You are on page 1of 4

ЕПИКАТА е еден од литературните родови чии главни белези се раскажувањето на

настаните и опишувањето на ликовите. Напишана најчесто во долги редови – проза.

Белези на епиката : тема, идеја, раскажувач, време, простор, ликови(јунаци, противници и


помошници), реалистични или фантастични елементи

Епски видови во проза расказ, роман, легенда, мит, басна, сказна, приказна, предание,
гатанка, поговорка

Епски видови во поезија: епска епска еп/епопеја, роман во стихови

Што е раскажувач: раскажувач е гласот што го раскажува текстот.

Какви видови раскажувач има во епските творби:

 Ако е во прво лице еднина , за настани што нему му се случиле, станува збор за
раскажувач во прво лице еднина јас раскажувач
 Ако е раскажувачот во трето лице тој има увид во настаните и во она што им се
случува на ликовите но самиот не е учесник во настаните. Ова се вика раскажувач
во трето лице – тој раскажувач

Анализа на епски дела се прави во чекори:

Наслов и автор, како се вика и кој го напишал

Главен настан, опис на главниот настан

Најинтересен опис, што највеќе ти остави впечаток

Ликови, кои се главните ликови

Литературна форма, поезија или проза ?

Од епски вид: проза расказ, роман, легенда, мит, басна, сказна, приказна, предание,
гатанка, поговорка

Изгубеното ќесе:

Кој го раскажува текстот:

Дали е авторот или некој друг:

Во кое лице раскажува:

Дали раскажувачот е директен учесник во настаните:

1. МИТ

Мит претставува приказна за јунаци богови и херои. Секоја култура има свој митови.

Мит потекнува од грчкиот збор(mythos) што значи раскажување, говор, јазик, приказна.
Митот претставува склоп од еден или повеќе симболи, ставени во форма за искажување на
расказ.
Митовите настанале во најдалечното минато време. Тоа се приказни за создавање на земјата,
човекот, животните, годишните времиња.
Митовите се дело на народниот творец, а се создадени во првобитното општество.

Митовите се пренесуваат усно, од поколение на поколение. Многу митови се поврзани со


историски настани.

Митологија е збир од повеќе митови на една култура. Според авторството митот спаѓа во
анонимното усно творештво.
Митот е една од најстарите епски творби, во која луѓето на фантастичен начин ги толкувале
појавите што не можеле да си ги објаснат на поинаков начин.

Најбогатата најразвиени митологии се старо грчки, старо словенски, римската.

2. Сказна

Сказната е епска творба со волшебни ликови и настани во која преовладува борбата меѓу
доброто и злото.

Сказната е чудо. Прекрасен свет, познат уште од детството, во кој доброто секогаш триумфира
над злото. Зборувајќи за животни и змејови, храбри херои и убави принцези, добри самовили
и злобни волшебници, сказните всушност имаат фантастичен карактер.

Сказна – нереални настани, среќен крај

Сказналошки елементи: позитивни и негативни ликови , нереални ликови

Кои се заеднички елементи на сказните и митовите? Имаат ликови, позитивни и негативни,


борба на доброто и лошото

Кои се белези на реалистичната приказна: реалистична приказна е кратка епска творба во


проза, во која преовладуваат реалистични елементи( ликови и настани) Итар пејо и стариот
арамија
3. Заменки
Заменки се менливи зборови што означуваат или посочуваат предмети, суштества и појави.

Во македонскиот јазик има три вида заменки : лични, лично-предметни и показни заменки.
Личните заменки имаат граматичка категорија лице. Се разликуваат три граматички лица :прво
лице, второ лице и трето лице во двата броја еднина и множина.
Личните заменки во 3 лице еднина имаат посебна форма за категоријата род (машки,женски и
среден род.)
Со личните заменки се означува односот на учесниците во разговорот:
1. Лице (еднина и множина)- ЈАС/НИЕ – лицето што зборува
2. Лице (еднина и множина) – ТИ/ВИЕ – лицето кому му се зборува, со кое разговараме
3. Лице (еднина и множина) – ТОЈ/ТАА/ТОА/ТИЕ – лицето за кое разговараме но кое не
мора да биде присутно.
ЕДНИНА МНОЖИНА
ЛИЧНИ 1 ЛИЦЕ 2 ЛИЦЕ 3 ЛИЦЕ 1 ЛИЦЕ 2 ЛИЦЕ 3 ЛИЦЕ
ЗАМЕНКИ Машки Женски Среден
ЈАС ТИ род род род НИЕ ВИЕ ТИЕ
ТОЈ ТАА ТОА

Пр. ЈАС редовно одам во библиотека.


ТИ играш со нас.
ТОЈ ќе ви ја покаже книгата.
ТАА возеше црвен велосипед.
ТОА бараше да му купат сладолед.
НИЕ гледавме телевизија.
ТИЕ ќе се вратат утре.
ВИЕ треба да знаете дека не сте сами.

Показните заменки служат за посочување на лица или предметни во однос на лицето што
зборува.
Во македонскиот јазик има три групи показни заменки:
Прва група ОВОЈ/ОВАА/ОВА/ОВИЕ – посочува лица и предмети кој се блиску до
говорителот(за блиски предмети до говорното лице.)
Втора група ОНОЈ/ОНАА/ОНА/ОНИЕ – посочуваат лица и предмети кој се подалеку од
говорителот(за оддалечени предмети но во видокругот на говорното лице )
Трета група ТОЈ/ТАА/ТОА/ТИЕ – посочуваат лица и предмети без просторна
определеност(блиски до соговорникот)
ПОКАЗНИ еднина
ЗАМЕНКИ Множина
род Машки род Женски род Среден род
Предмети и
суштества што ОВОЈ ОВАА ОВА ОВИЕ
се наоѓаат близу
до говорителот
Подалечни
предмети и ОНОЈ ОНАА ОНА ОНИЕ
суштества
Просторно
неопределени ТОЈ ТАА ТОА ТИЕ
предмети и
суштества
Пр. Во Тој клас токму оној ученик беше најзаслужен за победата. А тој натпревар значеше влез
во финалето и борба за она најпосакуваното освојување на пехарот. Јас бев повреден и не
играв, но навивав од срце.
ЈАС- лично предметна заменка, прво лице еднина, машко род
ОНОЈ- показна заменка, втора група-одалечени предмети и лица, трето лице еднина машки
род
ОНАА- показна заменка, втора група- оддалечени предмети и лица, трето лице еднина ,
среден род
ЈАС- лична замнка, прво лице еднина

You might also like