You are on page 1of 1

Процес

Франц Кафка е еден од најпознатите писатели на 20 век.Пишува за немоќта на човекот да


влијае на општеството,ги спојува реалното и фантазијата,опишува ликови кои претежно се
осамени и се наоѓаат во ситуации кои се нереални.Најголем дел од неговите дела,напишани
на германски јазик,се објавени по неговата смрт,а меѓу попознатите се романот
процес,замок,новелата преобразба.

Во романот процес кафка всушност ни го доближува судскиот процес на еден човек. Но


романот е бунт на самиот автор против системот и бирократијата кои
владеат.Долг процес во кој човекот е осуден на смрт.Преку редовите во романот ни ја
претставува бесмислата на животот,апсурдот,неснаоѓањето во современото живеење и
беспомошноста да се застане против посилниот.Ако Мерсо не прави ништо за подобро утре,ако
Естрагон и Владимир вечно чекаат некого што никогаш нема да се појави,овде Јозеф и да
сака,ништо не може да смени,ја знае конечната завршница,смртта.Процес како роман,иако
незавршен,несреден,сепак буди огромен интерес бидејќи многу реално не носи низ лавиринтот
наречен живот.Оставајќи завет на својот пријател романот да биде уништен,сепак кафка има уште
едно успешно дело кое ја гледа светлоста на денот.Се во романот е чудно,ликовите како
банкари,полицајци,вработени во судот,просториите во кои престојуваат,каде се вршат
судењата,ниски,натрупани,нечисти,најчесто сместени во сиромашните делови на градот.преполни
ходници,скалила за кој знае каде.Се е чудно и ужасно.И сето тоа одлично се поистоветува со
денешното судство каде се заборава на човекот,достоинството,надитрување и се само достоен
живот не.И токму тој судски процес е процес во кој човекот заборава кој е,не може да се најде
себеси,нема помош од никого и единствено што му останува е да умре.Неразбирањето на
функционирањето на власта и немање сила за отпор на ваквата власт е идејата на ова дело,а
истото ќе послужи и како тема,пеколот на живеењето и злото на власта.Беспомошноста на
единката против поголемите од неа.Осудувањето на човекот без да се знае за што е
виновен.Помирувањето со смртната казна,без можност да се даде отпор.Сето ова е тема која
одлично не спојува со денешното судство,тема за која може да се каже дека денес е
секојдневие.Не сме виновни,но ќе мора да ја прифатиме вината.
Затоа делото на кафка е синоним за апсурд од кој човекот пропаѓа не по своја вина. Ситуации
со кои едноставно треба и мора да се помири,за жал ништо друго не му
останува.

You might also like