You are on page 1of 1

Поим за текстж

*Под поимот текст се подразбира графички фиксирана мисла напишана со ракописни или
печтени букви.
*Семиотиката како наука за знаците го дефинира текстот како нижење на знаци во времето и
просторот.
*Литературата како уметност го користи јазикот како средство за создавање уметнички дела.
Литературното дело е всушност јазичен текст кој е напишан или изговорен на определен
природен јазик.

Видови текстови

Логички Текст
-Се јавува како научен, публицистички или разговорен
-Влијае на разумот на читателот и го збогатува умот со различни научни сознанија
-Користи поими, размислувања, заклучоци, оценки
-Не поттикнува емоции кај примачот и не создава слики

Уметнички текст
-Авторот користејќи зборови создава уметнички слики и го прикажува светот и животот
-Ја активира фантазијата на човекот
-Буди емоции
-Може да биде сугестивен (да наметне емоции кои се слични на тие на авторот)

Секој текст треба да биде граматикален

*Една од главните особености на текстот е граматикалноста. Секој текст треба да биде


граматички правилен (да ги почитува граматичките правила) за да може да биде разбран
*Уметничкиот текст за разлика од логичниот може да биде граматикален, но да не биде логичен.
Логичкиот текст дава полезни информации, а кај уметничкиот текст најважно е информациите
да бидат убаво кажани.
*Пр.. реченицата Пенкалото се фати за глава е граматички правилна, но е алогична. Реченицата
може да добие смисла и логика ако ја ставиме во определен контекст (на пр. предметите да
имаат човечки особини!), но нема да биде разбрана ако не ги почитува граматичките правила
*Според ова, сите видови текстови мора да ги почитуваат граматичките правила на јазикот за да
можат да ги остварат сите функции на јазикот

You might also like