You are on page 1of 1

„Ѕидот беше околунаоколу домот, како смок притаен. Огромен.

Ќе те гушне ли, ќе те
завитка со опашката и тогаш ти нема спас.“

Големата вода на Живко Чинго говори за настани „од еден дом за сирачиња кој се
отвора во првата слободна пролет, 1946 година“.

Борбата против злото, моралното распаѓање на личноста се води со добро


воспитување. Родителите се првите воспитувачи на своите деца, потоа улогата ја
преземаат државните образовни институции. За сирачето, детето без родители ова
веднаш го превземаат државните институции, но не со љубов туку од обврска.
Во романот Големата вода ги согледуваме и разоткриваме душевните
преживувања и доживувања на воените сирачиња од втората светска војна. Се
запознаваме со претставниците на државата кои на овие сирачиња треба да има
дадат слободен живот достоен за човекот. Го гледаме домот за сирачиња кој
треба да им биде семеен дом, татковина, а големата вода слобода. Овие
сирачиња прибрани се од полињата, по градините. Донесени се во домот во кој
наликува на зандана. Ги одвојуваат од некој свој кој барем малку ги сака. Лем го
одвојуваат од вујко му, кој го сака но не може да го одгледа во тие тешки повоени
години. Му ветува дека штом ќе има малку економска моќ ќе го врати во својот
дом. Заминува во домот, каде со својот домски другар ја гледаат Големата вода-
сонот за подобро утре, А во домот, се разочаруваат од големиот татенце,
управителот на домот Аритон Јаковлески. Непедагошките мерки на овој татко, на
другарката Оливера Срезоска, животот во нечистотија , сиромаштија,
непедагошките мерки, физичките казни раѓаат омраза заради згазеното чвечко
достоинство. Но сонот за големата вода ги носи напред. Сакаат да украдат дрво и
од него да направат Кејтанова мајка. Од неа да проговори за несреЌното детство
без мајка, за детство без детство., но и за еден стар тврдоглав догматичар кој на
крајот ја увидел својата грешка. Ги увидел непедагошките мерки кон децата на кој
војната им го одзела најмилото, родителите, љубовта, грижата.Овој борец против
фашистите касно ја увидел својата грешка. Сфатил дека освен службената
должност, на децата не им понудил ништо повеќе. Ги демнел, ги следел, барал
причина да ги казни овие млади сирачиња. Зедно со воспитачката Оливера на
овие мали сирачиња кои си направија мајка можеа многу да им дадат. Но не им
дадоа ништо. Само им развија омраза.
Овие партиски чиновници, овие преставници на државата не успееја воените
сирачиња да ги помират со злото, да ги спасат од моралното распаѓање на
личноста. Погрешно ги воспитуваа, ги мачеа, казнуваа. А, можеше само со малку
љубов се да биде поинаку .....

Големата вода е роман за вечната борба на човекот со мрачните сили кои се обидуваат да го
расчовечат, за борбата на доброто со злото, на светлината со мракот, на големата вода на
слободата со ѕидот на угнетувањето.

You might also like