You are on page 1of 8

,,Земјата на снегот”-

Јасунари Кавабата
За писателот
• Јасунари Кавабата е јапонски писател,
нобеловец, роден 1899 година во Осака. На
двегодишна возраст останал без родители,
сестра му и баба му починале набрзо, а
потоа и дедото, па морал сам за себе да се
грижи и пробива во животот. Загубата на
целото семејство секако влијало врз него, па
тој живеел многу повлечен и осаменички
живот. Тој е првиот Јапонец кој добил
Нобелова награда (1968 г.). Со литература
започнал да се занимава уште во детството,
пишувајќи го својот дневник, па во
средношколските денови кога пишувал
состави и раскази, а продолжил до крајот на
животот кој го завршил наверојатно со
самоубиство.
• Напишал стотина раскази, неколку романи,
многу хаику песни, а романот „Земјата на
Снегот“ напишан пред војната му донесува
успех.
За романот
• Овој роман на нобеловецот Јасуари Кавабата е раскошен
портрет на селската гејша Комако, во која се воспева
љубовта, спонтана и чиста, љубовта што го облагородува
човекот, љубовта што е необична поради својата
едноставност.
• Овој роман ми остави многу голем впечаток и е причината
поради која се заинтересирав целосно за источната
литература.
• Тоа е роман за една љубовна врска за која од самиот
почеток се знае дека нема да заврши среќно, бидејќи
ништо не е во нивна полза, а многу нешта се против нив.
• Тој е богат, средовечен, женет човек од Токио, кој доаѓа во
едно село во Земјата на снеговите, најснежниот дел од
Јапонија. Таа е млада девојка која дошла во истото тоа село и
се обучува да биде гејша, само заради финансискиот аспект
на „професијата“.
• За него таа е забава, а таа нему му се препушта со целото
срце и душа.
• Таа сака да му се приближи, а тој е на постојана дистанца и
од такво растојание ја набљудува како таа да е предмет
што треба да се оцени.
• Тој е фантазер, го бара совршеното, но не прави ништо.
По некое време, тој доаѓа повторно таму, а таа е веќе
гејша. Откако ќе се сретнат неколку пати, таа почнува да
сфаќа дека не смее да има чувства за некого кој плаќа за
нејзината придружба и се обидува да му се спротивстави
на копнежот.
• Овој пат, нивната каква – таква
врска повеќе се усложнува
откако ќе се појави уште една
девојка. Дури кога ќе биде
премногу доцна, некако се чини
дека и тој има чувства. Убавината
на ова дело е во тоа што некои
работи се детално опишани, а
некои се недоречени и оставени
на читателот.
За ликовите Шимамура,
Комако и Јоко
• Во овој роман Кавабата го слика животот на токискиот
бизнисмен Шимамура кој е растргнат, од една страна меѓу
љубовта спрема двете жени Комоко и Јоко и сопствената
немоќ јасно да го одреди патот во својот живот, од друга
страна.
• Јоко за Шимамура е олицетворение на недопирлива
чистота и совршенство, па така што нема мир од оној
момент кога за првпат ќе ја види во возот. Обидувајќи се
да и се приближи чувствата дека таа е совршенството кон
кое тој се стреми во животот.
За традицијата во Јапонија
• Освен што е прикажан дел од животот на Шимамура, Комако и
Јоко, во ,,Земјата на снегот’’ се прикажани и јапонскиот живот
и традиција- животот на гејшите, традиционалните
инструменти како што е самизенот (на кој свиреле гејшите),
нивната облека, фризура, шминка, животот во високите
планини и туристичките центри- празнувањето на паѓањето на
жолтите лисје, ткаење и предење (белењето на снег) на
платното чиџими (ленено платно), итн.

You might also like