You are on page 1of 2

На почетокот од романот ЖЕНИТЕ ЗБОРУВААТ на Миријам Товс, стои забелешка во која

случувањата што следуваат се опишани како "реакција преку фикција", настани базирани на
вистинска приказна, ЖЕНИТЕ ЗБОРУВААТ е "чин на женската имагинација", саркастично
Миријам Товс го навестува сопствениот роман. Вистинската приказна за која зборува Товс се
одвива помеѓу 2005 и 2009 година кога над 130 жени и девојки од религиозната изолирана
колонија Манитоба во источна Боливија биле дрогирани со анестетици и силувани од група
мажи, без да бидат свесни за тоа. Жените се будели со болки, крв и без долна облека, а
членовите на колонијата им велеле дека тоа е само "луда женска фантазија". Во 2011, осум
мажи биле осудени во боливискиот суд на долги затворски казни. Во 2013 година, додека
осудените мажи се уште биле во затвор, слични напади и други сексуални злоупотреби
продолжиле да се случуваат во колонијата.

Одлуката уште во старт да се наведе адаптацијата од реалноста може да претпоставиме дека


има за цел да го зголеми вниманието, да преиспита, паралелно да анализира и да ја подигне
свеста на читателот во неговата заедница. Но и покрај позитивниот пристап со внимание,
чувствителност и почит кон поединците на трагичниот настанот, парадоксално делува
манипулативно како неуспешен обид да се додаде тежина и автентичност на наративот само
за читателот полесно да се поврза со приказната и ликовите, знаејќи дека истата е заснована
на реални настани. Истовремено ова создава и одредени очекувања на читателот, односно
ограничувања на авторот за степенот на реалноста, средината и емпатијата кон самите ликови.
Колку и да звучи невкусно, почетната забелешката е најинтересниот момент во целиот роман,
повторно ова зборува за внимателноста и сензитивноста на Товс кон мрачниот настан, како и
нејзината невнимателност кон наративната структура.

Да започнеме со очигледното – зошто нараторот е машко?! За мене ова е најхрабрата и


најгенијална одлука што ја донесува Товс. Да, лесно може да тврдиме дека ваквата одлука е
извитоперена реалноста за признанијата на сексуални насилства што жените го искусуваат, но
целта на Товс е преку ова најпрво да добиеме наадворешна перспектива кон оваа затворена
заедницата како и секојдневното отуѓување на жената во поширок социјален контекст од
заедницата, имплицирајќи кон сложената динамика на родот и моќта, преголемата културна
одговорност на мажите во процесот на злоупотребување, угнетување, а на крај дури и
неговата неизбежност да учествува, сведочи и пресуди во концепти кој фундаментално е
невозможно да ги разбере. Нараторот Август колку и да делува како лик кој е длабоко
вознемирен од траумите што ги доживеале жените, прогресивно во читањето на романот
започнуваме да се запрашуваме дали неговите намери се искрени или претставуваат само
уште една можност за развивање на неговата сексуална фантазија и конечно преформативно
да ја искаже својата херојска мажественост која е негирана од сите мажи и жени во
заедницата. Генијалноста на Товс со оваа одлука е тоа што ваквото раскажување функционира
само во писмена форма, бидејќи неговиот индентитет не е сеприсутен, па кога нараторот ги
раскажува страдањата на жените, читателот лесно може да го замисли како женски глас.

Важно е да се акцентира и одлуката на Товс целата приказна да ја раскаже во форма на


записник. Записникот како форма може да биде многу корисен на ваквa тематика, бидејќи е
изразен со итност и непосредност, преку употреба на кратки и точни реченици, како и
симболиката на документирање и донесување некаква важна демократска одлука. Но, како и
се во оваа книга ниту една од добрите идеи не е целосно обработена, место записник, имаме
некоја хибридна форма на записник која е изразена само во начинот на кој е прзентиран
дијалогот. Целата предност што ја нуди овој формат е во тоа што служи како добар изговор
уште на почеток да се направи листа на присутните учесници, точно може да се евидентира
дата и местото на одржување, да се направат посебни белешки и заклучоци, да се намали
потребата од наратор и слични предности кои не се искористени.

Миријам Товс често во пишувањето знае да вклучи ситни детали кои делуваат автентично.
Чувството на реалност во овие конзервативни средини каде на жените не им е дозволено
никакво школување, јасно е изразена со постојната алегорија на животните преку која
метафорично неписмените жени ги опишуваат своите емоции и трауматични случувања.
Проблематично станува кога истите необразовани жени се свесни и добро знаат да
артикулираат комплексни метафизички концепти како патријархатот, машкост, трауми и сл.
Товс свесна за ова, паметно наоѓа изговор со тоа што неколку пати напоменува дека
искористениот вокабулар на жените не ги одразува вистинските зборови на жените, бидејќи
таа е напишана од машкиот едуциран наратор, суптилно сугерирајќи дека жените никогаш не
излегуваат од контрола на мажите. Реално е и тоа што бискупот Питер постојано го негира
случајот, за на крај конечно да го пријави, првенствено мотивиран од повредата на
тригодшината Миеп откако била силувана. Одлуката служи повеќе како желба да го заштити
угледот на заедницата отколку од грижа за благосостојбата на жените. Со ова Товс повторно ги
критикува религиозните верувања и паганските практики кои се користени како оправдување
за дискриминација на жените, често обвинети како носители на сите злобни особености.
Можеби сопственото искуство на Товс израсната во конзервативна заедница ја натера да
поставува сложени прашња во верските текстови, а помалку да ги истражува социјалните
структури кои не се директно поврзани со верските верувања. И покрај кратката големина на
романот бавниот и здодевен религиозен дијалог ја убива брзата воспоставена динамика.
Првиот конфликт помеѓу жените се случува дури на 90-та страна (од 160 страни), без ниту една
жена претходно да се запраша за точноста на изнесените обвиненија, да застне на страна на
мажите или да се спротистави од страв за промена на средината.

Страдањата на жените се присутни во три генерации, претставувајќи ја бескрајната борба на


жените, затоа и бегство од мажите, новиот почеток, можност за промена, трансформација,
конечно да достигнат трансценденција надвор од бинарните поделби е единственото можно
решение. Но, и покрај надежниот крај, нивниот пат и судбина се оставени неизвесни,
неизвесни за новите предизвици, крај кој може да биде горчлив и трагичен, бидејќи
поставеноста на мажественоста како позитивна норма, а женственоста како негативна можеби
е неизбежлива колку и да се обидуваме да побегнеме од овој злобен свет, полн со неправди.

Без разлика со колку индиректно, непостоечки, а важни идеи ќе дојдете додека ја читате оваа
книга, сепак е едно многу досадно читање. Се на се....

5/10

You might also like