Professional Documents
Culture Documents
Основни поими
ВЕБ СТРАНА
Веб страница е документ поставен
за разгледување на Интернет.
Веб документите имаат наставка .htm
или .html. Веб страниците имаат
содржина која е комбинација од
текстови, слики, звуци, видео и
линкови. Интернет сервисот за
поставување и разгледување на веб
страни е WWW(World Wide Web) e
најпопуларниот сервис на Интернет.
ВЕБ САЈТ
Веб сајт е колекција од една или повеќе
веб страници поставени на Интернет.
Веб страниците од веб сајтот се
организирани во стебло од фолдери и
подфолдери што ја градат структурата на
веб сајтот. Секој веб сајт има почетна
страна (Home page) која прва се отвара
кога го повикаме веб сајтот и кажува што
може да се најде на веб сајтот.
URL (Uniform Resource Locator )
URL адреса е единствената адреса на веб
страните од еден сајт со чија помош се
пристапува на страните од сајтот. Пример на
URL адреса:
http://www.kanal5.com.mk
http:// - кратенка за протокол за размена на
податоци
www – кратенка за името на веб серверот
kanal5 -име на сајтот (фирма, организација, личност)
com – кратенка за типот на сајтот.
mk - кра. за државата каде е поставен веб сајтот.
ХИПЕРЛИНКОВИ
Хиперлинковите или само линкови се
означени места од содржината на веб
страницата со чија помош може да се
помине на друга веб страна .
Линковите може да бидат текстуални
или графички. Текстуалните линкови се
подвлечени зборови најчесто обоени со
друга боја за да се разликуваат од
останатиот текст. Графичките линкови
можат да бидат : слики, икони или
копчиња.
ПУБЛИКУВАЊЕ НА ВЕБ САЈТОТ