Professional Documents
Culture Documents
Komunikaciski Vestini Nadica Ana Tamara
Komunikaciski Vestini Nadica Ana Tamara
Комуникациски вештини
Тема:
КОМУНИКАЦИЈА СО ЛИЧНОСТИТЕ КОИ ИМААТ ОШТЕТЕН ГОВОР
Ментор: Изработиле:
Доц. Д-р Гордана Панова Надица Маневска
Ана Цветанова
Тамара Димова
Оштетувањето на средниот нервен состав предизвикува многу различни и
комплексни оштетувања на комуникацијата. Такви оштетувања можат да се јават
во облик на афазија, неафазички дефицити на јазикот, дизартрија, апраксија
на говорот, мутизмот, а можат да се манифестираат и во други облици.
Изразот ,,afazija“ потекнува од грчките зборови а – без, phasia – говор, што значи
„без говор“. Афазијата претставува стекнато нарушување на комуникацијата што
ја нарушува способноста на индивидуата да процесира јазик, но воедно не мора
да ја афектира интелигенцијата.
Голем предизвик е да се воспостави добра комуникација со болен од афазија.
Афазијата е предизвикана од повреда на мозокот во центарот кој ги обработува
јазичните симболи или во центарот кој ги поврзува мислите и зборовите. Околу
20% од луѓето кои имале инфаркт на мозокот, добиваат повреда на центарот за
говор и тоа води кон афазија. За афазијата се смета и дека е често пати е прв
знак на Алцхајмеровата болест.
Афазијата често пати настанува после повредата во левата мозочна хемисфера
каде што се наоѓаат различните центри за говор. Повредата доведува и до
оштетување на други функции, помеѓу останатите и на центарот за активност на
мускулите на лицето, па се губи изразот на лицето. Кај повеќето тоа доведува до
парализа на десната половина на телото. Обемот на парализата зависи од
големината на повредата.
Да се комуницира со пациенти на кои не им функционира јазикот како средство
за создавање на контакти и мислења, воопшто не е лесно. Кога човекот не може
да се изрази со јазикот, невербалната комуникација е повеќе значајна, отколку во
други ситуации, затоа што невербалната комуникација е единствено средства за
изразување. Преку телесен контакт и движења, преку изразот на лицето и мимики,
како и со допир, можно е да се создаде контакт и да се проследи она што човекот
сака да го каже. Дејствието е тоа што пациентот покажува што ќе се случи и
дејствие кое на него му дава можност да реагира на ситуацијата и да се изрази
така како што тој тоа го разбира. Во однос на овие пациенти најзначајно е прво да
се воспостави добар контакт, а потоа со некое друго дејствие да се проследи она
што сака да се каже.
Со вие пациенти треба да се избегнуваат долги разговори, да им се помогне ако
има тешкотии во пишувањето или усменото изразување, да ги охрабруваме да го
вежбаат тоа што го научиле преку терапијата за говор и да ги пофалиме за
вложениот труд, да ги игнорираме грешките во изразувањето, да поставуваме
прашања на кои се одговара со „да“ или со „не“, да се обезбедат алтернативни
картици со слики и зборови кои означуваат, на пример, „дај ми вода“ (треба да се
консултира логопед).
Третман на кај пациенти со проблеми со говорот и
дисфагија