You are on page 1of 1

Ликот Раскољников од ,,Злостворство и казна’’

,,Злосторство и казна’’ е дело напишано од Достоевски и претаставува еден психолошки


роман кој длабински ги објаснува постапките кои ги извршува главниот лик Родион Романович
Раскољников. Како и неговите мисли и неговта состојба по извршувањето на двојно убиство на
една лихварка и нејзината сестра. Тој луѓето во светот ги делел на ,,обични’’ и ,,необични’’,
односно оние кој го поминуваат животот во послушност и оние кои ги прекршуваат законите и
нормите со цел да ја постигнат својата цел.

Родион е претставен како дваесет и три годишен маж кој има прекрасни очи и кафена
коса, висок човек со добар став. Комплексна личност која има голем број на позитивни, но и
негативни особини. Студирал право, но поради лошата финансиска состојба во која се наоѓал
тој бил приморан да се откаже од образованието. Неговата фамилија која и не била многу
голема давала се од себе за Родион да ги поминува своите години во најдобри можни услови.
Она што навистина го повредува е тоа дека неговата сестра Дуња прифака да се омажи за
човек кон кој не чувствува никаква љубов само за да го извлече својот брат од сиромаштијата.
Одлучува дека сака да биде дел од ,,необичните луѓе’’ кои ќе направат промена во светот и ќе
ги прекршат нормите и законите со цел да им помогне на другите. Мислел дека лихварката
Аљона е пример за лош човек кој имал среќа во животот и повеќе пари од она што и требале,
па извршува убиство кое во својот ум го оправудува како вид на услуга која ја извршил за
другите луѓе. Дознава дека таа ќе е сама дома и одлучува да ја убие, но она што не го очекува е
двојното убиство кое го извршил. Ја убил и сестрата на Аљона со цел да се заштти од казната.
Украдените предмети Раскољников ги крие под голем камен и никогаш не ги користи, со тоа
тој потврдува дека неговата цел никогаш не била да се збогати. По убиството тој разбрал дека
всушност тоа двојно убиство ќе му предизвика една голема празнина во срцето која неможе да
ја намомести дури ни со богатството кое го украл. На Родион му следува еден многу тежок
период кога тој мисли дека полудува, единствен начин на кој можел да се смири и да ги
прочисти мислите било на долгите прошетки на кои одел. Тој самиот го признал злосторството
по што бил испратен во Сибир во затвор каде му била прогласена казна од осум години.
Раскољников е пример за како еден човек може да се казни сопствено повеќе и од самото
општество.

Секоја личност во својот живот настојува кон тоа во својата глава тој да е безгрешен и
притоа наоѓа решение и изговор за се лошо што ќе направи тој. Секоја постапка носи и свои
поседици, па така и секое лошо дело кое ќе го направиме без разлика колку и ние да се
правдаме и да се криеме од вистината сепак завршува со последица во вид на сопствена
казна. Најлошото нешто што еден човек може да направи е да изврши убиство, и јас мислам
дека без разлика на причината со која се направило тоа злосторство секогаш на човекот му
следува казна, ако не од другите мора од себе.

You might also like