You are on page 1of 3

Животот е еден вид на непромислена патека која човекот

секојдневно се соочува со многубројни издигнувања и падови. Зад


секој човек кој што сторил нешто, со било какво значење, стои
некаков поттик. Некои одлуки имаат големи последици кои
психички ги исцрпуваат луѓето и нивните мисли. Секоја наша
грешка е лузна која ни е потребно некогаш повеќе, некогаш
помалку време да се навикнеме да живееме со неа. Некои
забораваат на таа лузна, но некои секој нов ден го започнуваат со
поглед кон таа лузна.

Според мое мислење, честа и совеста се водечките концепти што ја


карактеризираат човечката личност. Честа е обично збир од
најблагородни, најхрабри чувства на една личност, кои заслужуваат
почит кон другите. Честа и совеста се меѓусебно поврзани, бидејќи
почитувањето на правилата на честа му помага на човекот да најде
мир во умот и да живее во склад со неговата совест. Но, сосема е
природно што поради различноста на различните човечки
карактери, концептот на честа може да биде различен, па дури и
спротивен кај две различни личности. Токму најпознатиот роман на
Достоевски, "Злосторство и казна" е огледало на сторено
злосторство и претрпена казна која го гори протагонистот одвнатре.
Централниот лик во ова дело е Родион Романович Раскољников,
личност која поседува и позитивни и негативни особини. Тој е
сиромашен студент по право кој станал убиец на две старици. Се се
случува со некаква со причина, па така причината на Раскољников
била сиромаштијата и одвратноста на лихварката Аљона. Во
неговите очи, луѓето се делат на обични вошки и необични
Наполеонови луѓе. Обични луѓе се оние кои служат само за
продолжување на видот, се покоруваат на сите, кои не се доволно
способнии и доволно силни за големи подвизи и чинови.
Необичните луѓе, припаѓаат на привилегираните и свесни се за тоа.
Тој исто така ги нарекува Наполеонови затоа што тој бил необичен
човек кој убил илјадници луѓе и не одговарал за тоа. На нив им е
дозволено да кршат етички и општествени норми кои луѓето од
категоријата „обични луѓе“ ги почитуваат само поради својата
слабост и ништожност. Тој се смета самиот себеси за необичен. Но,
казната не доаѓа само во форма на судија што донесува пресуда и
казна за кривично дело, туку доаѓа и во форма на виновна вистина,
при што моралот на самиот криминалец е пресуден како крајна
казна. Верувал дека убиството на една стара жена која направила
многу зли работи не е злосторство, но него го мачело убиство на
Лисавета. Раскољников се труди да не биде откриен за стореното
дело, борејќи се со своите чувства и страдајќи психички. Тој не
можел да живее со фактот дека стореното убиство е зад себе и
заради тоа тој се предал на властите. На тоа влијаела Соња,
неговата сакана, која го вразумила. Негова најсилна карактеристика
е токму гордоста, поради која цела година нема да ја погледне
Соња, затоа што и се исповедал. Но сепак сфатил дека љубовта кон
неа е поголема и тој се соочува со неговата гордост. Иако
Раскољников постапил погрешно во своето минато, Соња го
спасила, па така седумте години во затвор му се чинеле како седум
дена. Но сепак тоа е друга приказна...

Целта на Достоевски со ова дело била преобразување на човечкиот


дух, односно поради различни причини и страдања човекот може
да дојде до сопствено пречиствање и сменување на својот
карактер. Достоевски оставил уште многу повеќе дела во кои
познавањето на човековата душа наоѓа најсилен одраз.
554

You might also like