You are on page 1of 14

Техники на учење

ГРОЗД
Формирањето на гроздови (групирање) е техника на учење, која ги поттикнува
учениците слободно и отворено да размислуваат за одредена тема. Оваа техника може
да се примени: индивидуално, групно и на ниво на паралелка за предизвикување на
бура на идеи (бреинсторминг). Без разлика како ќе се примени оваа техника,
индивидуално или групно, важно е да се запомнат три правила:

 се пишува додека трае даденото време;


 не се донесуваат судови за она што се размислува;
 не се води грижа за правописот.

Индивидуалното формирање на грозд претставува пауза за време на групниот


бреинсторминг, бидејќи е брза техника која им овозможува на сите ученици, а не
само на оние кои први ги креваат рацете, активно да се вклучат во процесот на
размислување. Кога се користи индивидуално формирање на гроздот, учениците
треба да имаат добро познавање на избраната тема.

Чекори:

1. Запишување на еден збор или израз (нуклеус), во центарот на парче хартија или
транспарент, на табла или на некоја друга површина за пишување, според тоа
како се работи: индивидуално, во група или на ниво на паралелката.

2. Запишување на зборови или изрази, кои му(и) паѓаат на ум за одбраната тема.

3. Помеѓу запишаните идеи повлекува(повлекуваат) врски кои му(и или им)


изгледаат прикладно.

4. Идеи се запишуваат се додека не истече времето или додека не ги исцрпат сите


идеи.

При индивидуалното формирање на гроздови може да има еден чекор, а тоа


е споделување на индивидуалните гроздови помеѓу парови, група или паралелка.

Добро е додека учениците прават грозд и наставникот да прави грозд, бидејќи


учениците гледаат дека се работи за важна активност, се спречуваат тие да
поставуваат прашања, со кои го вознемируваат размислувањето на другите
ученици. Оваа техника се користи во фаза на евокација и во фаза на рефлексија.
ЧЕКОРИ ЗА ФОРМИРАЊЕ ГРОЗДОВИ:

1. ВО ЦЕНТАРОТ НА ЛИСТОТ НАПИШЕТЕ ЈА


ТЕМАТА, ЕДЕН ЗБОР ИЛИ ИЗРАЗ (НУКЛЕУС).

2. ПОЧНЕТЕ ДА ПИШУВАТЕ ЗБОРОВИ ИЛИ


ИЗРАЗИ КОИ ВИ ПАЃААТ НА УМ ЗА ДАДЕНАТА
ТЕМА.

3. КАКО ШТО ГИ ЗАПИШУВАТЕ ИДЕИТЕ,


ЗАПОЧНЕТЕ ДА ЦРТАТЕ ВРСКИ ПОМЕЃУ НИВ,
ТАКА КАКО ШТО ВИ ИЗГЛЕДА НАЈСООДВЕТНО.

4. ЗАПИШУВАЈТЕ ГИ СИТЕ ИДЕИ ШТО ЌЕ ВИ


ПАДНАТ НА УМ СЕ ДОДЕКА НЕ ИСТЕЧЕ
ВРЕМЕТО ИЛИ ДОДЕКА НЕ ГИ ИСЦРПИТЕ
СИТЕ ИДЕИ.
ПЕТТОРЕД
Петторедот е поема од пет реда

Петторедот е поема со која се врши синтетизирање на информации и


материјали во концизни искажувања, кои ја опишуваат темата или претставуваат
нејзина рефлексија.
Петторедот потекнува од францускиот збор што го означува бројот пет и е
поема од пет реда.

НАСОКИ:

1. Првиот ред е опис на темата со еден збор (вообичаено е именка).


2. Вториот ред е опис на темата со два збора (две придавки).
3. Третиот ред содржи три збора со кои се изразува дејството на темата
(вообичаено три глагола).
4. Четвртиот ред и израз од четири збора кои го покажуваат чувството за
темата.
5. Последниот ред содржи синоним од еден збор, со кој повторно се
опишува суштината на темата (придавка).

Како се прави ова:

Наслов (вообичаено именка) ______

Опис (вообичаено две придавки) ______ ______

Дејство (вообичаено три глагола) ______ ______ ______

Чувство (израз од четири збора) ______ ______ ______ ______

Повторно изразување на суштината (придавка) ______


ПРИЗМА

Призма е стратегија која претставува комбинација од спонтани асоцијации на


зборови со дивергентност и синтеза.

- Се одбира клучен збор, а партнерот или групата ги кажува првите зборови


што ќе и паднат на ум кога ќе го чуе тој збор.
- Потоа се користат асоцијации на два збора поврзани со клучниот збор.
- Овој процес продолжува најмалку уште два пати (може да продолжува до
петта или шеста линија, ако има доволно простор на хартија, таблата или
слајдот).
- Потоа почнува синтеза.
- Два по два збора асоцираат на еден збор.
- Последниот збор се поврзува со клучниот збор.

ЦЕЛИОТ ОВОЈ ПРОЦЕС Е ПРОЦЕС НА


ШИРЕЊЕ, СТЕСНУВАЊЕ И ПОВРЗУВАЊЕ

ИДНИНА

СВЕТЛА НЕЈАСНА

СОНЦЕ ДИЈАМАНТ МАТНА ВАЛКАНА

СВЕТИ ГОРИ НОВ ТВРД ОПАСНО ВЕТРОБРАН ФЛЕКА СТАКЛО

ЛАК БОЈА СУДИР НОЖ

КОРЕЗИН ПИЛА

НЕСРЕЌА
ДИЈАМАНТ

Дијамант е стратегија која претставува синтетизирање на информации кои


ја опишуваат темата или претставува нејзина рефлексија.

НАСОКИ:

1. Опис на темата (именка)


2. Опис на темата (2 придавки)
3. Дејство на темата (3 глагола)
4. Чувство на темата (4 именки)
5. Дејство на темата (3 глагола)
6. Опис на темата (2 придавки)
7. Oпис на темата (именка)

__________

__________ __________

__________ __________ __________

__________ __________ __________ __________

__________ __________ __________

__________ __________

__________
ВЕНОВ ДИЈАГРАМ

Венов дијаграм се исцртува со помош на два или повеќе круга, кои делумно
се преклопуваат. Може да се користи за спротивставување на идеи, но го
покажува и нивното меѓусебно поврзување.

ЧЕКОРИ:

1. Делење на учениците во парови.

2. Секој пар црта Венов дијаграм.

3. Пополнување на деловите на двата круга кои не се поклопуваат со


различните елементи на тоа што се споредува (ликови, предмети, идеи и сл.)
и пополнување во делот каде круговите се пополнуваат со заедничките
елементи на тоа што се споредува.

4. Здружување на два по два пара кои ги споредуваат Веновите дијаграми и


можат да направат заеднички Венов дијаграм.
КОЦКА

Коцка е техника за учење која овозможува содржината за предавање да се


разгледува од повеќе аспекти. Страната на коцката е 15 до 20 цм. На секоја страна на
коцката се запишува: опиши, спореди, асоцирај, анализирај, примени и аргументирај
за или против.

ЧЕКОРИ:

1. Секој ученик пишува слободен состав на одреден предмет, лик и сл. Притоа ги
користи шестте страни на коцката.
2. Учениците меѓусебе го споделуваат она што го запишале на секоја страна од
коцката. Најчесто ова споделување се прави само со еден партнер.
3. Со целата паралелка се минуваат сите аспекти: опиши, спореди итн.
4. Се бараат доброволци доколку има, кои би сакале на целата група да и го
прочитаат она што го напишале.

Насоки за страните на коцката:

 Опиши – повнимателно разгледување на предметот и опишување на тоа што се


гледа: бои, облици, големина итн. Значи треба ученикот да одговори на
прашањето: Како изгледа?
 Спореди – На што личи? Од што се разликува?
 Асоцирај – На што го наведува да размислува? Што му паѓа на ум? Тоа може да
се исти или различни работи, места, луѓе. Ученикот треба да му дозволи на
својот ум да одлета и да види какви асоцијации ќе му се јават за предметот.
 Анализирај – Објаснува како се прави. Одговара на прашањето: Од што е
составено?
 Примени – Кажува что може да се направи со него. Одговара на прашањето:
Како се користи?
 Аргументирај – Дали е за или против него. Одлучно завзема став. Сам ги избира
причините поради кои го завзел тој став, при што тие можат да бидат логични,
будалести или други. Размислува на прашањата: Дали е добро или лошо?
Зошто?

Страните на коцката добро е да се користат според дадениот редослед. Овој


редослед води од поедноставно кон покомплексно размислување. Размислувањето
кое се јавува кај коцката одговара на размислувањето од Блумовата таксономија.
Темата треба да биде нешто што е општо познато.
КОЦКА

1. Опиши

5. Примени 2. Спореди 6. Аргументирај

3. Асоцирај

4. Анализирај
И Н С Р Т – Методот претставува средство за следење на
разбраното

Чекори:

1. Бреинсторминг (бура на идеи)


Споделување на сопствените сознанија за содржината со партнерот или
членовите од групата и истите на ниво на паралелката се запишуваат на постер
од хартија или графо-фолија.

2. Објаснување на знаците, кои се ставаат соодветно на маргините од текстот, кој


се чита.

 потврден знак, ако со прочитаното се потврдува она што претходно


се знаело или се мислело дека се знае.

- минус, доколку некои информации кои се прочитани се


контрадикторни или се разликуваат од она што претходно
се знаело или се мислело дека се знае.

+ плус, доколку некои од информациите се нови за вас.

? прашалник, доколку се дојде до информации кои збунуваат или ако има


потреба да се научи нешто повеќе.

3. Разделување на копии од текстот, доколку го нема во учебникот.

4. Читање на текстот и ставање на знаци.

5. Составување на табелата со знаци и пополнување соодветно според знаците со


она што се знаело; што е контрадикторно или се разликува од она што
претходно се знаело; со информации што се нови и со информации кои
збунуваат или има потреба да се научи нешто ново.
 - + ?

6. Со партнерот или со членовите на групата се дискутира за прочитаното. Кои


сознанија биле потребни? Кои биле побиени? Кои информации биле нови? Кои
прашања останале неодговорени?

7. Враќање на бреинсторминг на ниво на паралелката, кој е запишан на постерот


од хартија или графо-фолијата. Притоа учениците ги разгледуваат мислењата
со кои се совпаѓаат, ги дискутираат несогласувањата и утврдуваат дали се
разрешени со прочитаниот текст или им се потребни дополнителни извори кои
наставникот им ги посочува.
ПРАВИЛА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ГРОЗДОВИ

- МИСЛОВНА МАПА -

1. ЗАПИШЕТЕ СЕ ШТО ЌЕ ВИ ПАДНЕ НА УМ, НЕ


ДОНЕСУВАЈТЕ СУД ЗА МИСЛИТЕ, САМО ЗАПИШЕТЕ
ГИ.

2. НЕ ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ПРАВОПИСОТ ИЛИ ЗА


ОГРАНИЧУВАЊАТА ВО ВРСКА СО ПИШУВАЊЕТО.

3. НЕ ПРЕСТАНУВАЈТЕ ДА ПИШУВАТЕ СЕ ДОДЕКА


НЕ ИСТЕЧЕ ДОВОЛНО ВРЕМЕ ЗА ДА ГИ ИСЦРПИТЕ
СИТЕ ИДЕИ. АКО ВО ОПРЕДЕЛЕНОТО ВРЕМЕ НЕ СЕ
ЈАВАТ НОВИ ИДЕИ, ПОЧНЕТЕ ДА ЧКРТАТЕ ПО
ХАРТИЈАТА СЕ ДОДЕКА НЕ ЗАПОЧНАТ ДА ТЕЧАТ
ПОВТОРНО.

4. ДОЗВОЛЕТЕ ДА СЕ ИЗГРАДАТ ШТО Е МОЖНО


ПОВЕЌЕ ВРСКИ. НЕ ГО ОГРАНИЧУВАЈТЕ БРОЈОТ НА
ИДЕИ ИЛИ ПРОТОКОТ НА ВРСКИТЕ.
ХРИСТИЈАНСТВО
Скелетен приказ

Една реченица Една убава мисла

Еден збор Симбол или скица

Боја Дополнување, поука


Вокабулар во четири агли

Слика Чувство

Звуци Врска со мојот живот

You might also like