You are on page 1of 10

Класификација на фазеологизмите

Поделбата на фразеологизмите може да се прави на


различни начини, според:

- потеклото
- значењето
- функцијата
- степенот на слеаност
- граматичкиот состав
Според степенот на слеаност – се
делат на три групи:

- фразеолошки срастувања (идиоми)

- фразеолошки единства

- фразеолошки спојки
Фразеолошки срастувања (идиоми) – неделиви
групи од зборови (како целост добиваат
значење)

Примери:
со крстот на чело = чесно;
дупната вреќа = расипник;
мед и млеко = се;
црно злато = нафта;
бела врана = реткост, исклучок;
рака на срце = отворено, чесно;
Фразеолошки единства – настануваат кога
зборовите во еден состав основното значење ќе
го заменат со преносно значење.

Примери:
- му паднала секирата во мед;
- удира со глава во ѕид;
- лови во матно;
Фразеолошки спојки – се такви фразеологизми
во кои само еден збор од составот има преносно
значење, а другите зборови се употребуваат со
своето основно значење.
Примери:
- медна уста;
- челична дисциплина;
- златна свадба,
- поган јазик,
- зрно вистина,
- мртов уморен,
- златни раце.
Важно!
Фразеолошките спојки може да имаат променливи
делови.
Едниот збор се јавува како постојан, другиот како
менлив.

Пример:
зрно вистина; трошка вистина; малку вистина;

железна дисциплина; челична дисциплина; војничка


дисциплина;
Според граматички состав фразеолошките
изрази се делат на две основни групи:

- Фразеологизми кои имаат структура на реченица

- Фразеологизми кои имаат структура на зборовна


група (синтагма)
а) Фразеологизмите во форма на реченица можат да
бидат во вид на: проста реченица, сложена реченица
или пак, дел – реченица во сложенaта реченица.
Примери:
- Бере душа.
- Бери ум.
- Продава ум.
- Ќе дојде колце на тркалце.
- Крушата под круша паѓа.
- Ги збрка конците.
- Село гори, бабата се чешла.
- Ако не врне, капе.
- Тој се знае, дури и на ѓаволот дупката му ја
знае.
- Се мажела мома да не седи дома.
- Ако не видат што правиме, го обравме бостанот.
б) Фразеологизмите кои имаат структура на зборовен
состав (синтагми) – може да имаат елементи од
различни видови зборови:
Примери:
- придавка и именка
арамиско гнездо, празни зборови, цврста
рака, тврд орев, бурни години, потајно жарче,
златен век.

- именка и именка
пелин чаша, играчка плачка, гајтан веѓи, лук и вода, дукат
песна, кожа и коска, вересија потресија, младост лудост,
ветар и магла,
вир – вода.
- придавка и придавка
мртов уморен, мртов пијан, жив закопан, месен обесен,
од добар подобар, од лош полош.

- број и именка
два – три збора, од прва рака, во еден здив, на два
чекора.

- прилог и прилог
згора – згора, наваму – натаму, надолго и нашироко.

Ви благодарам за вниманието!

You might also like