You are on page 1of 1

Ликот на Дон Кихот

Човечкиот живот е чудна приказна. Во него нештата се одвиваат онака како се


предодредени. Се редат лица, настани. Различностите се вплеткуваат, дополнуваат. Во
трагикомичниот роман Дон Кихот, напишан во севилскиот затвор како инспирација од
сопствениот живот, полн со јуначки случки и катастрофални незгоди, Мигел Де
Сервантес зборува за една таква вплетканост. Низ животот на рицарот со тажно лице и
неговиот весел слуга ги опишува спротиставеностите кои се дополнуваат.

Дон Кихот е осиромашен благородник кој во моментот на својата старост сфаќа дека
животот туку така му поминал пред очи дека ништо вредно за паметење не направил и
дека нема никого крај себе. Тој се чуствува празно и неостварено. Иако бил добар
човек, со морални вредности, тој целиот свој живот живеел понастрана од останатите,
незабележано. Едноставно неговата добрина никогаш немал прилика да ја искаже кон
никого, ниту пријател, ниту жена. Немајќи семејство, немајќи ја потребната љубов тој
како едно мало дете се впушта во измислениот свет на витештвото и книгите,
задлабочувајќи се во секоја ситница, во секој подвиг на јунаците. Читањето на овие
романи ќе направат тој да најде прибежиште и утеха, да се затвори во еден сосема
друг свет кој со ентузијазам го истражува. Дон Кихот, по примерот на витезите во
книгите, започнува свои авантури низ светот, борејќи се со измислени непријатели,
мислејќи дека го спасува светот, им помага на послабите, ја дели правдата. Дон Кихот
со самото тоа што гори од желба да им помага на другите, ја покажува својата добра
душа и желбата да помага. Им помага на сите, добри и лоши, богати и сиромашни,
господа и дами, верувајќи им слепо на сите околу него. За него витешкиот збор е
нешто свето, нешто што не може да се прекрши, ветување кое сигурно се остварува и
смета дека ако другите дадат ваков збор, нема да го прекршат. Но не, не се сите како
него наивни. Луѓето се сурови и најчесто со наивците како него се исмејуваат. Тој
воопшто не размислува за тоа што мислат обичните луѓе, кои гледајќи како
налудничаво се однесува, всушност мислат дека пред нив стои само еден обичен луд
старец. Но длабоко под моменталната прекривка на лудило се крие паметен човек кој
зрачи со мудрост, младич кој копнее за љубов, татко кој сака деца и жена покрај себе.
Неговата огромна желба за љубов тој ја задоволува измислувајќи лик на жена која
никогаш не ја видел, Дулчинеја. За него, таа претставува совршенство , причина за
живот и витешки подвизи. До која крајност треба човек да биде очаен и разочаран за
да ја измисли љубовта на својот живот?

Секој човек се стреми да го осознае својот друг дел од сложувалката. Во животот


човекот треба да се однесува ко Сервантес, да се моделира себе си, да се пронајде
испробувајќи најразлични нови нешта со кои ќе ја пополнува празнината која ја
чуствува.

You might also like