You are on page 1of 7

Драма

Еден од трите литературни рода е


драма. Како литературен род, драмата
понатаму се дели на драмски
видови. Драмата е претставувачка
уметност. Претставувањето на ликовите
и настаните е преку дијалошка
форма. Драмите можат да бидат во
проза, во стих и комбинирани во проза
и стих.
                 Белези на драмата

• Дијалог
• Драмското дејство
• Монолог
• просторот и времето
• Афиша
• Прологот
• Чин
• Слика
• Сцена
• Дидаскалии
• Епилог
• Дијалог е основниот белег на драмата. Дијалогот е разговор меѓу два или повеќе лика
во текот на драмското дејство.
• Драмското дејство, пак, е клучниот елемент во драмата под кој ги подразбираме
постапките на ликовите.
• Монолог е кога ликовите зборуваат сами со себе, или да и се обраќаат на публиката.
• Просторот и времето се специфичности на драмата. Еден конкретен простор и време
се претставени во самата драма.
• Афиша (театарска листа) се наоѓа на почетокот од драмата и во неа се даваат
неопходните податоци за ликовите (возраста, семејните релации, изгледот, облеката
итн.).
• Прологот се јавува на почетокот од драмата и ја информира публиката (читателите) за
времето и просторот каде ќе се одвива драмското дејство.
• Драмата е составена од чинови. Во минатото имало строги правила за чиновите,
односно драмата морала да има пет чина, што за современата драма не важи.
Денес, среќаваме драми од само еден чин (едночинки) или без чинови (само со
слики). Чинот е заокружена целина на драмата. Тој се дели на:
1) Слика, која е краток временски дел каде се заокружува едно дејство на ликовите,
и
2) Дидаскалии (ремарки, забелешки) се упатства кои ги дава нараторот во загради,
а се наменети за читателите, актерите и режисерот. Во нив има податоци за
времето, сцената, местото, костумите, движењето итн.
• Епилогот се јавува на крајот од драмата и во него се кажува што се случува
натаму со ликовите или се искажува пораката на авторот.
• Композицијата на драмата е сложена
структура. Драмското дејство се одвива во
пет основни композициски етапи (обично
во пет чина):
1. Експозицијата е вовед во драмското
дејство и запознавање со ликовите.
2. Заплетот е развивање на судирот,
конфликтот меѓу ликовите.
                 Композиција 3. Кулминацијата е врвот на конфликтот и
на драмата оттука започнува неговото разрешување.
4. Перипетијата е првиот чекор кон
разјаснувањето и разрешувањето на
конфликтот. Тука се случува пресврт на
настаните, односно се случува нешто
непредвидено за да се разјасни конфликтот.
5. Расплетот е последната етапа на
драмското дејство. Тука се разрешува
конфликтот.
Изработил: Урим Џафери I²

You might also like