You are on page 1of 10

1. Што претставува дигитална библиотека (дефиниција)?

-Неформална дефиниција на дигиталната библиотека е управувана колекција од


информанции, со соодветни придржни сервиси, каде информациите се зачувани во
дигитални формати и може да бидат пристапени преку мрежа.
-Фокусирана колекција од дигитални објекти, вклучувајки текст, видео, аудио,
вклучувајки методи за пристап и извлекување објекти, како и за селекција
организација и орджување на колекцијата.
2. Која е предноста на дигиталните библиотеки над обичните?
-Дигиталните библиотеки ги носат библиотеките до корисникот
-Моќта на компјутерот се употребува за пребарување и преглед
-Информациите може да се споделуваат
-Информациите може полесно да се одржуваат
-Информациите се скогаш достапни
-Возможни се нови форми на информации
3. Како техничкиот развој придонесува кон поголем развој на дигиталните
библиотеки?
-Електронското складирање е поевтино од хартија
-Персоналниот компјутер и останатите уреди како мобилен телефон, таблет и слично
се дел од секојдневниот живот
-достапност на мреѓи со големи брзини
-компјутерите се преносливи
4. По што се разликуваат дигиталните библиотеки од обичните?
-исто како третото прашање плус со мои зборови
5. По што се разликуваат дигиталните библиотеки од WWW?
-Главната разлика меѓи дигиталните библиотеки и “WWW” е тоа што во “WWW”
недостига основни карактеристики како селекција и организација.
6. Што претставува библиотечен каталог?
-Целосен модел кој го претставува универзумот на книгите во една библиотека.
7. За што се може да се користат дигиталните библиотеки во земјите во развој?
-Споделување на хуманитарни информации
-Помош при катастрофи
-Зачувување на културата
8. Како се справуваме со авторските права во дигиталните библиотеки?
-Поседување на копија од даден документ, не значи дека сопственост генерално
-Секој документ има еден сопственик на авторските права,без разлика дали е
електронски или физички
-Авторско право се однесува на повеќе права (репродукција, дистрибуција, јавно
позајмување и друго)
-Законот на авторските права е комплексен и се разликува од земја до земја
9. Кои се потенцијалните проблеми со авторските права во дигиталните
библиотеки?
-Пристапот до информации во дигиталните библиотеки е генерално помалку
контролиран отколку кај физичките колекции.
10. Дали Google books е дигитална библиотека? Објасни го одговорот.
-“Google Books”, според мене не се дигитална библиотека бидејки од тоа што го
заклучивме на часот по едно од првите предавања каде што спомнавме deka
“YouTube” не е дигитална библиотека бидејки нема библиотекар, останувам на истото
мислење и за “Google Books”.
11. Која е намената на Google books?
-Дигитална презервација
-Останати пребарувања и истражувања (суптилно, таксономија и асоцијативно
пребарување, поврзување според цитати, подобра навигација)
-Дигитални книги од различни извори во корист на нови истражувања, комбинирани
со статии, податочни множества, итн.
-Податочно рударење и други намени
1. Што претставуваат метаподатоци? Во кој јазик се пишуваат?
-Целта е да се овозможи на корисникот да најде книга ако го знае авторот, насловот
или областа
-Да прикаже што содржи библиотеката за даден автор, на дадена тема, или за даден
тип
-Да помогне при изборот на книга базирано на изданието или карактерот
Се пишуваат во ЕМЛ(XML) шема
2. Која е намената на метаподатоците во ДБ?
-Критични за сите форми на организирани дигитални содржини
-Средства за организација на дигиталните библиотеки
-Претставуваат структурирани информации за даден дигитален ресурс
-Информацијата е “структурирана” ако може да се разбира и управува со нејзе, без
притоа да се разбира содржината
3. Која е поделбата на метаподатоците според изборот од кој доаѓаат во ДБ? Што
претставува дигитално роден метаподаток?
-Податоци доделени од човек - човек го прегледува дигиталниот документ и
доделува дадена вредност на даден метаподаточен елемент
-Податоци доделени од компјутер – компјутерска програма го процесира дадениот
документ (со споредба со други документи или со употреба на оддалечени ресурси) и
доделува вредност на даден метаподаточен елемент
-Ако податокот е дигитално роден (на пример “word” документ или дигитална камера)
метаподатоците се вградени во документот во моментот на креирање
4. Какви типови на метаподатоци според функции имаме?
-Административни (за раководење со ресурсите, пример како авторски права)
-Описни (за опис на ресирсите)
-Презентациски (како акции за зачувување на запис)
-Технички (како податчни формати или употребена компресија)
-За употреба (како за следење на однесувањето на корисникот)
5. Какви типови (стандарди) на библиографски метаподатоци постојат и кои се
најкористени во обичните библиотеки, а кои во дигиталните?
-MARC
-MARCXML
-Dublin Core: DC
-Qualified Dublin Core
-MODS
-BiBteX
-EndNote
6. Опишете го накратко MARC стандардот, намената и наведете како дефинира
метаподатоци?
-MARC (Machine Readable Cataloging) е стандард развиен во доцните 60ти од Henriette
Avram
-Обемен и детален стандард
-Креирање на “MARC” записите за публикација е мачен подвиг кој се управува со
детално множество на правила и упатства наречено Anglo-American Cataloging Rules
(AACR2R)
7. Која е разликата меѓу Dublin Core и Qualified Dublin Core?
-“Dublin Core” е множество од метаподаточни елемтни дизајнирано специфично за
употреба од страна на луѓе кои што не се толку запознаени со тематиката.Наменет е
за опис на електронски материјали (веб страници), многу е поедноставен од “MARC” и
се состои од само 15 елементи (за разлика од неколкуте стотици кои ги содржи
“MARC”) и секој елемент може да биде употребуван повеќекратно.
-“Qualified Dublin Core” е проширување на “Dublin Code”, во него се додаени две
форми (element refinement и encoding schemes). Секој елемент може да биде
дорафиниран или доквалифициран. “Encodin Schemes” ги дефинираат дозволените
рангови на вредностите на елементите.
8. Наведете два стандарда за метаподатоци на слики и опишете ја разликата меѓу
нив.
-“TIFF” (Tagged Image File Format) – направен во 80тите, негов сопственик денес е
“Adobe”. Еден “TIFF” фајл може да содржи повеќе слики и опширни описни податоци
за секоја слика (должина и ширина на слика, тип на употребени компресии, име и
број на страна, метрики поврзани со спецификацијата на бојата итн)
-“EXIF” (Exchangeable Image File Format) – стандард за вградување технички
метаподатоци за слики, го користат многу произведувачи на фотоапарати и го
подржуваат многу софтвери за обработка на слики. “EXIF” податоците можат да бидат
вградени во “TIFF”, “JPEG” и “PNG” слики. Тие се добиваат од последната апликација
што ја зачувала сликата.
9. Што се користи за метаподатоци (каков тип податоци) за аудио документи?
-Иако често се употребуваат надворешни шеми како “Dubin Core”, некои формати
содржат метаподатоци. “MP3” – ID3 (Identify an MP3) тагови. “ID3v2” моѓе да содржат
текст, слики и технички податоци. Се поставуваат на почетокот на фајлот во вид на
рамки (композитор, должина, авторски права итн). “WAV” е формат на “RIFF” фајл кој
се содржи од “chunks”, типот “INFO chunk” содржи метаподатоци.
1. Кои се основни стандарди за претставување на карактери и која е разликата
меѓу нив?
-Основни стандарди се “ASCI” и “UNICODE”. Разликата е во тоа што “UNICODE” е
наменет за претставување на јазиците од целиот свет, додека “ASCI” е наменет само
за американскиот.
2. Што претставува ASCII? Колку бита користи за кодирање на карактерите? За кои
јазици е наменет?
-“ASCI” (American Standard Code for Information Interchange) претставува множество од
карактери за стандардизирана презентација на текст. Секој код е составен од 7 бита,
каде што кодовите од 0-32 се контролни, од 48-57 се цифри, 65-90 се големи буквии,
од97-122 се мали букви. “ASCI” е наменет за претставување на американскиот јазик.
3. Како се употребува ASCII за јазици кои користат кирилично писмо?
-“ASCI” има проблем со претставување на останатите јазици. Тој го користи “ISO 8859-
5” форматот за претставување на кириличното писмо
4. Што претставува индексирање?
-Индексирањето е една од основните функции дигиталните библиотеки од обилните.
Тоа претсавува можност да се пребаруваат дадени зборови, множество од зборови
или низа од зборови. Индексирањето отсекогаш овозможувало пребарување на
даден збор. Целосното индексирање на документ ја дава позицијата на секој збор
каде тој се појавил низ документот.
5. Дали сите зборови се индексираат? Какви техники може да се употребат при
индексирање?
- Не сите зборови се индексираат како на пример “на”,”од”,”до” итн, тие се нарекуваат
“STOP” зборови. Генерално се базира на одделување на зборовите (те. Карактери
меѓу кои има празно место), но постојат јазици како Кинескиот и Јапонскиот се
пишуваат без користење на празно место.
6. Кои се најчестите проблеми со користење на OCR софтвер?
-“OCR” софтверите најчесто имаат проблеми со странски имиња и зборови, чудни
фонтови или не латинични карактери, мали фонтови, дамки, математички формули,
текстови во колони каде колоните се блиску, слики (особено оние кои содржат текст),
табели, фусноти итн. Често се врши мануелен преглед на скенираните содржини.
7. Кои метаподатоци може да постават во стандардниот HTML? Како се
поставуваат?
-“<meta>” тагот најчесто се користи за спецификација на опис на страната, клучни
зборови, автор, датум на последна промена итн.
8. Што преставува PDF? Опишете ги основните карактеристики на овој формат.
-“PDF” е формат, каде се воведува “структура” на документот. Тој овозможува случаен
пристап до страницата, содржината е хиерархиски структурирана и може да се
навигира во документот.
9. Каква структура имаат PDF документите?
-“Header” - првата линија, ја идентификува верзијата на “PDF” (пр. %pdf1.6)
-“Objects” - најголемиот дел од фајлот, наведени во форма : <num> obj,
<num>endobj>
-“Cross-references” - со бројки ја дава позицијата на секој објект како byte offset
од почетокот на документот
-“Trailer” - кажува кој е корен на граф структурата
10. Што е разликата меѓу linear и non-linear генерирани PDF документи?
-“Non Linear” (“non optimized”) – зазема помал простор на диск, но е побавен за
пристап бидејки податоците за креирање на страницата се насекаде низ фајлот.
-“Linear” (“optimized”) – нарекува и “web-optimazed” бидејки овозможваат да бидат
читани во “web browser” со помош на “plug-in” без да се чека да се симне целиот
документ.
1. Кои техники се користат за справување со големината на аналогната форма на
мултимедија? Набројте примери од техниките.
- Се користат техики за компресија и трансформација.
-Типови за компресија без загуби, користат техники на хуфманово кодирање,
аритметичко кодирање. Типови на компресија со загуби користат техника на
квантизација.
-Типови за трансрофмација се фуриева трансформација, дискретни косинус
трансформации, и “wavelet”.
2. Во кои случаи (примери) би се користела компресија без загуба на
мултимедијална содржина, а во кои со загуба?
-Техника на компресија без загуба би се корситела во случаи за компресирање на
текст (”PDF” и “PostScript” и други).
-Техниката со загуба се користи за мултимедија, слики иако во некои случаеви не е
соодветна (пр. медицински слики).
3. Кои се најпознати формати за аудио? Врз основа на кои човечки карактеристики
овие формати прават компресија?
-Најпознати формати се “wav”, “AIFF”, “AU”, “MPEG, “MP3”, тие прават компресија
користејки го феноменот наречен “акустично маскирање” со што човечкиот слушен
систем неможе да ги перцепира елементите со ниско-појасни фреквенции во близина
на високо-појасните фреквенции, сличен е и феноменот “темполарно маскирање”.
4. Како се врши MP3 кодирање? Дали е со или без загуба? Колку го намалува
оригиналниот документ?
-“MP3” кодирањето може да избере колку информација ке се задржи во текот на
кодирањето и компресијата – “bit rate” (број на битови во секунда енкодирани во
фајлот). Се користи дискретна косинус трансформација. Намалува од 30%-50% за
музика, повече за говор.
5. Кои формати на слики прават компресија без загуба? Кој нуди подобра
компресија? Кој може да се користи за кратки анимации?
-Формати кои прават компресија без загуба се “GIF”, “PNG”, “TIFF”, “JPEG 200”
(последните два работат на двата начина). “PNG” форматот нуди подобра компресија
во одност на “GIF” (10%-30% проценти помали слики од “GIF”), додека пак “GIF” се
користи за кратка анимација.
6. Кој е најпопуларен формат за слики кој користи компресија со загуба? Опишете
го накратко (како ја кодира сликата).
-“JPEG” е формат кој работи со принцип со загуба (многу ретко работи со загуба), тој
користи принцип на кодирање така што сликите ги дели на 8x8 пиксел блокови каде
секој блок се трансформира користејки “дискретна косинус транформација” па потоа
се применува “Хуфманово кодирање” и моѓе да контролира колку бита по пиксел ке
се корситат.
7. Како GIF форматот врши кодирање на слики?
-Кодовите за пикселите во “GIF” може да бидат “grayscale” вредности или индекс во
“Lookup” табелата, наречена мапа на бои (color map). Мапата на бои може да содржи
до 356 различни бои со 24-битна спецификација (по 8 за секоја од основните бои).
Една од тие 256 бои е резервирана за транспарентност. Мапата на бои се преира за
секоја слика посебно и се зачувува како префикс на таа слика. Низите од по 8 бита се
компресираат со “LZW” (до 2004 е “lzv” потоа се појави нов формат -“png”).
8. Кои се предностите на JPEG 2000 над JPEG?
-“JPEG 200” за разлика од “JPEG” користи дискретна “wavelet” трансформација ко
дозволува делови од сликата да се реконструираат без да се декомпресира целиот
фајл. Тој нуди и транспарентност и презентација на повеќе резолуции. Користи “EXIF”
таговиза метаподатоци кодирани во “XML”.
9. Кој формат за слики се користи за медицински и научни слики?
-За таа намена се користи “TIFF” форматот.
10. Што претставува SVG?
-“SVG” (scalable vector graphics) е формат кој се рендерира како слика но се изразува
во “XML” (како “PostSript” и “PDF”). Тој вклучува аудио и видео можности.
1. Што претставува видео кодек?
-Видео документите се кодирани кога се зачувуваат или пренесуваат и кога се
отвараат се декодираат. Соодветната функција на “coder-decoder” се нарекува кодек.
Видео кодеците ја користат просторната и временската поврзаност меѓу низите од
сликите за да ја кодираат, повеќето од кодеците се асиметрични што знаци потребно
им е различно време за кодирање и декодирање.
2. Што претставува мултимедијален container?
-Контејнер е метаподаточен формат чија спецификација опишува како различни
податочни или метаподаточни елемент заедно постојат во еден компјутерски
документ.
3. Што претставува MPEG?
-“MPEG” е множество од видо формати, кое произлегува од истата група која
работела на “JPEG” форматот и употребува дел од тие концепти. “MPEG” го
презентира видеото како низа од графички фрејмови (“frames”) кои се процесираат
во поток од битови (“bitstream”). Го користи “Y’CbCr” системот за презентација на бои
при кодирање на сликите.
4. Што е Y'CbCr? Зошто се користи?
-“Y’CbCr” (Y’-Luma ”осветленост”, Cb-Chroma blue, Cr-Chroma red) е систем за
претставување на бои. Тој работи така што ги претсваува сликите само со двете бои
(chroma blue и chroma red) при константна осветленост односно контрастите доаѓаат
повеќе до израз што е полесно прифатливо за човечкото око. Со вакво користење се
доаѓа до зачувување на меморијата, така што бојата се подсемблира во формат од
три дела, првиот е за светлоста, другите два се хроматските бои за сино и црвено, и се
заштедува претставување на многу бои.
5. Што преставуваат фрејмови (во MPEG)? Какви видови на фрејмови има во
MPEG(краток опис на секој)?
-Фрејм претстаувава број на слики “кадри” прикажани во една секунда. “MPEG” го
презентира видеото како низа од графички фрејмови кои се процесираат во поток од
битови. Тие немора да се во оригиналниот редослед како сликите во видеото. Има
три типа на фрејмови:
- “Intra” (и фрејм) - кој е фикса точка во низата од слики, користи само просторна
поврзаност, генерално го следи “JPEG”. Тој ги содржи сите информации потребни на
конструкција на сликата
-“Predicted” (п-фрејм) - ги кодира разликите меѓу фрејмовите
-“Bidirectional” (б-фрејм) – се базира на предходен (и или п)-фрејм, среден или просек
од двата
6. Кој тип на фрејм во MPEG овозможува случаен пристап во видеото и зошто?
- “Intra” (и-фрејм) - кој е фикса точка во низата од слики, користи само просторна
поврзаност, генерално го следи “JPEG”. Тој ги содржи сите информации потребни на
конструкција на сликата.
7. Што преставува Group of Pictures?
-Претставува множество од фрејмови од еден и-фрејм до следен.
8. Што преставува interlace техниката?
-Метод за кодирање на слики со кој личноста која ја има примено сликата ја гледа
деградираната копија од целата слика додека таа не се “рендерира” целата.
9. Како би можело да се врши пребарување и прегледување на мултимедијална
ДБ?
-Пребарувањето би се вршело со текстуално пребарување на метаподаточните
информации на сликата, видеото или аудиото. Истото важи и за прегледот
10. Што е Rich Media?
-“Rich Media” или хетерогени мултимедијални просторно компонирани елементи. Тие
можат да бидат интерактивни со корисникот, за тоа денес најдобар пример ни се
рекламите при посетувањето на многу веб страници. Најпознат формат за тоа е
“Flash” форматот и “SMIL”.
11. Што претставува MIDI?
-“MIDI” претеставува комуникациски протокол, служи за симболичко преставување на
музички елементи, најчесто ноти. Според тоа тие не се големи како класичните
фајлови бидејки не претставуваат вокални способности и друго.
има 4 компоненти – “header”, тркачи, канали и настани

You might also like