You are on page 1of 1

Човекот е „клопче од нагони, каприци и способности за кого

единствена мерка за човечката личност е златникот. Постојат само


парите кои ги замениле и боговите и фаталната страст, ја раководат
судбината...
Така е и со Жан Валжан. По смртта на татко му станува глава
на семејството и приморан е да работи тешка физичка работа.
Набргу останува и без неа и во очај да го прехрани семејството
кради леб од пекарата, фатен е и осуден. Тој ја сфаќа суровоста на
општеството: знае дека не украл за да има повеќе од тоа што го има,
туку само за да преживее. Но, општеството не го интересираат
причините поради кои некој се решил за криминал. За нив се е
едноставно – криминал.
Но, зошто општеството кое тврди дека е хумано , дозволило да
дојде до тоа еден работоспособен човек да не може да обезбеди
минимални услови за живот? Зар тоа не е поголем злостор од самиот
грев?
По цели 19 год. Од робија ќе излезе како мизантроп, како
непријател на општеството. Спас наоѓа кај Монсињор Бјенвени, кој
ќе му пружи рака и со добар збор ќе го врати на вистинскиот пат во
животот: „Жан Валжан, брате мој, од овој миг Вие веќе не припаѓате
на злото, туку на доброто. Ја откупив вашата душа, за да ја грабнам
од црните мисли на злиот дух и да му ја предадам на Бога. Станува
угледен човек искачувајќи се до највисоките степени на
општествената хиерархија. Со тоа во романот се отвора нова
димензија – надеж и оптимизам.
Успеа да ја врати и нежноста која ја загуби во затворот и
целосно да ја подари на Козета, која дотогаш не знаеше што е
милување, туку само тепање и малтретирање.
Kлетници е ôд на злото кон доброто, на неправдата кон
правдата, на лагата кон вистината, на ноќта кон денот, на апетитот
кон совеста, на гнилежот кон животот, на животинството кон
должноста, на пеколот кон небото, на ништожноста кон Господа.
Почетна точка: материјата; завршна точка: душата. Хидра во
почетокот; ангел на крајот.
Тоа е жестока критика на општеството кое се упатило по патот
на капитализмот и во кое настанува страшно раслојување на луѓето
според материјалните богатства. Тоа е книгата која се занимава со
појавата на општествените зла: злосторот, злоупотребата на жената
и односот на општеството и семејството кон децата.
Со ликовите Иго успеал да ги наслика оние за кои верувал
дека можат да го преобразат општеството. Создал луѓе со една
мисла: Да се биде човек. Оти не постои алтернатива. Само добриот
човек е човек.

You might also like