблескава во неговиот круг на луѓе. Иако
одделно како луѓе беа совршенства, меѓусебно животот можеше да
им се спореди со пекол. Меѓусебната љубомора, главно изразена
преку Фјордовина која без никаква причина викаше по него, сакаше
многу да му угодуваат, а секоја и најбанална ситница ја користеше
за да му направи непријатна ситуација. Но, дали некогаш некој се
запрашал дали цела кривица беше во него? Или целиот свој живот го
посвети на работата и играњето карти со другарите.
Непријатностите понекогаш немаат крај. Капка вода и на така
преполниот сад доволно за да претече, беше болеста која полека, но
сигурно го опколуваше. Тој можеше да се залажува дека не го боли
ништо само додека не се замореше и не се возбудеше. Но штом се
случеше некоја непријатност со жената, неуспех на работа, веднаш
со сета своја сила ќе ја осетеше својата болка.
Си велеше: „Не е работата ни во слепото црево, ни во
откачениот бубрег, туку во животот ....и во смртта. Беше животот, но
еве си оди и никако не можам да го задржам. Зар е толку очигледно
дека умирам? Но, зар смрт! Не, не сакам.“
Додека се наоѓаше на смртната постела тој се виде себеси во
нив, во жената, во децата, докторот, сите тие со кои живееше и виде
јасно дека тоа беше ужасна, огромна лага која ја затскрива и смртта
во животот.
„Го бараше неговиот вообичаен страв од смртта, но веќе го
нема. Немаше никаков страв, затоа што и смртта ја немаше. Наместо
смртта имаше светлина. Земајќи го последниот воздух успеа само да
рече: “Смртта е возвишена. Повеќе ја нема.“

You might also like