You are on page 1of 3

ЛИТЕРАТУРА

Литературата се дели на родови и видови.

Литературни родови се: лирика (изразува), епика (раскажува) и драма (претставува).

Лирика се доживува, а не се раскажува. Формата на лириката е стихот.

Лирски видови се: интимната, љубовната, пејзажната, патриотската, социјалната,


хумористичната, сатиричната песна, одата, химната, елегијата, епитафот итн.

Композиција на песната (стих, строфа, ритам)

Основен елемент на песната е стихот. Стихот претставува еден ред од песната.

Повеќе стихови оформуваат строфа. Строфа е целина од одреден број стихови кои можат, но
не мораат да имат рима. Таа претставува мисловна целина.

Песните според организацијата на строфите може да бидат:

Астрофични, песни кои немаат строфи, стиховите се подредени еден под друг;

Строфични, песни кои имаат строфи со ист број стихови;

Рима - Римата претставува гласовно (целосно или нецелосно) совпаѓање на исти слогови на
крајот од два или повеќе стиха.

Стилски изразни средства- се употребуваат за поголема музикалност и емоционалност.

Анафората е стилско изразно средство кај кое има повторување на повеќе исти зборови, едно
по друго на почетокот на стихот во песната.

Епифората е стилско изразно средство кај кое има повторување на повеќе исти зборови, едно
по друго на крајот на стихот во песната.

Употребата на анафора и епифора во песните ја зголемува музикалноста и емоционалноста.


За да има анафора и епифора треба да се повторуваат најмалку 2 исти збора.

Епитет е стилска фигура која стои до именката и ја појаснува или опишува некоја нејзина
особина.
Епитетите најчесто стојат пред именката, но може да стојат и после именката и така епитетот
се удвојува (пр.бистра вода студена).

Најчесто епитетите се искажуваат со придавки ( убава девојка) или именка (дроб сарма).

ЕПИКА

Епиката е еден од трите литературни рода. Основна карактеристика на епиката е


раскажувањето. Во неа се раскажува за ликови и настани и има време и место на настанот.

Според формата епиката може да биде напишана во стих (поезија) или во проза.

Во епските дела се прикажани ликови кои се носители на идеите на авторот.

Лик во делото е вршител на дејството. Како ликови, освен луѓето ги среќаваме: животните,
растенијата, предметите, измислените суштества (ламји, вештерки итн.), како и апстрактните
поими (во народната литература како ликови се јавуваат смртта, касметот и сл.)

Нараторот е „раскажувачот“ во делото, кој понекогаш зборува во 1 лице, но сепак, тој не е


авторот, а понекогаш во 3-то лице ТОЈ раскажувач, кој може да биде сезнаечки раскажувач.

Авторот е жив човек – личност, а нараторот е измислена креација – лик.

Раскажувањето на настаните во делото може да биде ХРОНОЛОШКО или


РЕТРОСПЕКТИВНО

Хронолошко раскажување е раскажувањето на настаните и случувањата според редоследот,


како што се случиле. (Утрово се разбудив рано, појадував и тргнав на училиште....)

Ретроспективно раскажување е раскажувањето во кое се навраќаме на настаните кои


некогаш се случиле. Тие се претставени според сеќавањата на раскажувачот. (Мајка ми ми
кажа дека пред да се родам, тие живееле во Охрид)

Раскажување и прераскажување

Нарацијата има 2 форми РАСКАЖУВАЊЕ и ПРЕРАСКАЖУВАЊЕ.

Раскажуваме настани на кои сме биле сведоци или сме учествувале во нив. КОга
раскажуваме ги користиме формите виде, слушна, отиде....)

Прераскажуваме настани за кои сме слушнале, сме прочитале или сме ги виделе. КОга
прераскажуваме користиме Л-форма (видел, слушнал, отишол)
Лирско-епските песни содржат слеани елементи и од лириката и од епиката. Лирски
елементи се чувствата, стихот. Епски елементи се настаните и ликовите кои се среќаваат во
содржината. Овие песни се пократки од епските, а подолги од лирските.

Лирско-епските песни можат да бидат НАРОДНИ и УМЕТНИЧКИ.

You might also like