You are on page 1of 17

ССОУ „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“ – ВЕЛЕС IV година

клас: 5

ДИГИТАЛНА ЕЛЕКТРОНИКА И МИКРОПРОЦЕСОРИ

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА НА ТЕМА:

ПОВРЗУВАЊЕ СО РОМ И РАМ МЕМОРИЈАТА НА МИКРОПРОЦЕСОР

Ментор: Изработи:
Проф. Љубе Бабунски Виктор Стојилковиќ III-7 клас

Велес,2020
1
СОДРЖИНА

Вовед................................................................................................3
• Претставување на внатрешна меморија, РАМ И РОМ............3

Главен дел........................................................................................4
•Поврзување со РОМ И РАМ меморија на микропроцесор.....4
• Градба на RAM меморијата.......................................................7
•Мемориски регистри...................................................................8
•Како се дели RAM меморијата....................................................9
•Зголемување на РАМ меморијата............................................10
•Може ли да има премногу RAM меморија?............................11
• РОМ меморија...........................................................................12
• РОМ мемориски компоненти..................................................13
• Способности за чување на ROM и RAM меморија..................14
• Употреба на ROM и RAM меморија.........................................14
• Капацитет на складирање на ROM и RAM меморија..............15

Завршен дел...................................................................................16

Користена литература....................................................................17

2
ВОВЕД

Претставување на внатрешна меморија, РАМ И РОМ

Постојат два вида внатрешна меморија:


- RAM (Random Access Memory – Меморија со случаен пристап)
-оваа меморија се нарекува и работна меморија или оперативна меморија или главна
меморија;
-ова е меморија во која податоците можат да се запишуваат, да се бришат и да се
преместуваат од едно место на друго;
-нејзината функција е да ги чува тековните податоци на програмите кога тие се
извршуваат;
-нејзината големина (капацитет) кај денешните персонални компјутери изнесува 1GB, 2
GB, 4 GB, 8 GB, па и повеќе.
-големината (капацитетот) на RAM меморијата битно влијае врз брзината на работа на
компјутерот (секако, заедно со останатите компоненти);
- RAM меморијата претставува чип кој се прицврстува на матичната плоча; на една
матична плоча можат да се прицврстат повеќе RAM мемориски чипови, во зависност од
бројот на лежишта што ги има матичната плоча.

-ROM (Read Only Memory – Меморија само за читање)


-во ROM меморијата се сместени програми што се извршуваат веднаш по секое
вклучување на компјутерот и овозможуваат тој да се доведе во работна состојба, а и
потоа имаат голема улога во контролата на работата на компјутерот. Овие програми се
познати под името BIOS (Basic Input Output System) –програми. Содржина на
ROMмеморијата не се менува;
- RОM меморијата претставува чип кој е прицврстен на матичната плоча (за разлика од
RAM меморијата, овој чип не се менува).

3
ГЛАВЕН ДЕЛ

ПОВРЗУВАЊЕ СО РОМ И РАМ МЕМОРИЈАТА НА МИКРОПРОЦЕСОР

Основната компјутерска конфигурација ја сочинуваат куќиштето, мониторот,


тастатурата и глувчето. Постојат и многу други делови кои не се неопходни за работа со
компјутерот но во многу нешта ни помагаат во работата. Овие делови се нарекуваат
дополнителна опрема.
1. Централна единица
Централната единица (ЦЕ) или куќиште е метална кутија во која се сместени главните
делови на компјутерот и има заштитна улога. Во неа се наоѓаат главните елементи на
компјутерот: матична плоча (на која се поставени процесор, внатрешна меморија и
картички) и надворешни мемории. На предната страна од куќиштето се наоѓаат разни
копчиња и индикаторски ламбички. Копчето за вклучување и за исклучување на
компјутерот најчесто е означено со ON/OFF,1/0 илиPOWER. На задната страна од кутијата
се наоѓаат приклучоци за перифериски единици,како и приклучок за електричната мрежа.
2. Матична плоча
Делот преку кој се поврзани сите делови на компјутерот е матичната плоча
(motherboard). На неа, во посебни лежишта, се поставени процесор и внатрешна
меморија. На матичната плоча постојат и места за поврзување на картички (графичка,
звучна, мрежна, ТВ и др.) наречени слотови. На картичките се наоѓаат порти преку кои
перифериските единици се поврзуваат со матичната плоча. Кај денешните матични плочи
звучната, а понекогаш и графичката картичка се интегрирани со неа.
3. Процесор
Процесор или централна процесорска единица е основна мкомпонента на компјутерот
во кој се извршуваат инструкции и се врши обработка на податоци. Во персоналните
компјутери се вградува микропроцесор кој е изработен од силициумски
полупроводнички чип со повеќе десетици милиони (денес и милијарди) транзистори.
Микропроцесорот врши обработката на податоци и координација на работата на сите
уреди кои се поврзани со компјутерот.
Важни делови на секој процесор се:
• аритметичко-логичка единица
• управувачка единица
• регистри.
Податоците кои доаѓаат од оперативната меморија се чуваат во регистри – мемориски

4
ќелии со мал капацитет. Овие податоци ги обработува аритметичко-логичката единица.
Основни операции кои таа може да ги изврши се аритметички операции (+,-,*, /) и
логички операции (И, ИЛИ, НЕ).Управувачката единица определува кои податоци ќе се
префрлат од оперативната меморија и кои операции врз нив ќе се извршат. По
обработката податоците повторно се враќаат во оперативната меморија.
Процесорот се става во соодветно подножје на матичната плоча. Тој бргу се загрева па во
негова близина се вградуваат системи за ладење наречени ладилници (coolers).
Современите микропроцесори имаат и ултрабрза кеш (cache) меморија која најчесто е
вградена во самиот процесор. Во неа се чуваат податоци кои често се користат и на тој
начин процесорот има побрз пристап до нив.
Основната карактеристика на процесорот е брзина со која тој ги извршува инструкциите, а
се изразува со милиони операции во една секунда MIPS(Milion Instruction Per Second).
Брзината на процесорот најмногу зависи од работниот такт на часовникот (clock) кој
обично е поставен на самиот процесор.Кога компјутерот ќе се вклучи, часовникот со
голема брзина произведува рамномерни импулси со помош на кои компјутерот врши
синхронизација на извршување на инструкции. Брзината на создавањето на импулсите се
нарекува фреквенција. Фреквенцијата се изразува во единицата херц (Hertz) со ознака Hz.
На денешните часовници фреквенција се мери во гигахерци (GHz), при што 1 GHz означува
милијарда тактови во една секунда. Најпознатите произведувачи на процесори се Intel,
AMD, IBM итн.
4. Внатрешна меморија
И внатрешната меморија се гради на полупровиднички силициумски чипови составени
од милијарди транзистори.
RAM - RAM меморијата податоците ги чува само додека во неа постои електричен
напон. Со исклучување на компјутерот од струја содржината на RAM меморијата се брише
и до следното вклучување таа е потполно празна. Со секое ново запишување на податоци
во некоја локација,нејзината претходна содржина се брише. Податоците и програмите
кои му се потребни на процесорот, во RAM меморијата се вчитуваат од надворешнитет
мемории (обично од хард дискот). Понатаму процесорот овие податоци и програми ги
зема директно од RAM меморијата, ги обработува податоците според инструкциите
дадени во програмите и резултатите на обработката пак се враќаат во RAM мемoријатa.
Затоа RAM меморија уште се нарекува и работна или оперативна меморија. Од тие
причини и брзината на компјтерот е поврзана со големината на RAM меморијата.
Основните карактеристики на RAM меморијата се:
- време на пристап– време за кое може да се најде бараниот податок, се мери со
пикосекунди);
- брзина на пренос– количина на податоци која може да се прочита или запише во/од
меморија за единица време, се мери со MHz;

5
- капацитет– максималната ко количина податоци која меморијаможе да содржи, а се
мери со мегабајти (MB) и со гигабајти (GB).
ROM меморија
ROM се користи за трајно чување на податоци и на инструкции кои произведувачот ги
запишува во неа. Обично тоа се програми кои го проверуваат хардверот секогаш кога
компјутерот ќе се вклучи во струја (BIOS – Basic Input Output System).

6
Градба на RAM меморијата

RAM меморијата е составена од флип-флоп кола, и тоа бистабилни флип-флопови.


Флип-флоп колата имаат својство да запомнат информација од еден бит, и да го сочуваат
тој бит во меморија, сѐ додека на влезот од флип-флопот не дојде нов бит за помнење,
или пак не се исклучи флип-флопот од напојување (од тука потекнува и тоа дека не се
губат информациите во RAM меморијата по искучувањето на сметачот).
Во сметачката индустрија поимот меморија најчесто се однесува на RАМ -Rаndom
Access Memory (меморија со произволен пристапм), во подамнешни времиња кога
пристапот кон мемориските ќелии не бил произволен, туку кон нив се пристапувало
секвенцијално. Во основа овие мемории се користат за привремено чување инструкции,
податоци итн. кои се потребни за да се изврши одредена наредба. Со тоа се зголемува
брзината на работењето, на централниот процессор пoбрз пристап кон податоците, кога
тие се сместени во меморијата, отколку кога кон нив се пристапува на хард дискот.
Брзините на пристап, протокот на податоци и брзината на работењето на мемориите е
многукратно поголема отколку на хард дискот. При пристапувањето кон хард дискот и
размената на податоци само со него, патот поминува преку двата чип сета во однос на
меморискиот bus, далеку побавниот АТА или сериал АТА интерфејс.
Колку за илустрација, рутина која би се извршувала 3,5 минути со РАМ меморијата, хард
дискот би ја извршувал за околу 4,5 месеци. Значи вчитувањето на некоја наредба во
меморијата значи извршување на наредбата за непосредливо покусо време. РАМ
меморијата е привремена меморија бидејќи со исклучувањето на сметачот се бришат
податоците сместени во неа.

7
Мемориски регистри
Со групирање на низи од 2, 4, 8, 16 32, 64, и повеќе флип-флопови се формираат
регистри со онолкав број на битoви колку што има флип-флопови. Во структурата на
низите на мемориските регистри влегува и уште по еден флип-флоп за секоја низа кој во
својата меморија го сочувува таканаречениот „бит на парност“, кој зависи од должината
на пополнетиот дел од регистарот (информацијата) за да биде овозможен понатамошен
пристап кон мемориската локација.

8
Како се дели RAM меморијата

RAM меморијата се дели на: Статична (SRAM) - класична RAM со најголема брзина но
најмала густина (и поради тоа со најголема цена). RAM која не ја губи содржината по
престанувањето со напојување (NVRAM - Non-Volatile RAM). Динамична (DRAM) која
својата садржина ја памти многу кратко време и потребно и е непрекинато "освежување"
(наспроти статичката е со најголема густина но поради тоа и со помала брзина и цена).
Некои RAM мемории имаат повеќе пристапни магистрали, за повеќе независни
корисници. По тоа се делат на: Двопортна RAM - RAM со две комплетни независни порти.
Видео RAM - двопортна RAM во која едната магистрала нуди само секвенцијален пристап.
Концепцијата на SRAM меморијата е релативно едноставна за разбирање, бидејќи
станува збор за матрица од мемориски ќелии формирани од леч флип – флипови, т.е.
уредено множество на мемориски ќелии, организирани во редици и колони. Ним им
претходи логика контрола на процесите на читање/запишување, како и за декодирање на
адресната информација.
Во практиката се користат синхрони и асинхрони SRAM чипови. Асинхрониот SRAM е
независен од тактот, кој ја синхронизира работата на компјутерот. Кај асинхрониот SRAM
влезот и излезот на податоците се управуваат само со појавата на контролните сигнали за
селекција на чип и читање/запишување.
Кај синхрониот SRAM временското усогласување на адресата, влезните/излезните
податоци и другите контролни сигнали зависат од такт сигналот и се иницирани со
појавата на неговиот преден/заден раб. Тоа е овозможено со посложен интерфејс во
однос на интерфејсот кај асинхрониот SRAM бидејќи синхрониот SRAM содржи интерни
регистри кои ја овозможуваат синхронизацијата на неговата работа.

9
Зголемување на РАМ меморијата - кога треба да купите дополнителни
тримчиња за да ја зголемите количината на RAM меморијата?
Знак на недостаток на RAM меморија е забавување на компјутерот при отворање на
неколку програми кои трошат многу RAM меморија. На пример, ако откако отворите
голем број на јазичиња на веб-прелистувач или откако ќе стартувате Photoshop, вашиот
компјутер започнува да работи значително побавно, тогаш е многу веројатно дека ова се
должи на недостаток на RAM меморија.
Оперативните системи ја користат датотеката со страници (дел). Суштината на ова е дека
кога системот истекува од RAM меморијата, тој го ослободува со пишување дел од
податоците на тврдиот диск. Како резултат, системот не престанува да работи и
податоците не се губат - но перформансите се намалуваат, бидејќи секој хард диск е
побавен од RAM меморијата и потребно е дополнително време за пишување и читање на
податоци.
Друг пример кога е потребна многу RAM меморија е употребата на виртуелни машини
(на пример) - особено кога истовремено работат неколку виртуелни компјутери.

10
Може ли да има премногу RAM меморија?

Голема количина RAM меморија ги зголемува вкупните перформанси на компјутерот.


Корисникот што работи на програми што користи мала количина меморија можеби нема
потреба од голема количина на RAM меморија. На пример, имате програма која користи
200 MB, оваа бројка може да изгледа незначителна, но ајде да кажеме дека сте започнале
неколку програми со оваа големина и, за жал, количината на RAM меморија истекува.
Процесорот почнува да исфрла дел од податоците на хард дискот во виртуелна меморија.
Како резултат, компјутерот почнува да се забавува.
Кога главните програми што ги користите се извршуваат на вашиот компјутер,
стартувајте го Task Manager со притискање на CTRL + Shift + Esc. Забележете колку
меморија моментно користи вашиот компјутер и колку меморија е достапна. Ова ќе ви
даде идеја дали е време да се зголеми RAM-меморијата во вашиот систем.
Во пракса, зголемувањето на количината на RAM меморија всушност ги зголемува
перформансите на компјутерот. На пример, ако сакате да отворите десетина или две
јазичиња во прелистувачите, едноставно не можете да забележите зголемување на
брзината на одговор со зголемување на RAM меморијата, да речеме, од 4 GB до 8 GB.
Истото може да се каже и за лансирање апликации. Точно, зголемувањето на
перформансите можеби не е толку очигледно, покрај тоа, не зависи само од количината
на меморија, туку и од неговиот вид. На пример, ефикасноста на таблата DDR3 е малку
поголема од онаа на таблата DDR2, но во реалноста не е секогаш можно да се почувствува
оваа разлика.

11
РОМ меморија

ROM меморијата, е компјутерска меморија од која може само да се чита. Основна


карактеристика на оваа меморија е дека таа не ги губи податоците и по исклучувањето на
компјутерот, а невозможноста за изменување е последица на технички ограничувања и
потреба за заштите на содржината.
ROM меморијата обично се користи за фирмвер - инструкции или податоци кои се
потребни за уредот веднаш по вклучувањето и/или без можност за вчитување од некој
друг извор (пр. секундарна меморија).
Келиите се групирани најчесто по 8. Броевите се меморираат во Персоналниот
Компјутер изразени во бинарна форма.
Првите компјутери ги имаа своите оперативен систем складирани во ROM. За
ажурирања, потребно беше да се замени чипот ROM со нов. Технологијата значително
напредуваше од тогаш и во денешните компјутери само неколку програми се хостираат на
ROM, додека повеќето се на хард дискови или Flash меморија, меѓу другите технологии.
Треба да се напомене дека одредени конзоли за видео игри користат ROM мемории во
касети , како што е случајот со игрите Сега Мега диск , Супер Нинтендо или Игра момче на
пример ROM-от работи само кога кертриџот е вметнат во соодветниот простор и
продолжува кон читање на податоците. Кога ја вадите кертриџот, информациите веќе не
се достапни.
Во случај на комипјутер, ROM сеуште се користи за складирање на податоци бидејќи
тие нудат поголема брзина од хард дискови. Од друга страна, невозможно е да се прочита
програма што бара извршување на диск од самиот диск и ова е една од причините зошто
БИОС од компјутерите се хостирани во ROM-от.

12
РОМ мемориски компоненти
ROM: ROM – от се изработува како интегрирано коло во кое податоците се запишуваат
со програмирање на внатрешните врски во структурата на меморијата. Поточно, во
процесот на програмирањето се воспоставуваат, односно се прекинуваат одредени
интерни врски формирани преку транзистори изработени во биполарна или MOS
технологија, кои внатрешно се поврзани како диоди. Во ваквите ROM мемории,
содржината може да се внесе само еднаш и тоа во процесот на фабрикување на ик
според однапред изработена маска заради што и се викаат маск – програмабилни ROM
мемории. Маската ја изработува производителот на ROM – от врз основа на барање што
го поставува корисникот за тоа која треба да биде нејзината содржина.
PROM: PROM меморијата има голема предност во однос на ROM меморијата бидејќи
корисникот може сам да ги програмира врските со употреба на PROM програматор. Во
процесот на програмирање секоја од воспоставените врски може да се прекине ако низ
неа протечат струјни импулси , што се прави преку програматорот, и со тоа да се внесе
логичка 0, па на овој начин практично корисникот може да избира на кои позиции ќе ги
остави 1 – ците, а на кои ќе внесе 0 – и. По програмирањето, PROM – от се однесува како
ROM меморија бидејќи неговата содржина не може да се менува.
EPROM: EPROM – ите може да се програмираат исто како и PROM – мемориите, но
дополнително нивната содржина може да се брише и постои можност пак да се внесе
нова содржина. Ваквото однесување на EPROM – ите се должи на фактот што тие користат
MOS транзистори со т.н. пливачки гејт бидејќи неговиот потенцијал може да се менува.
Вообичаено EPROM – ите може да се препрограмираат од 10 до 100 пати. Бришењето на
содржината на EPROM – от се врши со негово изложување на ултравиолетова светлина
заради што ваквите мемориски кола се викаат и UV EPROM – и.
EPROM интегрираните кола на своето куќиште имаат проѕирен дел преку кој се гледа
чипот во внатрешноста на колото. По програмирањето проѕирниот дел се покрива со
заштитна фолија, која непосредно пред бришењето треба да се извади како би можел
чипот да биде изложен на ултра – виолетова светлина.
EEPROM: EEPROM – от е уште една варијанта на PROM меморија, но кај овие
мемориски компоненти бришењето се врши по електричен пат, со пуштање на струја со
поголема јачина, а не со изложување на UV зраци. Циклусите на бришење и запишување
може да се изведуваат и околу десетина илјади пати. Flash меморијата (EEPROM) е една
варијанта на EEPROM бидејќи може електронски да се брише, но до 100.000 пати.

13
Способности за чување на ROM и RAM меморија
ROM чипот е нестабилен медиум за складирање, што значи дека не бара постојан извор
на енергија за да ги задржи информациите зачувани на неа. Спротивно на тоа, RAM-чипот
е нестабилен, што значи дека ги губи сите информации што ги поседува кога е исклучено
струјата. Во суштина, ROM-от е наменет за трајно складирање, а RAM-от е за привремено
складирање.

Употреба на ROM и RAM меморија


ROM-чипот се користи првенствено во процесот на стартување на компјутер, додека
RAM-чипот се користи во нормални операции откако ќе се вчита оперативниот систем. На
пример, чип ROM често се користи за чување на програмата BIOS на матичната плоча на
компјутерот.

14
Копче за RAM меморија привремено чува датотеки што се користат на компјутер, како
документ што го пишувате, слика што ја уредувате или податоци за игра што ја играте.

Капацитет на складирање на ROM и RAM меморија


Чип за ROM складира неколку MB (мегабајти) на податоци, обично од 4 до 8 MB по чип,
додека RAM-чипот може да чува повеќе GB (гигабајти) на податоци, кои се движат од 1 до
256 GB по чип.

15
ЗАВРШЕН ДЕЛ

Терминот „меморија“ е често синоним за терминот „примарно складирање“.


Компјутерската меморија работи со голема брзина, на пример меморија со случаен
пристап (RAM), како разлика од складирање што обезбедува информации со бавен
пристап, но нуди поголеми капацитети. Доколку е потребно, содржината на
компјутерската меморија може да се пренесе во секундарно складирање; многу
вообичаен начин да се направи ова е преку техника за управување со меморијата
наречена „виртуелна меморија“.
Терминот "меморија", честопати се поврзува со адресибилна полупроводничка
меморија, т.е. интегрирани кола што се состојат од силиконски MOS транзистори,
користени на пример како примарно складирање, но исто така и со други намени во
компјутери и други дигитални електронски уреди.
Примери за нестабилна меморија се флеш- и меморијата ROM, PROM, EPROM.
Примери за непостојана меморија се примарно складирање, што е типично динамична
меморија за случаен пристап (DRAM) и брза меморија за процесорот со кеш процесор,
што е типично статичка меморија за случаен пристап (SRAM) која е брза, но троши
енергија, и нуди помала меморија на густината на ареал од ДРАМ.
Организацијата на флеш меморија вклучува и еден бит по мемориска ќелија и повеќе
бита по клетка. Мемориските ќелии се групираат во зборови со фиксна должина на
зборот, на пример 1, 2, 4, 8, 16, 32, 64 или 128 битни. До секој збор може да се пристапи
со бинарна адреса на N бит, со што е можно да се зачуваат 2 закрепени со N зборови во
меморијата. Ова значи дека регистрираните процесори обично не се сметаат за меморија,
бидејќи тие чуваат само еден збор и не содржат механизам за адресирање.

16
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. www.computerhope.com

2. „Физиката и технологијата“ – др. Симон Мин

3. Дигитална електроника и микропроцесори – учебник за втора


година електротехничка струка

4. „Енциклопедија Британика“ – Роберт Денард

5. „1970: Еволуција на SRAM“

17

You might also like