You are on page 1of 4

Подготовка за писмена работа – насоки

Есеј – структура и композиција


-Во есејот доаѓа до израз личниот став на авторот, неговиот избор на проблемите кои ќе
ги опфати, неговиот сопствен стил на изложување и заклучување, но мора да има
мисловна разработка на проблемот, како и доследност во заклучувањето.

-Во есејот се анализира, критикува, се дава заклучоци и сето тоа уметнички се обликува.

- Основно е да ги изнесете сопствените ставови во врска со дадената тема.

-Есејот е труд. Вистинскиот есеј бара работа, истражување, читање, донесување сопствени
судови, а потоа образложување на истите со аргументи. Само ако се придржувате на
основните правила, ако самите го напишете својот есеј, тогаш може да има успех и од
есејот да има ефект.

-Надворешната форма, изгледот на текстот е важен.

-Надворешно – во есејот мора да се издвоени најмалку три пасуса – вовед, главен дел и
завршен дел.

-Секој пасус започнува во нов ред, вовлечен, да се забележува како целина.

-Се разбира и ракописот треба да е читлив, да не задава маки при читањето.

1.Есејот мора да има вовед кој треба да започне со општи податоци во врска со

темата и полека да води до главната теза. Треба да се наговести за што ќе се работи

во главниот дел. (Дефинирање на епскиот јунак, херојот/трагичниот јунак и

воспоствување на тезата преку прашања и давање одговор.


2.Главен дел – Презентирај го сопствениот став во врска со дадената тема. Не

раскажувај , анализирај. Изнесувај свои критички размислувања во врска со

дадената тема, поткрепени со аргументи. Не користи готови текстови. (

Изложување на сличности и разлики меѓу епските јунаци. Анализа на

трагичниот јунак: трагична грешка, препознавање на трагичната грешка,

страдање и каење, казна).

3. Завршен дел (заклучок) треба да биде затворање на темата, сумирање на сите

изложени тези, внимавајќи притоа да не се повторуваат исти реченици и да се

искаже конечениот став во однос на темата која се обработувала. Некоја

поговорка, пословица или анегдота може понекогаш да биде добар заклучок.

(Вашата идеја, односно конкретна порака за делото или сумирање на

податоците).

ПОДГОТОВКА ЗА ПРВАТА ПИСМЕНА РАБОТА

Темите за првата писмена работа ќе бидат од трите дела што ги

работевме на часовите - ГИЛГАМЕШ, ИЛИЈАДА И

ЦАР ЕДИП.
ТЕМИ:

Карактеристики на ликовите - Гилгамеш и Енкиду, Гилгамеш -

владетел, херој и човек, Човековиот копнеж по бесмртноста,

Херојските ликови- Ахил наспроти Хектор, Борбата меѓу Ахил и

Хектор, ИЛИЈАДА - епопеја за херојските големини, Трагичната

судбина на царот Едип.

ЗАБЕЛЕШКА:

Есејот треба да содржи најмалку 250 зборови.

Есејот треба да биде поделен параграфски на три композициски дела –


вовед, главен дел и заклучок.

Есејот треба да има јасно искажани, поврзани и критички мисли за темата.

Есејот треба да има богата лексика и соодветен јазичен стил.

Презентирај го сопствениот став во врска со дадената тема. Не раскажувај ,


анализирај. Изнесувај свои критички размислувања во врска со дадената
тема, поткрепени со аргументи. Не користи готови текстови.
ЈАЗИК – 4 (ПРАВОПИС - 1 , ИНТЕРПУНКЦИЈА-1,
СИНТАКСА-1, ЛЕКСИКА-1)
КОМПОЗИЦИЈА НА ТЕКСТОТ - 3 ( ВОВЕД, ГЛАВЕН ДЕЛ,
ЗАКЛУЧОК, ПАРАГРАФСКО СРЕДУВАЊЕ СО СВРЗУВАЧКИ
РЕЧЕНИЦИ И ПОЧИТУВАЊЕ НА ГРАНИЦАТА НА
ПРЕДВИДЕНИОТ БРОЈ НА ЗБОРОВИ).
СОДРЖИНА НА ТЕМАТА - 5 (-РАЗВОЈ НА ТЕМАТА СО ИДЕИ,
АРГУМЕНТИ, ФАКТИ - ЈАСНО ИСКАЖАНИ, ПОВРЗАНИ И
КРИТИЧКИ МИСЛИ ЗА ТЕМАТА, - СОЗДАВАЊЕ ТЕКСТ КОЈ
СООДВЕСТУВА НА ПОСТАВЕНИТЕ БАРАЊА).

- НЕ ПИШУВАЈ ВО ВТОРО ЛИЦЕ!

You might also like