You are on page 1of 16

Драма

Драма

• Драма е грчки збор и значи дејствие. Драмата е еден од трите


литературни рода и опфаќа дела во кој се прикажуваат меѓусебните
односи на луѓето со нивните постапки и последици на некои
противставувања.Личностите во драмите сами зборуваат за себе или
меѓу себе дејствуваат.
• Драмата е поврзана со театарот. Драмите се текстови кои се
направени за да бидат прикажани на сцена и за разлика од епосот е
во раскажувачка форма.Во драмското дејствие има судири помегу
една или повеќе личности кои имаат различни мислења,карактери и
сфаќања.
Драма
• Драмата е посебен литературен род кој се развила од синкретична
• Основоположник на античката драма е Тепсис.
• Драмското дејство исто така има и развојна линија која е составена од неколку
етапи.Тие се:
• 1. експозиција-почетен настан од кој се раѓа судирот и ретставувањне на
личностите кои ќе дејствуваат во драмата
• 2. Заплет-развивање на судирот и компликациите што произлегуваат во неговиот тек
• 3. Кулиминација на заплетот-врвна точка од која се развива судирот
• 4. Перипетија-кога се случува непредвидено со цел да се разјасни судирот или
недоразбирањето
• 5. Расплет-со кој е означен крајот на драмското дејствие во кој судирот се решава
• Тие секоја за себе претставува мала целина наречена чин.
Драмски видови

• Драмата претставува литературен род составен од повеќе видови на драмски


дела.Основни драмски видови се: трагедија и комедија. Тие се создадени во
старогрчката литература. Постои и драма која во себе содржи трагедија и
комедија. Според методот на кажување таквата драма може да биде:
реалистичка,натуралистичка,симболична,романтична и драма.Во денешно
време се пишуваат и радиодрами и телевизиски драми.
• Трагедија е вид на драмско дело во кое се прикажуваат мрачни, жестоки и
тажни настани од животот. Во трагедијата се опишуваат страшните и ужасните
настани во животот како и ненадејни промени од среќа во несреќа.Се
прикажува пропаст на возвишени идеали како и смрт на главните јунаци .
Драмски видови

• Комедија е грчки збор и значи весела песна . Комедијата е


вториот основен вид драма. Во комедијата судирот,
дејствието и личностите се прикажани во смешна форма,
односно во комедијата се прикажува смешното во животот.
Личностите во комедиите сакаат да се прикажат во
поинаква светлина, спротивна од вообичаеното
однесување. Комичните личности не се одбивни, туку
напротив тие се смешни и со нивната појава придонесуваат
разведрување на драмското дејство.
Видови комедии

• Според тоа на кого, или на што, се однесува смешно во


комедиите,тие се поделени на: комедија на карактери, комедија
на нарави, комедија на интрига и комедија дел арте.
• Комедија на карактери е комедија во која смешното се однесува
на карактерот на главниот лик во комедијата. Најчести негативни
особини што се извор на смешното се: скржавост, лекоумност,
саможивост, глупавост, вообразеност, подлост, лицемерство,
мрзливост, завидливост, и др. Најпознати комедиографи на овој
вид комедии се:Тит Макциј Плаут, Вилијам Шекспир, Ж.Б.Молиер
и други.
Видови комедии
• Комедија на интрига e комедија кога смешното во неа произлегува од
повеќе ситуации, во кои се вплетени повеќе личности, на кои им се
случуваат неочекувани прсврти и недоразбирања.
• Комедија дел арте односно комедија со маски, всушност, е комедија
спектакл, или артистичка импровизација на кратко сценарио со клиширана
содржина. Овој вид на комедија не го содржи целиот текст, туку само
интригата – недоразбирањето прикажано во сценариото. Ликовите во овие
комедии се: слуга и господар, слугинка, војник фалбаџија, недоучен учител
и други.Основната интрига најчесто претставува судирот меѓу млади и
стари, сиромашни и богати, бистри и глупави. Носители на дејството се
слугинките и слугите. Комедијата дел арте се родила во време на
ренесансата, како израз на веселиот и богат ренесансен живот.
Посебен видови комедии
• Фарсата е кратка комедија чија цел е да предизвика смеа. Се појавила во
средниот век и служела како вид разонода. Се играла на плоштади, пазари
и панаѓури.Темите се од секојдневниот живот: препредени адвокати,
лекари-шарлатани, мажи рогоносци, пијаници, тврдоглави жени, калуѓерки,
свештеници и други.
• Гротеската е вид комедија во која на лицата кои се прикажуваат им се
истакнува некоја карактеристична црта во пренагласена, карикатурна
форма.Овој начин писателот го прави со цел поубаво да прикаже одредена
негативна особина во карактерот на една личност или појава на
животот.Негативностите хиперболично се прикажуваат со цел да се нагласи
смешното и грозното на посликовит и поубав начин.
Други видови на драми
• Драмата како посебен вид драмско дело, која нема трагичен крај како
трагедијата, ниту е смешна како комедијата, треба да биде реална,
природна и вистинита. Според методот на прикажување на драмското
дејствие и ликовите, постојат повеќе видови драми: романтична, општествена
или граѓанска, антидрама или драма на апсурдот.
• Романтичната драма се појавила во времето на романтизмот. Таа е еден вид
на реакција на класицистичката драма, која поставувала строги норми за
создавање на драмата. Во романтичните драми се мешаат возвишеното и
гротескното чувство и на преден план се чувствата на ликовите. Познати
писатели на романтични драми се Бајрон во Англија, Пушкин во Русија,,
Виктор Иго во Франција и други.
Други видови на драми

• Општествена или граѓанска драма се појавила во средината на 19-ти век,


како реакција на романтичната драма. Таа се трудела да даде поцелосна
реалистична слика на новото граѓанско општество. Основни теми во неа
биле парите, политиката и семејството како основна клетка врз која се
темели општеството.
• Во нашата литература општествената драма се јавува со облик на битово-
социјална драма. Нејзини творци се: Војдан Чернодрински, Антон Панов,
Васил Иљоски и Ристо Крле. Во современата македонска литература голем
расцут доживува и драмата,а нејзини претставници се: Коле Чашуле, Томе
Арсовски, Горан Стефановски и други.
Други видови на драми
• Антидрама или драма на апсурдот е современа драма што ги отфрла утврдените
драмски законитости на класичната драма.Таа преку симболични, гротескни ликови и
парадоксални алегорични ситуации се стреми да ја покаже апсурдноста на
постоењето.Со тоа антидрамата испраќа порака за похуман и подостоинствен
живот.Творци на драмата се: Ежен Јонеско со „Ќелавата пејачка“ и Семјуел Бекет со
„Чекајќи го Годо“.
• Радиодрамата е посебн драмски вид напишан специјално да се имитува преку
радио.Таа е за слушање и не се пишува за прикажување на сцена, ниту за читање,туку
се пренесува преку радио со збороување и звучни ефекти преку кои се влијае на
мислите,чувствата и фантазијата на слушателот.
• Телевизиската драма е вид драма што е наменета за прикажување на телевизија.
Секоја драма може да се адаптира во телевизиска драма. Сцената, артистите, декорот
и сите други ефекти се снимени на филмска или електорнска лента и се прикажуваат
на телевизиските екрани.Тие можат да бидат целосни или како серии.
Битни белези на драмата како литературен
род

• 1. Драмата како литературен род опфаќа дела напишани во стих или проза во
кои животот се прикажува на сцена. Во драмите ликовите се носители на
дејството, сами зборуваат и сами се претставуваат.
• 2. Секое драмско дејство е засновано на судир, кое претставува битен белег на
драмата. Судирот произлегува од противречните сфаќања на личностите кое
може да засновано на политички, филозофски, економски, религиозен и
емотивен белег.
• 3. Драмите се пишуваат за сценска изведба и се поврзани со театарската
уметност. За нивно реализирање потребни се: сцена, режисер, актери, костими
и реквизити. Драмските дела се наменети за сцена, како и литературни
уметнички остварувања наменети за читање.
Битни белези на драмата како литературен
род

4. Драмите како посебни литературн род и вид имаат посебни белези


во својата форма: дијалог, монолог, дидаскалија, пролог, чинови и
епилог.
Дијалог претставува разговор меѓу два или повеќе ликови во
драмата.Може да се сретне и во епските дела. Во драмите од стара
грчка дијалогот се пишувал во стихови. Постои и внатрешен дијалог,
воден од два дела на човечката свест.
Битни белези на драмата како литературен
род

• Монолог се употребува со две значења. Првото значење подразбира


изразни средство во драмата со кое едно лице искажува мисли некоја
појава во животот или за некое негово доживување. Второто негово
значење подразбира посебен драмски вид наречен монодрама, во
која е присутен само еден лик.
• Дидаскалија е вметнат текст пред чиновите, појавите и дијалогот во
кој писателот дава кратки објаснувања и упатства за изгледот на
сцената или движење на одреден лик. Текстот на дидаскалијата
обично се пишува во загради и со поинакови букви од тие во
дијалогот.
Битни белези на драмата како литературен
род

• Пролог е вид вовед, најчесто во монолошка форма во која на публиката ѝ се кажува


темата на драмата, кога и каде се случува драмското дејаство.
• Епилог е последен дел во дрмата. Тој е одделен од заплетот и во него се разоткрива
натамошната судбина на ликовите, како и дообјаснување на некои настаните во
драмата. Во старогрчката драма преку епилогот била претставена пораката на
драмата. Епилогот и прологот се карактеристични за старогрчката и ренесансната
драма.
• Чин е тематски заокружена целина како дело од драмското дејствие, но е и органски
поврзан со другите чинови. Чинот се дели на драмски слики и драмски појави.
Драмската слика е мал дел од чинот до моментот кога треба да се смени некој
реквизит на сцена, додека пак драмска појава е дел од чинот кога на сцената се
појавува нов лик, со кој се внесуваат нови моменти во драмското дејствие. Меѓу
чиновите постои пауза.
Драмски видови

ТРАГЕДИЈА КОМЕДИЈА ДРАМА


Античка трагедија Комедија на карактери Граѓанска драма
Ренесансна трагедија Комедија на нарави Општествена драма
Псевдокласична трагедија Комедија на интрига Антидрама
Комедија дел арте Радиодрама
Фарса Телевизиска драма
Гротеска

You might also like