You are on page 1of 17

Практично професионална комуникација

Говор
• Говор е вештина за добро говорење. Настанокот и развојот е врзан со Стара
Грција, а условен е од јавниот живот во градовите каде живиот говор
дејствувал непосредно и претставувал моќно оружје во политичкиот живот,
правните расправи, свечените собири. Вештината на говорење од Стара
Грција се пренела во Рим каде во времето на Римската Империја служела во
политичката борба. Правилата на говорење кои ги кодификувал Аристотел
важат и денес.
•Според тие упатства постојат пет основни постапки:
 пронаоѓање докази и собирање материјал,
 распоредување на тој материјал,
 стилско обликување на материјалот,
 учење на говорот напамет и
 држење говор со мимики и гестови.
Говорењето се класифицира според следните
критериуми:
 за тоа за што се говори,
 во која цел се говори,
 кому му се обраќа соговорникот,
 колку долго се говори
 и начинот на кој говорот се пренесува до
слушателите.
Современото говорничко изразување може да се групира
во четири групи и тоа:
 разговори,
 кратки монолози,
 посебни говорни видови,
 говори.
Основни видови разговори се:
• службени разговри (разговори на двајца соговорници кои се во службен однос),
• анкета (тука само анкетарот поставува прашања на кои анкетираните лица му
одговараат со цел да дознае што знаат, што мислат и како размислуваат),
• интервју (двајца соговорници имаат јасно поделени улоги – еден прашува, а
друг одговара, постојат интервуја во јавност и работни интервјуа, сведочење во суд или
полагање испит,
• тркалезни маси (под раководство на водителот се разговара на една тема, која е
само назначе пона, а потоа се развива).
• Кратки монолози се :
• воведен збор ( се отвара некој друг вид говор или разни
собири и состаноци),
• изјава (кратко, јавно и службено соопштение за некоја
случка или појава),
• дискусија (монолог со ограничено траење со кое се
расветлува еден аспект на темата за која се зборува),
Посебните говори и видови настанале и се развиле непосредно со развојот
на средствата за јавно информирање и тоа пред Се телевизијата и радиото.
 Водителство или конферанса (предавање, објаснение за некоја програма и
сл.) е најсложен и најодговорен посебен говорен вид во кој водителот со
мал број на зборови, но авторативно и сигурно организира разговор и го
води кон замислената цел.
• Посебен говорен вид е и:
 Пренос на некоја случка преку радио или телевизија. Во текот на преносот
говорникот ја опишува случката, коментира за да предизвика посебни
впечатоци кај публиката.
• Говорите се посебен вид говорничко изразување.
Секој јавен говор има реторички карактер и тој за
разлика од приватниот говор се мери со поинакви
критериуми што ја зголемува одговорноста на
говорникот со секој кажан збор. Говорникот
најчесто не зборува во свое име туку застапува
некој или говори во име на група луѓе, па затоа е
одговорен пред тие кои го избрале за свој
претставник.
•Според карактерот на комуникација која говорникот ја воспоставил со
слушателите се разликуваат:
 Говори со висок стил на изразување кои имаат за цел да предизвикаат
емоции (политички говори, здравици, посебни говори, некролози),
 Говори со умерен стил со кои аудиториумот се убедува во исправноста на
идејата која ја застапува (судски пледоајеи – завршен одбранбен говор на
тужителот или бранителот),
 Говори со едноставен стил со кои слушателите се информираат за
постигнати резултати во различни области (предавања, реферати и сл.).
Коментар

• Коментар е службен облик на новинарско известување и претставува


јавно изразено (напишано или изговорено) мислење за една случка
или појава со содржина, став и оцена. Тој настанува по повод некоја
случка или во очи на некоја случка. Коментарот ја објаснува, толкува
и вреднува случката. Целта на коментарот не е да соопшти и да
информира порака туку да влијае на свеста и совеста на примачот на
пораката. Таа карактеристика прави коментарот да биде со
новинарски обележја на изразување.
Коментарите се тематски разновидни и посветени се на политички,
економски, социјални, културни, научни и други прашања значајни за
општеството.
Се пишуваат за :
• весници,
• списанија,
• радио и
• телевизија.
• Печатениот коментар на примачот на
пораката делува едноставно со зборови,
радио -коментарот покрај зборови го
вклучува и гласот на коментаторот, додека
телевизискиот коментар покрај овие два
елементи воведува и слика.
Есеј
• Есеј претставува книжевно – научен вид во кој авторот обединува
научен пристап и книжевна обработка со настојување да изрази личен
став за темата на која пишува. Есејот всушност претставува одговор на
зададена тема, одговор на поставено прашање. Тој вклучува
рамислување и донесување заклучок, но има и уметничко обликување.
Во есејот до израз личниот став на авторот, неговиот избор на
проблеми за кои пишува и неговиот сопствен начин на излагање и
донесување заклучок. Во процесот на подготовка најзначајно место
зазема предметот, односно темата која треба јазички да се изрази.
• Познавањето на темата подразбира одредена количина на сознанија,
односно одредено количество на информации до кoи се доаѓа на
основа на сопственото искуство, анализа на темата, користење на
различни извори, читање весници, следење радио и телевизиски
емисии и други постапки. Следната фаза е одбирање и средување на
собраниот материјал, односно се врши селекција на податоците и се
воспоставува хиерархија.
Последната фаза е остварување на текстот со помош на претходно
направениот план. Секој писмен текст, па и есеј треба да содржи:
• вовед,
• главен дел
• завршен дел.
При пишување есеј се води грижа за ограничувањето, односно
должината на есејот, односно бројот на зборови.
Рецензија
Рецензија е облик на расправа со која аналитички се разградуваат елеметните на уметничкото дело
и ги оценуваат неговите различни аспекти. Теоретичарите на културата на изразување предлагаат
ваква композициска шема како една од можните во приказот на книжевното дело:
1. Насловот на делото и смеслата на насловот,
2. Кратка карактеристика на творештвото на авторот
3. Авторовата замисла на делото
4. Критичка проценка на делото: одлики на композицијата, одлики на авторовиот стил и
постапките на обликување на ликовите,
5. Основна мисла на приказот,
6. Актуелноста на тематиката на делото.

You might also like