You are on page 1of 2

Роман Крпен Живот од СТОЛЕ ПОПОВ

Романот Крпен Живот е еден од најубавите романи во македонската литературна


историја .Се опишува селскиот и тешкиот живот но и карактерот на лугето во почетокот
на 20 век Главните ликови се двете јатрви Доста која е втора жена на Илко и Митра која е
опишана како меѓесница и зависна на Доста .Доста пак е сиромашна жена која работела во
Солун кај конзулот како чистачка .Нејзиониот маж починал и немале пород ,а голема
желба и било да имаат дете затоа прифатила да сепремажи за сиромашниот Илко од
Мариово кој исто такабил вдовец

Во мариовското село Витолиште, живееле тројца браќа Раде, Гале и Вите по кои околните
села ги добиле имињата, а селото Витолиште било центар на Мариово. Илко Сукалов
останал вдовец и на 40 годишна возраст морал повторно да се жени. Бидејќи бил на грижа
на снаата Митра, соселаните го сожалувале,. И најмалиот брат Трајко одамна останал
вдовец. Снаата Митра се пожалила дека сама не може да се грижи за сите и го советувала
Илко повторно да се ожени и да донесе помош во куќата.Митра го потсетува за Доста
Рожденката, за која се сметало дека не е како другите и како граѓанка од Солун нема да
сака да спие на рогозина. Илко ќе го прати дедо Петко Балев како стројник да преговара во
с. Рожден. Одговорот и бил дека треба да чека 6 недели од смртта на мажот, па ќе прати
абер за разговор. Митра потсвесно се плаши Рожденката да не му изроди деца, па да мора
да го дели наследството со нејзините деца. Кога деверите ќе се најдат на маса за вечера,
Митра е таа  што им поставува вода да мијат раце,  им служи вечера и им ги постелува
рогозините да спијат. Утредента двајцата ќе ѝ кажат на снаата Менка да ја викне
солунчанката Доста. Доста кога пристигнала почнала да го раскажува својот живот, дека
не сака да биде вдовица, но не го  сака ни адетот,  за неа да се платат лири како кобила за
продавање. Колку за адет на дедо Петко да му се купат чевли, а за неа не сакала ништо
Доста раскажува за својот живот, дека  без родители и роднини излегла од семејната куќа
на братот и снаата каде повеќе не може да се врати. Како сиромашна вдовица морала да
работи како слугинка, но во конзулска куќа во Солун каде ќе научи градски обичаи.
Носела облека која селаните ја нарекувале ѓупска, носела килоти и го секнела носот во
шамивче, поради што ја озборувале во заостаната рурална средина. Илко бил изненаден
што земал жена без да даде пари, а ќе има домаќинка, чисто, испрано,  месено, а можеби и
дете за што ќе почуствува голема радост. Митра веќе ѝ љубомори, кога гледа дека работи
подобро од сите мариовки. Сите зборувале за нејзините домаќински вештини и колку била
чиста и уредна. По половина година Митра забележила дека доста одбива да јаде и дека е
бремена. Полна со завист веднаш почнала да истура клетви за да не дочека пород и имотот
да биде само за нејзините деца. Доста е бремена со второ дете, а Митра повторно почнува
да колне. Раѓа син,  ја пораѓа стрина Маловица, оти Митра не сакала. Ќе го крстат Стојан,
како таткото на Илко, а Доста од милост го викала Толе. Доста сакала да го придобие
деверот Трајко и често  му праќала ручек, но тоа го насетила Митра, како Трајко им
посветува внимание на децата на Доста. По три годишна заедница, браќата се разделиле,
но си живееле во слога. Трајко останал со Доста и Илко, а својот дел ќе го остави на
Нешка. 
Втор дел Децата на Доста напредувале како ниедни други во селото. Ја учела Нешка да
брои на мајчин јазик, турски и грчки,  да везе и да меси, месела дури и за во црква заради
што ја озборувале селаните. Доста била неписмена, но не сакала и нејзините деца да
останат неписмени. На осум години ја праќа Нешка на училиште. Чекала Толе да наполни
седум,  па ги пратила заедно за да се чуваат. Таа желба му ја кажала на учителот Бино кому
отрпва му било чудно но набргу ќе  прифати и поддржи. Првиот училишен ден и за
учителот бил празник поради едно женско дете за кое со гордост ќе каже пред селаните: .
Жените ја озборувале, само Бојана ја храбрела (Нешка ја чувале братот и синот на Бојана).
На училиште тргнал и Крсте, син на поп Петко, кој ќе се загледа во Нешка. Некоја детска
љубов ќе се развие меѓу нив. Крсте најдобро учел од сите, а Доста насетувајќи ја
симпатијата на Нешка, ќе го покани Крсте дома (ќе се сети кога наречниците
благословувале Нешка да биде убава и да стане попова снаа Кога Доста дознала дека Крсте
требало да позајми пари за свадба, самата му понудила лири. На 19ти мај 1919 година
биле  свадбите во куќата на Доста, попот Петко и Андо Андовски. Сите биле вчудовидени
кога го виделе  натоварен на коњ чеизот на Нешка со шарениот рожденски ќилим. Доста и
Илко остануваат сами и плачат од радост што господ им дал таков живот, скинат, крпен,
но поарен од нов живот. Бакнувајќи ја жена си ѝ честитал за Нешка зет, а за Толе снаа.

Овј роман е лесен за ѓотање и е доста интересен прикажувајки ја итрината на Доста и


злобноста на Митра која веруала во мачии и ја колнела Доста .Но добрината на крајот
секогаш победува двете деца на Доста Снешка и Толе среѓно се образувале и се вдомиле
и делот од Трајко припаднал на децата од Доста ,значи со добрина и култорно однесување
може повеке да се добие ...

You might also like