You are on page 1of 5

ЛЕКСИКОЛОГИЈА

Поим за зборот и основни типови лексички значења на зборовите


Јазикот како систем од знаци има сложена структура и тоа распределена на повеќе
нивоа. Гласовното ниво е основното, поради што гласовите / фонемите се најмали
јазични единици. Второто ниво е зборот кој претставува автономна (самостојна) целост,
со сопствено значење и со своја определеност во реченицата. Зборот како знак има
дводелна структура. Првиот негов дел е ознаката, а вториот она внатрешното,
длабочинското – означеното
Ознаката е појавниот, надворешниот дел на зборот и всушност претставува она што го
слушаме (аудитивноста) кога зборот се изговара или она што го гледаме кога зборот се
запишува (визуелноста). Ознаката ја претставува материјалната страна на зборот,
односно неговата форма како низа од гласови. Под ова се подразбира граматичкото
значење на зборот – како дел од истражувањето на морфологија. Со тоа се истражува
дали зборот е менлив или неменлив, на која зборовна група припаѓа, кои му се
граматички категории и сл.
Вториот дел од зборот, означеното, ја проучува смислата на зборот. Тоа всушност го
претставува лексичкото значење на зборот, кое се смета за основно и конкретно.
Според тоа: зборот е материјална (аудио – визуелна) реализација на еден поим. Со
лексичкото значење на зборот се занимава лексикологијата како дел од наука за
јазикот. Терминот потекнува од грчките зборови lexis – збор и logos – наука. Како наука
го истражува значењето, смислата, односно внатрешната, содржинската страна на
зборовите. Во процесот на развојот и начинот на употребата на зборовите, се губат
старите и се создаваат нови зборови. Лексикологијата како наука го следи тој развој со
тоа што ја објаснува смислата, потеклото, застапеноста на јазикот, дејноста и др. Поради
тоа, во лексикологијата се вклучени повеќе поддисциплини како што се:
- семантика – наука за внатрешна, смисловна страна на зборот;
- етимологија – наука за настанувањето и развитокот на зборот;
- лексикографија – наука за принципите за составување на речници;
- фразеологија – наука за постојаните (сраснати, зацврстени) зборовни состави со
посебна стилска употреба.

ОСНОВНИ ЗНАЧЕЊА НА ЗБОРОВИТЕ

Зборовите со својата форма претрпуваат промени, што не е случај и со значењето. Она


значење кое е првично значење на зборот се нарекува основно значење (куќа – дом,
нос – мирис) и уште се нарекува директно или буквално. Според тоа, јазикот како
најсовршен систем од знаци ја остварува својата комуникативна функција врз основа на
буквалното значење на зборовите.
Сепак, јазикот по својата суштина е метафоричен. Сите елементи во него –
гласовите, зборовите, речениците, текстот, се знаци, а знакот е нешто што посочува,
упатува на нешто друго.
пр. Моето срце е куќа за целиот свет.
Ќе дочекам ли некогаш сонце во животот?
Каков нос, веднаш препозна дека е крадец.
Тука зборовите се јавуваат со друго значење, кое не е она нивно првично. Тоа е
второто или преносно значење на зборовите. На тој начин јазикот ја остварува својата
функција – да биде и да создава убавина.
Има зборови кои имаат само основно значење, како што се научните термини. На пр.
поводник, тангента, епилепсија, метаболизам и сл.
Според оваа поделба зборовите можат да бидат со:
I директно значење (обично, основно);
преносно значење (метафорично)
II конкретно значење (нешто што може да се види, допре);
апстрактно значење (нешто што постои само како поим, претстава, во мисли,
нематеријално).
Освен овие значења, речникот на еден јазик располага со: синоними, хомоними,
пароними и антоними. Тоа се четири основни групи и нивното успешно остварување
значи изнаоѓање на соодветен збор во говорната ситуација.
1. СИНОНИМИ се зборови кои се разликуваат по својата форма, но се блиски или
слични по своето значење.
пр. тага – жал, темнина – мрак, еднаков – ист, моќ – сила;
Синонимноста меѓу зборовите настанува кога ќе се совпадне основното или преносното
значење. Најдобро усвојување на лексика на еден јазик е преку изнаоѓање на синоними
во зборовите.
2. ХОМОНИМИ се такви зборови коишто имаат иста форма, но имаат различно значење.
пр. Дедо ми на село го собира сеното со вила.
Нашата вила на Водно е најголема.
пр. Царот бил гол, а сите му ја фалеле новата облека.
Голот беше одличен и ги крена гледачите на нозе.
Хомонимите можат да се создаваат случајно, но голем дел од нив се јавуваат во текот
на историскиот развиток на јазикот.
3. ПАРОНИМИ се такви зборови кои се многу слични и блиски по своја форма, но имаат
различно значење. Паронимите звучат слично, но имаат различно значење.
пр. Индиец – Индијанец; ментален – метален; попов – лопов.
Разликата кај парониите се создава врз основа на еден глас или гласовна група. Затоа
треба прецизно да се знае значењето на зборот.
4. АНТОНИМИ се зборови со спротивно значење. Антонимите секогаш одат во парови.
Можат да бидат две посебни лексеми.
пр. голем – мал; слаб – дебел; црн – бел; љубов – омраза;
-истите можат да бидат создадени со префикси.
пр. морален – неморален; пријател – непријател.

Лексиката спорес процесот на обновувањето


Процесот на обновување е важна појава за секој јазик. На тој начин јазикот се
регенерира, подмладува и обновува. Голем број на зборови ја губат редовната
употреба поради новите општествени причини, појави и предмети. Не се дел од
активниот речник и затоа се губат од употреба. Застарените зборови се нарекуваат
АРХАИЗМИ. Нивното значење се објаснува со толкување или со соодветни синоними.
Предметите и појавите сеуште постојат, но се заменети со други. Такви зборови се: авер,
даскал, еќим, кадија и др.
Посебна група на архаизми се ИСТОРИЗМИТЕ, зборови кои директно и припаѓаат на
историската општествена лексика. Разликата со архаизмите е во тоа што кај историзмите
одредени предметии појави не постојат. Такви зборови се: кмет, чорбаџија, јаничар,
чифлик, вилает.
Наспроти архаизмите стојат новонастанати зборови или НЕОЛОГИЗМИ. Овие зборови
можат да имаат интернационално или изворно потекло.
а) ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗМИ се меѓународни зборови кои се преземаат директно од друг
јазик. Такви зборови се: компјутер, мандат, коректор, ресторан, мотел и др.;
б) МАКЕДОНСКИ НЕОЛОГИЗМИ се создаваат со наши зборови, односно со нивно
преведување. Такви се: крстозбор, запалка, сметач, пепелник, вработување и др.
Посебен вид на наеологизи се ИНДИВИДУАЛИЗМИТЕ и тие претставуваат авторски
креации, а се користат во поетскиот јазик. Најголем број на вакви зборови користел
поетот Гане Тодоровски во својата поезија.

Лексичкиот фонд според потеклото се дели на две големи групи и тоа:


1. ДОМАШНИ (ИЗВОРНИ) ЗБОРОВИ
Овие зборови постојат исконски во нашиот јазик. Потекнуваат од ПРАСЛОВЕНСКИОТ,
СТАРОСЛОВЕНСКИОТ, ЦРКОВНОСЛОВЕНСКИОТ и на крај од НАРОДНИОТ ЈАЗИК
навлегуваат во македонскиот литературен јазик. Овие зборови ја сочинуваат основата на
јазикот. Посебна група на домашни зборови се ЦРКОВНОСЛОВЕНИЗМИТЕ кои ги има
во делата на Крчовски и Пејчиновиќ.
пр. пришествија, чудеса, дејание и сл.;
2. СТРАНСКИ ИЛИ ТУЃИ ЗБОРОВИ
Овие зборови се употребуваат во многи светски јазици, а кај нас се навлезени на два
начина и тоа:
-непосредно – што значи директно од некој странски јазик (српски, бугарски, турски);
-посредно, а тоа значи под влијание на трет јазик.
Во странски зборови влегуваат:
а) ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗМИ се зборови кои водат потекло од латински и старогрчкиот
јазик. Овие зборови се приспособуваат во јазикот и за кратко време ги чувствуваме како
свои.
пр. оригинален, литература, декан, факултет, култура и др.;
б) ТУРЦИЗМИ – во нашиот јазик турцизми има над 3000 збора. Некои од нив веќе не
постојат и се заменети со наши зборови.
пр) пенџере, абер, кадија, - но постојат и група на турцизми кои што не можеме да ги
замениме.
пр. баклава, ќебап, шербет.
в) ВАРВАРИЗМИ се употребуваат во уметничка литература со доза на стилско
нијансирање. Тоа се имитација на туѓи зборови и по форма и по изговор. Не е
препорачливо да се употребуваат.
пр. чао, хелоу, јес, океј.

Лексиката според формата и според


сферата на употреба
Според формата и сферата на употребата на зборовите разликуваме:

I ОПШТОНАРОДНА ЛЕКСИКА
1. Разговорна лексика во која спаѓаат зборови кои се употребуваат во усна форма.
При говорот не се нарушува нормата и правилата и звучи неофицијално.
2. Книжна лексика ја претставува писмената форма на јазикот. Ја употребуваат
писателите со одреден избор на зборови за создавање на уметничко дело.
3. Поетска лексика ја претставува експресивната и сликовитата страна на еден
јазик.
II ДИЈАЛЕКТНА ЛЕКСИКА
Тоа се зборови кои се употребуваат само на определена територија и со ограничен број
на луѓе.
III ПРОФЕСИОНАЛНА ЛЕКСИКА
Со друго име оваа лексика ја нарекуваме и поинаку и ја знаеме како
професионализми и тие зборови им се познати на луѓе од исти професии.
IV ТЕРМИНОЛОШКА ЛЕКСИКА
Со друго име се нарекуваат термини и служат за точно именување на поими, појави и
предмети од: наука, техника, култура и сл. Тука воглавном преовладуваат
интернационализмите (странските зборови).
V ЖАРГОНСКА ЛЕКСИКА
Овие зборови исто така се наекуваат и жаргони, кои се често и неразбирливи поради
својата неправилност. Во минатото овој вид на зборови ги создале скитниците и крадците
поради личнат заштита и меѓусебно препознавање (дулгерски-јазикот на македонските
ѕидари). Денес нив ги употребуваат уметниците, студентите и учениците. Јазикот
создаден од овие заедници го нарекуваме сленг.

Лексикографија; Основни типови на речници


Лексиката, зборовниот фонд на еден јазик се собира и се подготвува во рамките на
книгите наречени речници. Тие претставуваат основно помагало при изучувањето на
лексичкиот фонд на еден јазик.
ЛЕКСИКОГРАФИЈАТА (lexicon – книга, graphien – пишува) е наука која се занимава со
подготвување и пишување на речници од различен вид.
Таа е, секако, дел од науката за јазикот и е во тесна врска со лексикологијата.
Лексиколошките проучувања ги даваат лексикографските трудови. Според тоа
лексикографијата се занимава со принципите и правилата за составување на речнички
книги. Во нив ги изнаоѓаат, опишуваат, толкуваат и средуваат зборовите. Речникот уште
се нарекува и лексикон или вокабулар. Тоа е книга во која се собрани зборови според
одредени правила и законитости. Тоа можат да бидат зборови од еден или повеќе јазици.
Во зависност од тоа за какви правила станува збор при составувањето на еден речник,
какви се толкувањата и целите, ние разликуваме различни видови речници.На пример,
тие можат да бидат еднојазични, двојазични, повеќејазични, научни и др.

Сите типови речници кои се напишани во светската лексикографија можат да се


поделат во две големи групи и тоа:
I ЕНЦИКЛОПЕДИСКИ РЕЧНИЦИ
Зборот енциклопедија значи образование, односно култура. Енциклопедии
започнале да се пишуваат многу одамна, кога човекот почувствувал потреба да го собере
човековото знаење од областа на науката, културата или уметноста. Станува збор за
обемни трудови каде се даваат исцрпни податоци за одредени поими кои се објаснуваат.
II ЛИНГВИСТИЧКИ РЕЧНИЦИ
Во зависност од тоа дали е собран лексички материјал само од еден или повеќе јазици,
овие речници можат да бидат еднојазични и двојазични.
Еднојазични речници ги делиме на:
1. ТОЛКОВЕН РЕЧНИК е оној речник каде се дадени толкувања на зборовите во еден
јазик преку синоними или пак описно.
2. ЕТИМОЛОШКИ РЕЧНИК дава објаснувања за потеклото на зборовите. Домашните
зборови се објаснуваат со осврт на историските етапи од развитокот на јазикот. Туѓите
зборови се објаснуваат од аспект на временскиот период кога е навлезен тој збор и дали
дошол посредно или непосредно.
3. ДИЈАЛЕКТЕН РЕЧНИК дава преглед на зборови од определена географска област,
наречје или говор.
4. ФРАЗЕОЛОШКИ РЕЧНИК дава преглед на фразеолошките, односно на јазичните
состави.
5. СИНОНИМЕН РЕЧНИК ги дава синонимите во еден јазик, зборови кои се исти или
блиски по своето значење.
6. ОБРАТЕН РЕЧНИК е оној каде се дадени зборови по азбучен ред, меѓутоа напишани
од крајот кон почетокот на зборот.
7. ОНОМАСТИЧКИ РЕЧНИК е речник на разни видови имиња (лични имиња) или на
географски поими.
8. ПРАВОПИСЕН РЕЧНИК со друго име се нарекува ортографски, каде се дава
правилното пишување на еден збор. Во тесна врска со овој речник е ПРАВОГОВОРНИОТ
или ортоепски речник. Во него ни е даден правилниот изговор на зборовите.
9. РЕЧНИК НА ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗМИ е оној каде се толкува значењето на туѓите
зборови во еден јазик кои се заеднички за голем број светски јазици.
Повеќето јазични речници се преводни речници и го објаснуваат значењето на
зборот во друг јазик.

You might also like