You are on page 1of 2

www

Глобална мрежа (англ. World Wide Web, W3, WWW) е систем на меѓусебно поврзани, хипертекстуални
документи, на кои се пристапува преку Интернет. Со прелистувач може да се пристапи до ресури на
Интернет кои може да содржат текст, слики, видео снимки и/или други мултимедијални содржини и
да се префрлуваме од еден на друг ресурс со помош на хиперврски.

HTTP

Протоколот за пренос на хипертекст (англиски: Hypertext Transfer Protocol, скр. HTTP) е мрежен
протокол. HTTP е основа за комуникација на World Wide Web. Создаден е како средство за објавување
на HTML страници. Развивањето на стандардот е координирано од (IETF) Internet Engineering Task Force
и World Wide Web Consortium.

URL

URL (англ. uniform resource locator = „еднообразен пронаоѓач на ресурси“) или URL-адреса е дадена
низа од знаци која игра улога на упат (се повикува на) на извесен ресурс на семрежјето.

Пребарувач

Пребарувач — програм што служи за пребарување на информации на семрежјето (пред сè со


впишување на клучни зборови или изрази). Резултатите од пребарувањето најчесто се прикажани како
список на адреси/страници кои ги содржат бараните информации.

Веб 2.0

Пајажина 2.0 (англиски: Web 2.0) е поим смислен од Орајли Медија во 2004 година, а се однесува на
восприемените или предложените услуги засновани на интернет од втора генерација, како што се
мрежните места за друштвено вмрежување, викија, алатки за комуникација и фолксономии, со кои се
нагласува соработката преку интернет и споделувањето информации помеѓу корисниците

Сематички веб

Семантичка пајажина (англиски: Semantic Web) претставува "пајажина од податоци" што им


овозможува на машините да ја разберат семантиката или значењето на информациите на пајажината.
Социјална мрежа

Друштвеното вмрежување (англ. social networking) се базира на создавање на виртуелни заедници


најчесто засновани на определен мрежно место и алатките што ги нуди. Вакви заедници обично
започнуваат така што група на основачи ќе ги поканат членовите на нивните кругови на пријатели и
соработници да се приклучат.

Приватност и заштида на личните податоци

Приватноста на информациите е однос помеѓу собирање и ширење на податоци, технологија, јавно


очекување на приватност и правни и политички проблеми околу нив. Познато е и како приватност на
податоците или заштита на податоците.

You might also like