You are on page 1of 16

ЈАЗИКОТ КАКО СИСТЕМ ОД ЗНАЦИ

ЈАЗИКОТ Е НАЈСОВРШЕН СИСТЕМ ОД ЗНАЦИ ЗА


КОМУНИКАЦИЈА.

СИТЕ ДРУГИ СИСТЕМИ ОД ЗНАЦИ ,КАКО НА ПРИМЕР БРАЈОВАТА


АЗБУКА,МОРЗЕОВАТА АЗБУКА,СООБРАЌАЈНИТЕ ЗНАЦИ СЕ ТЕМЕЛАТ НА
ЧОВЕКОВИОТ ЈАЗИК.
Човековиот јазик е и најсложен систем од знаци.
Тој е хиерархиски поделен и има своја структура.Во неговата
структура се разликуваат три рамништа:

Рамниште на гласови а,т,р,в,г,е

Рамниште на зборови книга,мајка,небо

Рамниште на реченици Ана дојде на часот.


Човековиот јазик е универзален систем од знаци и
универзално средство за комуникација.Тоа значи дека знаците
од другите системи можат да се искажат со помош на јазичните
знаци,односно зборовите.
Систем од знаци е организирана целина во која секој
знак има свое определено место.

Јазикот е систем од знаци ,односно зборови.

Јазикот е вербален код составен од зборови кои


имаат своја форма и содржина
Зборовите се знаци кои имаат своја форма (матријална страна)
и своја содржина.

Матријалната страна на зборот може да се претстави како низа


од фонеми.

к-н-и-г-а низа од фонеми

Содржината на зборот КНИГА е всушност знашењето на


поимот.
Испраќач
Примач
Порака
Содржина на порака (предмет,референт)
Канал (медиум)
Систем од знаци(код)
1. Јазикот служи за да се постигне комуникација.
2. Во комуникацијата учествуваат испраќачот и примачот.
3. Учесниците во комуникацијата мора да го знаат истиот јазик, односно систем
од знаци - код.
4. Секоја комуникација се одвива заради пренесување на некоја порака.
Пораката мора да има содржина или предмет (референт).
5. Комуникацијата може да се одвива непосредно или посредно (по телефон,
преку пошта). Она низ што се одвива комуникацијата се нарекува канал или
медиум на пренос.
систем од знаци
(код)

испраќач - канал (медиум) - порака - канал (медиум) - примач

предмет на пораката
(референт)
Функции на јазикот

1. Референцијална (содржинска) функција

2. Емотивна или експресивна функција

3. Конативна функција

4. Фатичка (контактна) функција

5. Метајазична функција

6. Поетска функција
1. Референцијална (содржинска) функција

Референцијалната функција на јазикот се однесува на


содржината на пораката, на нејзината сознајна
вредност. Пораката дава точна, објективна, проверлива
информација. Ваква функција на јазикот најчесто
среќаваме во научните текстови, но се разбира дека се
среќава и во секојдневниот говор.
На пример, навечер кога мајката ќе го види своето дете
изморено, а веќе изминало 23 часот, таа ќе рече:
Доцна е, треба да си легнеш.
2. Емотивна или експресивна функција

Јазикот добива емотивна функција кога го изразува


ставот на говорителот, односно на испраќачот на
пораката.
На пример, мајката е загрижена што нејзиното дете
сè уште не спие и истата порака може да ја каже со
емотивен став:
Веќе е многу доцна, те молам легни си.
3. Конативна функција

Конативната функција на јазикот е насочена кон примачот на


пораката и најчесто е во заповедна (императивна) форма и во
форма на обраќање.
Оваа функција најмногу ја среќаваме во рекламите (дојдете...,
летувајте..., купувајте..., гледајте...).

Во нашиот пример, ако ја употребиме оваа функција на јазикот,


обраќањето ќе биде директно насочено кон детето:
Доцна е, веднаш легнувај!
4. Фатичка (контактна) функција

Фатичката функција на јазикот се употребува за воспоставување, продолжување


или прекинување на комуникацијата. Во овој случај често се употребуваат изразите:
добар ден, како сте, да започнеме (на почетокот од комуникацијата), да
продолжиме, да се вратиме (на средина на комуникацијата) или да резимираме, да
заклучиме, да завршиме (на крајот од комуникацијата).
Оваа функција може да служи и за проверување на разбирливоста на каналот. Ако
зборуваме по телефон и чувствуваме прекин на комункиацијата, ќе речеме: „Ало,
ме слушате ли?“

Во примерот со мајката и детето тоа може да биде вака:


Доста гледавме телевизија, доцна е, ајде да си легнеш.
5. Метајазична функција

Метајазичната функција доаѓа до израз кога се усвојува јазикот (кај


децата) или кога се учи туѓ јазик. Новите, непознати зборови се
објаснуваат со други зборови кои се веќе познати. Кога малите деца
започнуваат да зборуваат тие често грешат и не го знаат значењето на
зборовите. Мајката им ги објаснува зборовите, ги поправа во
изговорот и ги учи како правилно да ги склопуваат зборовите во
реченицата.
На пример, детето прашува: „Што е ова?“, мајката му одговара:
„Книга“. Детето продолжува: „Книга чита?“, а мајката ја поправа
целата реченица: „Да, книгата се чита“.
6. Поетска функција

Поетската функција на јазикот има цел да го изрази


односот на пораката кон себе. Се употребува во уметноста
кога пораката не е средство на комуникација, туку е цел.
Уметноста се создава заради убавината, а не за да
пренесува информации. Од литературните дела добиваме
информации (референцијална функција), но тие се
пренесуваат со поинаков јазик, имаат уметничка вредност
и не се целосно вистинити. Па дури и кога во некое
литературно дело се работи за вистинити личности,
нивните дијалози се пренесени со авторски зборови,
зборови кои тие можеби никогаш не ги кажале.
Најизразена поетската функција на јазикот ја среќаваме во
песните.

You might also like